07/05/2026
Следната недела ќе бидам во Скопје на покaна на Марина Анчевска на втората коачинг конференција што таа ја организира.
Моето учество е со работилница на тема „Поврзување: со себе, со другите и со иднината“.
Поврзувањето е суштински дел на мојата работа со клиентите.
Поврзувањето секогаш почнува од една точка, поврзувањето со себе, како неопходен услов за квалитетни релации со другите.
Човек од самото раѓање е растргнат помеѓу две силни, фундаментални потреби, а тоа од една страна е потребата за автентичност и самореализација, и потребата за припадност од другата.
Уметноста на живеењето е како да ги доведеме овие, навидум конфликтни потреби, во хармонија. Да останеме верни на себе, а истовремено, да изградиме квалитетни релации со другите. Бидејќи нашиот идентитет се обликува низ релации со другите. Но во тие односи, често нашето делување е водено од обрасци што сме ги развиле низ искуствата, а кои не секогаш ни служат. Напротив, нè ограничуваат. Оттука, свесноста за себе ги открива и разобличува тие обрасци.
Ние често во исполнување на потребата за припадност се оддалечуваме од себе, бидејќи антените ни се свртени коон она што „го бара“ околината, а мислиме дека рефлекторите се свртени кон нас да испорачуваме. Тоа не оддалечува од суштински квалитетен однос со себе и сопствената автентичност. „Моделирањето“ според она што го бара околината или другите доведува нашето автентично јас да венее отфрлено. И она „јас“ што го градиме за околината да не прифати, дури и да добие потврда, не носи вистинско исполнување бидејќи тие емоции се насочени кон некого, кој не сме целосно ние.
Од јакнењето на односот кон себе почнуваат изборите и одлуките. Од таму почнува авторството. Да го живееме животот како автори, а не како актери во туѓи сценарија.
Потоа е работа на релација со другите, која главно вклучува развој на емоционалната интелигенција: да чувствуваме, да се регулираме, да сочувствуваме., и комуницираме кон меѓусебно разбирање.
Поврзувањето со иднината пак е моќ не само на стратешко планирање, туку и на јакнење на нашата отпорност во свет кој е динамичен, неизвесен и кој постојано се менува.
📍Повелете, настанот е на 21 мај во хотелот Александар Палас.