20/03/2023
Независност?
Не може да биде независен човек, ако јаде туѓ леб, од туѓа пченица, ако пие вино од туѓо лозје, ако треба да моли за млеко од туѓо стадо.
Не може човек од Македонија да биде независен човек, ако јаде леќа од Канада, салата од Шпанија, сливи од Бангладеш, грав од Азербејџан, ориз од Кина...
За независност можеа да зборуваат само малите селски домаќинства кои денес ги има малку но некако свесните луѓе почнуваат да ги обновуваат.
Не е поентата колку можеш да купиш, туку колку произведуваш и тоа ти дава можност да не купуваш. Луѓето што ги имаа тие домаќинства, не беа зависни од маркети, синџири, фабрики, прекупци и трговци. Во продавница одеа по шеќер, сол и газија.
Ајде сите да се запрашаме како ќе живееме ако само на 24 часа не работат маркетите, немаме струја и немаме вода од водовод. Зависни сме или независни?Со зависен народ нема независна држава.
Да се разбереме, за крајна независност не можеме да зборуваме, ама можеме да целиме кон повисок степен на независност кој се постигнува преку соптвеното производство на храна.
Човек што си ги познава грутките во сопствената градина и ја знае цената на секоја капка пот, тој може да си ја сака татковината.
Овие луѓе на фотографииве се моите побратими, кои ја љубат земјата своја, ги љубат своите рамници, своите планини, езера и стада. Луѓе што копаат, садат, пасат кози, месат, печат, прават зимници, учат деца да говорат на мајчин јазик, пишуваат песни, прават фотографии. Тие се луѓе домаќини, што со и со збор и со дела ја сакаат Македонија. Ги љубам од Раштак до Охридско езеро. ♥️
Инаку, ајде да се освестиме што повеќе па по неколку години од срце да си ја честитаме независноста на Македонија. Ве љубам. Градинарски поздрав♥️
Пирустија Неданоски Kozi mleko planina Sezer's Organic Farm