17/04/2026
🌈Шаренило во чинијата: Зошто е важно да конзумирате разнобојни намирници
✨👩⚕Фитонутриентите се природни соединенија којшто се наоѓаат во растителната храна и се одговорни за нејзината боја и вкус.
🩺🧬Иако не се есенцијални како витамините и минералите, тие имаат огромна улога во одржувањето на здравјето, бидејќи делуваат како моќни антиоксиданси и помагаат во заштита на клетките од оштетување.🔬
🌈Различните бои во овошјето и зеленчукот укажуваат на присуство на различни типови фитонутриенти, а секој од нив има специфично дејство во организмот. Кога се храните разновидно и внесувате повеќе бои, не внесувате само различни хранливи материи, туку тие работат заедно за да го зајакнат имунитетот, да го намалат ризикот од хронични болести и да го подобрат целокупното функционирање на организмот. 💪
⚖ Балансираната исхрана не се сведува само на избегнување одредени намирници, туку на свесно избирање на разновидна, шарена храна. Колку повеќе бои има во вашата чинија, толку поширок спектар на фитонутриенти му обезбедувате на вашето тело, а со тоа и подобра долгорочна заштита и здравје. 💪
💁♀️Обидете се да вклучите што е можно поразновидни зеленчуци и овошја во вашите оброци. Различни здравствени придобивки има секоја боја и ниедна не е супериорна во однос на друга, па затоа најважно е да внесувате што поразнобојна исхрана.✨
#шарениоброци #здравахрана #придобивки #здравјетопредсѐ #нутриционист #нутриционистмк