Соња Стаменкова градоначалник на Општина Македонска Каменица

Соња Стаменкова градоначалник на Општина Македонска Каменица 35 години од досегашниот работен век е работа со луѓе во областа на физичкото и менталното здравје.

Изминатите два дена ги посетивме Крижевци, Копривница и Нов Загреб во Република Хрватска, каде имавме можност да видиме ...
10/05/2026

Изминатите два дена ги посетивме Крижевци, Копривница и Нов Загреб во Република Хрватска, каде имавме можност да видиме различни успешни примери на локален и одржлив развој.
Во Крижевци ни беа презентирани моделите за граѓанска енергија и енергетска транзиција, како и улогата на OSS („one stop shop“) пристапот преку организацијата КРИК, која активно ги поддржува граѓаните и локалните иницијативи во процесот на транзиција.
Во Копривница видовме одличен пример на синергија помеѓу гигантот во прехранбената индустрија -Подравка и развојот на малите и средни претпријатија, како и пример за самooдржливо јавно комунално претпријатие. Особено интересен беше сегментот каде од коприва се изработуваат смути производи, колачи и чоколади – уште еден доказ како локалните ресурси можат да добијат додадена вредност преку иновативен пристап.
Го посетивме и Нов Загреб, каде ни беше претставен проектот „Урбана градина“ – одличен пример за урбано земјоделство и вклучување на граѓаните. Преку овој проект, жителите добиваат земјиште без надоместок и имаат можност да одгледуваат зеленчук за сопствени потреби, градејќи поздрава, поодржлива и поцврсто поврзана заедница.
Овие примери покажуваат дека одржливиот развој не е само стратегија на хартија, туку реален процес кој носи конкретни придобивки за луѓето и локалните заедници.
Благодарност за Friedrich Ebbert Stiftung кои ни овозможија да ја реализираме оваа студиска посета.

💚 Денес во Македонска Каменица се реализираше акцијата „Викенд генералка“, преку која граѓани и вработени заеднички прид...
09/05/2026

💚 Денес во Македонска Каменица се реализираше акцијата „Викенд генералка“, преку која граѓани и вработени заеднички придонесоа за почиста и поуредена околина. 🌿

Со посветеност, добра волја и чувство на одговорност беше испратена убава порака дека грижата за животната средина е обврска на сите нас.

Секоја ваква иницијатива значи чекор напред кон почиста, поубава и посовесна заедница.

Благодарност до сите кои денес се вклучија и дадоа свој придонес за Македонска Каменица. 💚

Заедно со советничките во Советот на Општина Македонска Каменица, Адријана Пауновска Спасевска и Валерија Стојановска во...
09/05/2026

Заедно со советничките во Советот на Општина Македонска Каменица, Адријана Пауновска Спасевска и Валерија Стојановска во Велење, Република Словенија, имавме можност одблиску да се запознаеме со процесите на праведна транзиција – тема која и нас нѐ очекува во годините што следат.
Презентацијата беше одржана во општината, каде остваривме средба со тимот задолжен за прогресивните процеси и развојните политики на градот.
Посебен впечаток остава начинот на кој Велење се подготвува за постепена трансформација на економијата, додека рудникот за лигнит сѐ уште функционира.
Паралелно се развиваат мали и средни претпријатија, езерски и бањски туризам, со јасна цел – зачувување на работните места и создавање нови можности за граѓаните.
Го посетивме и рударскиот музеј, изграден во еден од поранешните подземни копови, каде се спуштивме во јамите на длабочина од околу 160 метри. Тоа беше силно и автентично искуство кое најдобро ја доловува тежината на рударската работа, но и значењето на транзицијата што треба да обезбеди сигурна иднина за луѓето и заедниците кои со децении живееле од оваа индустрија.
Оваа студиска посета ни ја овозможи Friedrich Ebert Stiftung, на што искрено сме благодарни.

Започнавме со прочистување на зафатите за вода на Стара Каменица и Дулица, по подолг период во кој не беа реализирани ак...
08/05/2026

Започнавме со прочистување на зафатите за вода на Стара Каменица и Дулица, по подолг период во кој не беа реализирани активности за нивно одржување и уредување.

Овие теренски активности се од особено значење за подобрување на водоснабдувањето и обезбедување поквалитетна и посигурна вода за жителите на општина Македонска Каменица.

Истовремено, интензивно работиме и на подготовките за повторно ставање во функција на филтер станицата, која подолг временски период беше надвор од употреба.

Чекор по чекор, решаваме проблеми кои со години беа оставени без конкретни решенија и внимание. Продолжуваме посветено и одговорно да работиме на подобрување на условите за живот, со јасна цел – стабилно, сигурно и квалитетно водоснабдување за сите жители на општина Македонска Каменица.

По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, упатувам искрени честитки до сите припадници на Министерството за внатр...
07/05/2026

По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, упатувам искрени честитки до сите припадници на Министерството за внатрешни работи, со благодарност за нивната посветена, одговорна и професионална служба.

Да се биде полицаец значи секојдневно да се носи голема одговорност, да се штитат граѓаните, јавниот ред и мир и да се биде прв во моменти кога е најпотребно. Вашата храброст, пожртвуваност и подготвеност заслужуваат искрена почит.

Вие сте важен столб на безбедноста и стабилноста на нашето општество, а вашата улога е од непроценливо значење за сигурноста на сите граѓани.

Ви посакувам добро здравје, успех и безбедна служба и во иднина.

Нека е честит 7 Мај – Денот на македонската полиција! 👮🇲🇰

Денес во СОУ „Миле Јаневски-Џингар“ во Македонска Каменица беше успешно реализирана тактичко-показна вежба на ТППЕ Макед...
06/05/2026

Денес во СОУ „Миле Јаневски-Џингар“ во Македонска Каменица беше успешно реализирана тактичко-показна вежба на ТППЕ Македонска Каменица, посветена на евакуација, спасување и гасење пожар.

Преку симулација на реална ситуација, беше демонстрирана подготвеноста, брзата реакција и координацијата на противпожарната единица, со што се потврди нивната професионалност и посветеност во заштитата на граѓаните.

Ваквите активности се од исклучително значење за подигање на свеста и подготвеноста кај учениците и вработените, како и за јакнење на безбедносната култура во образовните институции.

Како локална самоуправа, продолжуваме да вложуваме во безбедноста и сигурноста на нашите граѓани.

Изразувам искрена благодарност до ТППЕ Македонска Каменица за нивната пожртвуваност и професионален ангажман.

Започна бетонирањето на потпорниот ѕид на срушениот дел од локалниот пат кон село Цера, во Тачовско маало.Со оваа фаза о...
06/05/2026

Започна бетонирањето на потпорниот ѕид на срушениот дел од локалниот пат кон село Цера, во Тачовско маало.

Со оваа фаза од реконструкцијата се врши стабилизација на теренот и целосна санација на оштетениот коловоз, како и изградба на потпорен ѕид, со што се решава сериозен проблем за жителите, настанат по извршен ископ без соодветен проект од претходната локална власт.

Проектот има за цел да обезбеди поголема безбедност и сигурност на овој патен правец.

Со неговата реализација се овозможува побезбедно и полесно движење, подобра поврзаност, како и поквалитетен пристап до домовите и земјоделските површини на жителите.

Продолжуваме посветено да работиме за подобра инфраструктура и поквалитетен живот во Општина Македонска Каменица.

Младите се движечка сила на промените! 💪Планската игра „Локална самоуправа“ уште еднаш покажа дека кога на младите им се...
05/05/2026

Младите се движечка сила на промените! 💪

Планската игра „Локална самоуправа“ уште еднаш покажа дека кога на младите им се дава простор да учат, прашуваат и предлагаат решенија – тие знаат како да бидат гласни, креативни и активни.

Во изминатите два дена, средношколци од Македонска Каменица имаа можност одблизу да се запознаат со функционирањето на локалната власт, нејзините надлежности и процесот на донесување одлуки што директно влијаат врз секојдневниот живот.

Имав чест да бидам дел од оваа работилница заедно со политикологот Тоше Зафиров и поранешниот градоначалник на Валандово, Перо Костадинов, и да ги охрабрам младите активно да се вклучат во развојот на својата заедница.

💬 „Вашите идеи се важни и токму вие сте генерацијата која треба да носи позитивни промени за сите.“

Преку интерактивна работа, симулации и практични примери, учениците стекнаа знаења за улогата на општината, градоначалникот, советот и администрацијата, како и за значењето на нивното активно учество.

Ќе продолжам да ги поддржувам младите, затоа што верувам дека токму тие се иднината на Македонска Каменица. 🌱

💚 Да ја направиме Македонска Каменица почиста и поубава!Во сабота организираме викенд генералка и ги покануваме сите гра...
05/05/2026

💚 Да ја направиме Македонска Каменица почиста и поубава!

Во сабота организираме викенд генералка и ги покануваме сите граѓани, волонтери и љубители на природата да ни се придружат во оваа заедничка акција.

📍 Збирно место: ЈП Камена Река
🕗 Време: 08:00 часот (сабота)
🚶 Од таму, заедно одиме на терен и даваме личен придонес за почиста околина.

Секој е добредојден – понесете добра волја и позитивна енергија! 💚

#Волонтирај #ЧистаОколина

Денес одбележуваме 123 години од смртта на великанот Гоце Делчев – човекот кој со својата мисла, визија и пожртвуваност ...
04/05/2026

Денес одбележуваме 123 години од смртта на великанот Гоце Делчев – човекот кој со својата мисла, визија и пожртвуваност остави длабок печат во македонската историја.

Неговото дело не е само дел од минатото, туку жива инспирација и денес. Делчев веруваше во слободата како највисока вредност, во единството како сила и во иднината што се гради со храброст и одговорност.

Како идеолог и организатор на револуционерното движење, тој го постави темелот врз кој се градеа стремежите за независна и слободна Македонија. Неговата порака за светот како поле за културен натпревар на народите и денес има силно значење.

Да го чуваме споменот, да ги негуваме вредностите и да продолжиме по патот што го трасираше.

Вечна му слава! 🇲🇰

Први мај не е ден за формални честитки, туку за потсетување дека работничките права се стекнати со борба, а не со добра ...
01/05/2026

Први мај не е ден за формални честитки, туку за потсетување дека работничките права се стекнати со борба, а не со добра волја.
Овој ден треба да нè поттикне искрено да се запрашаме – дали условите за работа се подобруваат, дали трудот се вреднува, и дали достоинството на работникот е навистина заштитено.
Во време кога многумина сè уште се соочуваат со несигурност, ниски примања и недоволна заштита, Први мај не смее да биде само симболика. Тој треба да биде повик за одговорност и конкретни чекори.
Почитта кон трудот се покажува со системски решенија, со фер политики и со вистинска грижа за луѓето што го носат општеството напред.
Нека Први мај биде потсетник дека борбата за правата на работниците не е завршена – и дека сите имаме обврска да придонесеме таа да продолжи во вистинска насока.

Честит Први Мај!

Address

Ilindenska 58
Makedonska Kamenica
2304

Telephone

+38978431642

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Соња Стаменкова градоначалник на Општина Македонска Каменица posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Соња Стаменкова градоначалник на Општина Македонска Каменица:

Share