
12/03/2023
Водата е од суштинско значење за животот и има голем број на поволни дејства врз човековото тело. Хидротерапијата како дел од физикалната медицина и рехабилитација се користи како метод на лекување уште од најмала возраст,овозможувајќи уживање,но и бројни здравствени придобивки кај бебињата.
Водата им помага на бебињата да се движат полесно уште со самата имерзија на телото во водата, намалувајќи го дејството на Земјината тежа и подобрувајќи ја рамнотежата.
Движењето во водата позитивно влијае на дигестивниот и циркулаторниот систем. Подобрување на постурата, превенца на деформитети во детската возраст, правилен развиток на мускулатурата, како и јакнење на истата. Помага вашето бебе да јаде повеќе и да има подобар сон.
Закажете го Вашиот термин на 077-987-860 , или на нашата веб страна, а ние ќе се погрижиме Вие и вашето бебе имате незаборавен Baby Spa третман.
Ве очекуваме !!!