New Nutritionism

New Nutritionism Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from New Nutritionism, Nutritionist, Ulica Makedonija Luj Paster br. 5, North.

Центар за здрав начин на исхрана!

• Изработка на индивидуални програми за здраво намалување на телесна маса
• превенција и поддршка при разни видови заболувања
• поддршка и третман при зголемена телесна маса кај деца
• закажете консултација на 078/308816

Улогата на тироидната жлезда и Hashimoto во неплодност Тироидните хормони го контролираат целиот репродуктивен систем: о...
22/11/2025

Улогата на тироидната жлезда и Hashimoto во неплодност

Тироидните хормони го контролираат целиот репродуктивен систем: овулација, циклус, имплантација и хормонска регулација.

Кога TSH, T3 и T4 се надвор од баланс:

• Овулацијата може да биде нередовна или да изостане
• Може да се појави пократка лутеална фаза
• Поголем ризик од спонтан абортус
• Нарушена функција на жолто тело = низок прогестерон

Hashimoto (автоимуно):
• Често е придружено со воспаление, замор, анемија и нарушена конверзија на T4 → T3
• Може да влијае врз циклусот, квалитетот на јајце-клетките и имплантацијата

💡 Жените со Hashimoto често имаат проблеми со:
• Дефицит на витамин D
• Ниско железо и феритин
• Инсулинска резистенција
• Повисок пролактин

✨ Контрола на тироидните хормони + антиинфламаторна исхрана се основа за подобрување на плодноста.

Доколку и ти се бориш и измачуваш со ваков проблем, не се двоумиш- закажи ја твојата консултација со нутриционист!

Како исхраната влијае на јајниците и менструалниот циклусИсхраната директно влијае на хормоните, овулацијата и здравјето...
20/11/2025

Како исхраната влијае на јајниците и менструалниот циклус

Исхраната директно влијае на хормоните, овулацијата и здравјето на јајниците. Неколку механизми се најважни:

- Шеќер и инсулин – прекумерниот внес на шеќер и рафинирани јаглехидрати го зголемува нивото на инсулин, што може да го наруши балансот меѓу LH/FSH → неуредна овулација, ПЦОС.

- Здрави масти (Омега-3) – го намалуваат воспалението, го поддржуваат созревањето на фоликулите и балансирање на хормоните.

- Протеини – важни за синтеза на хормони, стабилен циклус и регулација на шеќер.

- Микронутриенти – Цинк, магнезиум, Б-витамини и железо се клучни за овулација и хормонска регулација.

- Воспаление – Преработена храна и транс-масти го зголемуваат воспалението кое го нарушува оваријалното здравје.

✨ Балансирана исхрана со зеленчук, протеини, добри масти и стабилен шеќер е основа за здрав циклус.

Важноста на телесната маса и стресот за плодноста Телесна маса И прекумерната и премала телесна маса можат да ја нарушат...
19/11/2025

Важноста на телесната маса и стресот за плодноста

Телесна маса

И прекумерната и премала телесна маса можат да ја нарушат плодноста:
• Вишок масно ткиво - зголемено ниво на естроген, инсулинска резистенција, нередовна овулација
• Премалку масно ткиво - низок естроген, недоволна овулација, нарушен циклус

Дури 5–10% намалување на телесната маса кај жени со прекумерна маса може значително да ја подобри овулацијата.

Стрес

Хроничниот стрес го зголемува кортизолот кој пак влијае врз:
• овулацијата
• хормонскиот баланс
• либидото
• квалитетот на сперматозоидите

Стресот не е „во глава“ – тој реално може да стопира овулација.

✨ Балансирана исхрана, доволен сон, умерена физичка активност и техники за релаксација се клучни за здрав репродуктивен систем.

Како да препознаеш хормонален дисбаланс?Хормоните се „диригенти“ на целиот репродуктивен циклус. Кога нешто не е во рамн...
18/11/2025

Како да препознаеш хормонален дисбаланс?

Хормоните се „диригенти“ на целиот репродуктивен циклус. Кога нешто не е во рамнотежа, телото дава сигнали:

- Нередовен циклус (под 24 или над 35 дена)
- Многу обилни или многу слаби менструации
- Акни, масна кожа, појава на влакна околу брада/стомак
- Нагли промени во тежина
- Ниско либидо
- Хроничен замор, раздразливост
- Опаднато расположение, анксиозност
- Проблеми со спиењето
- Проблеми со овулацијата (немање или ретка овулација)

✨ Ако имаш барем неколку од овие симптоми редовно – препорачливо е да се проверат тироидни хормони, пролактин, полови хормони (FSH, LH, AMH, естрадиол, прогестерон) и инсулин.

И секако без дилема закажи си консултација со нутриционист.

Термините за декември се при крај.
Обезбеди го твојот на време.

Мр. Билјана Ристеска
Дипломиран нутриционист

Разлика меѓу примарна и секундарна неплодностПримарна неплодност→ Кога парот никогаш претходно не имал бременост (без ра...
17/11/2025

Разлика меѓу примарна и секундарна неплодност

Примарна неплодност
→ Кога парот никогаш претходно не имал бременост (без разлика дали е завршена со раѓање).
Ова значи дека бременоста не се случила ниту еднаш, и покрај 12 месеци редовни, незаштитени односи.

Секундарна неплодност
→ Кога барем една бременост постоела во минатото, но сега нема успех во зачнување.
Ова може да се случи и по природно раѓање, и по спонтан абортус или вонматерична бременост.

💡 И двете форми бараат подеднакво внимание, бидејќи причините може да се појават во текот на времето — хормонални промени, воспаленија, возраст, стил на живот.

Како и да е.
Третманот за исхрана и промена на животните навики во поглед на истата треба да започне веднаш при појава или дијагноза на симптомите или состојбата.

Секогаш во чекор со моите пациенти.
Гордост и среќа се сите зачнати, но и живородени бебиња до денес.

Ви благодарам на довербата мили мои 🙏

Што всушност значи неплодност?Неплодноста не значи „неможност да се има деца“ — туку медицински термин кој опишува состо...
16/11/2025

Што всушност значи неплодност?

Неплодноста не значи „неможност да се има деца“ — туку медицински термин кој опишува состојба кога парот не успева да постигне бременост:
🔹 По 12 месеци редовни, незаштитени односи кај жени под 35 години
🔹 По 6 месеци кај жени над 35 години
Важно е да се разбере дека неплодноста е симптом, а не болест. Таа може да биде резултат на различни фактори:
• Хормонален дисбаланс
• Проблеми со овулацијата
• Намален број или подвижност на сперматозоиди
• Проблеми со тироидната жлезда
• Ендометриоза, ПЦОС
• Возраст
• Стрес, животен стил, исхрана

✨ Со современа медицина, навремена дијагностика и промени во животниот стил – голем дел од паровите успеваат да постигнат здраво зачнување.

Направете промена, одберете здрав начин на исхрана и квалитетен животен стил.

Закажете го вашиот термин пред да си кажете: "требаше да направам промена пред..." или "тогаш можев, а сега...".

Да се посветиме на сопственото здравје и духовен мир пред да биде доцна за тоа. Да превенираме и спречиме пред да има по...
15/11/2025

Да се посветиме на сопственото здравје и духовен мир пред да биде доцна за тоа.
Да превенираме и спречиме пред да има потреба од третман и лекување.

Инвестицијата во себе е бесценета!
Единствено таа е вистински вредна и враќа со бенефит.

Темата која ќе ја разработувам периодов дојде спонтано.
Поттикната од пациенти кои се соочуваат со неплодност од различни причини.

Да се поддржиме и си помогнеме.

Не се двоумете и не ја одложувајте средбата со нутриционист.
Ќе научите зошто ДА или зошто НЕ за многу нешта.
Ќе научите КАКО и КОГА.
Ќе си заминете побогати со знаење и нови навики кои не се менуваат.

Кога личната сила се сретнува со јавната политика: зошто сега е време за здрави промени?ВоведВо Македонија, како и во мн...
19/10/2025

Кога личната сила се сретнува со јавната политика: зошто сега е време за здрави промени?

Вовед
Во Македонија, како и во многу други земји, бројките на луѓе со прекумерна телесна маса и со здравствени проблеми како замастен црн дроб, дијабетес и други хронични болести, се во пораст. Според Global Nutrition Report, околу 24 % од жените и 25 % од мажите се со прекумерна телесна маса или дебелина.
Ситуацијата не е само прашање на поединец, туку и на систем: исхраната, животниот стил, пристапот до здравствена грижа, законодавството и јавните политики - сите играат значајна улога.

Што се случува сега
• Политиките кои се насочени кон борба против дебелината и подобрување на исхраната се сѐ повеќе приоритет. Една таква акција е документот на WHO: Nutrition, physical activity and obesity in North Macedonia: from data to policy action, кој ги истражува сегашните состојби и потенцијалните интервенции.
• Македонија има водич за исхрана од Институтот за јавно здравје, усвоен од Министерството за здравство, со препораки како: избор на интегрални житарици, повеќе свеж зеленчук и овошје, намалување на консумација на преработена храна и шеќери, користење помалку сол и масти.
• Исто така, има зголемено интересирање и побарувачка за активна нутриција (sports nutrition, functional foods, dietary supplements) — луѓето сѐ повеќе сакаат продукти кои помагаат за подобро здравје, енергија, и поддршка на телото, не само краткорочно слабеење.

Зошто е ова важно сега
• Кога бројот на луѓе со прекумерна телесна маса расте, здравствените системи се оптоварени: лечење на хронични болести, лекови, хоспитализации.
Превенција преку здрава исхрана и нормална тежина може да ги намали овие трошоци, и да го подобри квалитетот на живот.
• За поединецот, промените не мора да се радикални: постепено намалување на преработена храна, повеќе влакна и протеини, повеќе вода, редовно движење — овие се избори што носат резултати ако се зачуваат на подолг рок.
• Политиките можат да помогнат со создавање на поддршка: регулирање на реклами за нездрава храна, подобрување на училишни оброци, промоција на здрави и локални производи, субвенции за здрава храна, едукација на јавноста.

Продолжува во коментар.

Зошто преработената храна е тивок непријател за килограмите и здравјето? Во Македонија, секојдневно се  среќаваме со хра...
18/10/2025

Зошто преработената храна е тивок непријател за килограмите и здравјето?

Во Македонија, секојдневно се среќаваме со храна како: паштети, виршли, салами, бели пецива, грицки, индустриски добиени колачи, слатки и газирани пијалоци.
Сите овие спаѓаат во категоријата ултра-обработена храна (UPF) – вкусна, практична, но полна со скриени шеќери, нездрави масти и адитиви.

👉 Најновите истражувања покажуваат дека луѓето кои главно се хранат со ваква храна потешко слабат, иако внесуваат иста количина калории како оние што јадат свежи, минимално обработени намирници.
Причината?
Недостаток на влакна, побрзо варење и чувство на глад, како и складирање масти, особено во црниот дроб.

✔ Што можеш да направиш?

• Наместо салама, избери месо или риба.
• Наместо бело лепче, избери интегрален или леб без брашно, овесен, 'ржан или спелтин леб.
• Наместо чипс, земи јатки или свежо овошје.
• Наместо индустриски сок, испиј чаша вода или домашна лимонада.

Едноставни замени, но со големо влијание врз тежината, енергијата и здравјето.

✨ Македонија има богатство од свеж зеленчук, овошје и традиционални јадења што можат да бидат многу поздрава верзија од фабричките алтернативи.
Само треба да избереме свесно.
Свесноста е патот кон добро здравје!

Зошто преработената храна е тивок непријател за килограмите и здравјето? Во Македонија, секојдневно се  среќаваме со хра...
18/10/2025

Зошто преработената храна е тивок непријател за килограмите и здравјето?

Во Македонија, секојдневно се  среќаваме со храна како: паштети, виршли, салами, бели пецива, грицки, индустриски добиени колачи, слатки и газирани пијалоци.
Сите овие спаѓаат во категоријата ултра-обработена храна (UPF) – вкусна, практична, но полна со скриени шеќери, нездрави масти и адитиви.

👉 Најновите истражувања покажуваат дека луѓето кои главно се хранат со ваква храна потешко слабат, иако внесуваат иста количина калории како оние што јадат свежи, минимално обработени намирници.
Причината?
Недостаток на влакна, побрзо варење и чувство на глад, како и складирање масти, особено во црниот дроб.

✔ Што можеш да направиш?

• Наместо салама, избери месо или риба.
• Наместо бело лепче, избери интегрален или леб без брашно,  овесен, 'ржан или спелтин леб.
• Наместо чипс, земи јатки или свежо овошје.
• Наместо индустриски сок, испиј чаша вода или домашна лимонада.

Едноставни замени, но со големо влијание врз тежината, енергијата и здравјето.

✨ Македонија има богатство од свеж зеленчук, овошје и традиционални јадења што можат да бидат многу поздрава верзија од фабричките алтернативи.
Само треба да избереме свесно.
Свесноста е патот кон добро здравје!

Среќа е да си среќен кога работиш. Среќа е да ги правиш другите луѓе среќни.Среќа е да си живСреќа е да си здрав. Превзе...
30/09/2025

Среќа е да си среќен кога работиш.
Среќа е да ги правиш другите луѓе среќни.
Среќа е да си жив
Среќа е да си здрав.

Превземи чекор додека не е доцна.

Среќата е во секој од нас.
Не и вртете грб - смело погледнете и во очи!

А за сите оние кои имаат минутка плус, линкот во прилог.

Голем поздрав и благодарам до сите мои досегашни пациенти.
Заради вас сум јас - јас.

Велат, човек учи додека е жив - ви благодарам што ми ја дадовте и давате таа можност
Заедно да учиме и се поддржуваме.
Секогаш за и кон подобро.♥️🙏💕🍀

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fzenskimagazin.faktor.mk%2Fmrzlivi-sme---posegnuvame-po-suplementi-bidejkji-toa-e-polesniot-nachin-da-vneseme-nekoj-marko-ili-mikro-element-razgovor-so-nutricionistkata-biljana-risteska-&h=AT1tmFZPt7khdzxrNrmCFOvTjERabAq3e7AKsTK2W-JidYzYzZalimPuvjA8518osdhoTfOTTmPlgrX-iBqYds3A2baPEtdBMc9IcDOnlkp1VbbJYF7pHY4Tqd09QDk&s=1

🍂 Есен– време на нов почеток-  направете позитивни промени за телото и духот Есента не е само промена во природата, туку...
23/09/2025

🍂 Есен– време на нов почеток-  направете позитивни промени за телото и духот

Есента не е само промена во природата, туку и во нас.
Со секое жолто ливче што паѓа, само се потсетуваме дека и нашето тело заслужува нов циклус на грижа и обновување. Овој период носи богата палета на сезонски плодови – тиква, грозје јаболка, круши, мушмули, дренки, дуњи, костени, ореви – кои не само што се вкусни, туку и совршено превенираат заболувања на црниот дроб, срцето и го зајакнуваат имунитетот.
Во свежите утрински прошетки, додека воздухот носи мирис на дожд и земја, вреди да се сетиме дека есента е идеално време да направиме мал "пресврт" во исхраната.
Наместо рафинирани шеќери и "тешка" храна, да му подариме здрави протеини, здрави масти и влакна кои ќе ја одржат енергијата стабилна и ќе помогнат во одржување на добога здравје, но и намалување на некој килограм доколку има потреба.

Започнете го денот со солен појадок – омлет од белки со зеленчук или топол тост од интегрална тортиља со авокадо.

За ужина изберете јаболко со неколку ореви, а ручекот нека биде лесен, но хранлив – телешко месо или риба со сезонска салата.

Есента е тука за да нè научи дека секоја промена е шанса. Како што природата се подготвува за ново раѓање, така и ние можеме да ја искористиме оваа сезона за да изградиме поздрави навики и да ја зајакнеме својата внатрешна рамнотежа.

✨ Оваа есен, нека вашиот избор биде здравје.

Address

Ulica Makedonija Luj Paster Br. 5
North
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when New Nutritionism posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to New Nutritionism:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category