24/04/2026
❓Колку пати сте го одложиле чувството на радост, мир или одмор зашто сте мислеле дека прво морате да ги исполните туѓите очекувања? Познато нели??
❗ЗАПОМНИ: Ако секогаш ги ставаш туѓите потреби пред своите или “трчаш кон совршенство”, наместо реално, си предизвикуваш чувство на вина и незадоволство. Можеби и веќе го имаш она што го сакаш, но недоволно го цениш зашто не е во склад со очекувањата кои твоето внатрешно дете ги формирало пред многу години, но и ти со многуте очекувања и понатаму робуваш и несвесно ги ставаш пред она што си навистина и она што ти е потребно. Чувството на исполнетост и самодоверба не доаѓа од исполнување на очекувањата на другите, туку низ автентичните искуства кои ги храниш за себе.