Медицина заснована на докази - Evidence based medicine
12/02/2026
Од денес во нашата ✅️СПЕЦИЈАЛИСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА🧪 со ✴️НОВ🆕️ Fluorescent IMMUNOASSAY БИОХЕМИСКИ АНАЛИЗАТОР🆕️.
Продолжуваме инвестирајќи во тоа што за нашите пациенти е најскапоцено - ЗДРАВЈЕТО 🛡🩺♥️
Тука сме за Вас - се на едно место - ♥️ПОЛИКЛИНИКА "КАРДИОЛАБ МАЏАРОВ" Охрид♥️
31/12/2025
21/11/2025
Добрите, кротките и ведри по дух никогаш не се забораваат. Несамо што несебично ни ја подаривте Вашата стручност, но уште повеќе од тоа - ни подаривте пример како најдобро се минува и напредува со вера во Бога. Ни беше чест што работевме со Вас и што повеќе од 1 деценија бевте дел од нашиот тим. Почивајте во Мир Почитувана Д-р Вангелица Мангу, Господ нека Ви дарува Царство Небесно!
Најискрено сочувство до семејството 🙏
17/10/2025
Во чекор со најновите методи во биохемиската дијагностика, од денес нашата СПЕЦИЈАЛИСТИЧКА БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА започна со работа со новиот имунохемиски анализатор Lifotronic ECL 8000.
Апаратот овозможува брза, точна и прецизна анализа на бројни анализи:
🧪туморски маркери;
🧪репродуктивни хормони;
🧪тироидни хормони;
🧪инфективни маркери;
🧪маркери за анемија;
🧪витамини;
🧪срцеви маркери
🧪гинеколошки и маркери за бременост
🧪и бројни други параметри
Се на едно место, Тука сме за Вас!
Поликлиника Кардиолаб Маџаров
📍Бул.Туристичка 45 Охрид
📞046 272 427
07/10/2025
07/10/2025
Почитувани,
Во тек е пријавувањето за вакцинација против сезонски грип.
Со кликнување на подолунаведениов линк можете да се пријавите и да очекувате термин за вакцинација.
KOLORDOPPLER EHO na SRCE - pregled izvrsen kaj nas so prikaz na PROLAPS na preden MITRALEN ZALISTOK kaj 69god. pac. so srceva aritmja.
25/07/2025
ЛАБОРАТОРИЈАТА останува со истото работно време од 07:30 до 15:30 ч во деновите од понеделник до петок (освен во период од 04.08.2025 до 14.09.2025 во кој период САБОТИТЕ ќе бидат неработни и за лаборат.)
Be the first to know and let us send you an email when Poliklinika "Kardiolab Madzarov" posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.
Contact The Practice
Send a message to Poliklinika "Kardiolab Madzarov":
Не постои поголемо задоволство од чувството дека некому сте му помогнале. Уште поголемо задоволство е чувството дека тоа сте го сториле на високостручен и целосно професионален начин, на начин на кој се темели медицината, поточно медицината заснована на докази кој принцип е основен принцип на нашето работење. На ваков начин, грижејки се за Вашето здравје уште од минатата година навлеговме во вторатата деценија од почнувањето со работа на нашата здравствена установа која е основана на 15.септември 2009 год.
Нашата Поликлиника нуди широка палета на високо квалитетни здравствени услуги од областа на примарната и секундарната здравствена заштита. Од секундарната специјалистичко консултативна зздравствена заштита нудиме широка палета на здравствени услуги односно комплетна неинвазивна дијагностика и амбулантско - поликлинички третман на заболувањата на внатрешните органи, срцето и крвните садови, заболувањата на стомачните органи, бубрезите и уротрактот, штитната жлезда, алергиските заболувања , додека во склоп на примарната здравствена заштита нашата Поликлиника е прва во регионот во која функционира првата приватна специјалистичка ординација по медицина на трудот која нуди високостручна превентива во контекст на систематски менаџерски и други превентивно-професионални прегледи. Истотака во склоп на примарната здравствена заштита функционира нашата Организациона единица по Општа медицина со 2 Ординации по Општа медицина и тоа една во Охрид и една руралната амбуланта во с.Курајца при во чиј склоп досега најскапоценото нешто- здравјето- ни го довериле околу 2000 матични пациенти кои имаат извршено избор на матичен лекар во нашата Поликлиника.
ПЗУ ПОЛИКЛИНИКА "КАРДИОЛАБ МАЏАРОВ" ја сочинуваат вкупно 4 Организациони единици:
1. ИНТЕРНА МЕДИЦИНА со КАРДИОЛОГИЈА- во која организациона единица се вршат бројни неинвазивни дијагностички процедури и тоа:
КолорДоплер Ехо на срце
КолорДоплер Ангиодинографија на крвни садови на раце и нозе
Транскранијална Колор Доплер Ангиодоинографија на мозочни артерии
Колор Доплер Ангиодоинографија на каротидни и вертебрални екстракранијални артерии
Колор Доплер Ангиодоинографија на пенилни артерии
Ехо на штитна жлезда
Ехо на стомачни органи, бубрези и уротракт
Холтер за крвен притисок
Холтер за срце
Стрес тест
Комплетна Спирометрија и пулсна оксиметрија
Консултативни прегледи од интернист - дијабетолог
Алерголошки прфегледи
2. ОПШТА МЕДИЦИНА:
-Можност за избор на матичен лекар
-Издавање на лекарски уверенија
-Дневноболнички третман и домашна посета
3. МЕДИЦИНА НА ТРУДОТ
-Превентивни здравствени СИСТЕМАТСКИ прегледи на вработени согласно Закон за безбедност и здраје при работа
-Прегледи и издавање на УВЕРЕНИЈА за ВОЗАЧИ
-Обука за прва помош на вработени
-Обука за прва помош на КАНДИДАТИ за ВОЗАЧИ
-Консултации , прегледи и третман од страна на наш лиценциран ПСИХОЛОГ
4. БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА
Широка палета на лабораториски анализи на крв и урина кои ги вршиме со помош на дијагностичка апаратура и реагенси со потекло од реномирана и цертифицирана Германска компанија од областа на медицинската биохемија
==============================================================
Континуираната Медицинска Едукација и работењето по теркот на Еvidence based medicine - МЕДИЦИНА ЗАСНОВАНА НА ДОКАЗИ се столбовите на нашата поликлиника, извор на нашиот квалитет и параметри според кои не' препознаваат во Охрид и пошироко.
Доверете ни ја грижата за Вашето здравје и проверете зошто сме најдобри!