MBT System

MBT System Холистички пристап за внатрешна стабилност и телесна благосостојба.
5 Модули:
Свесност • дишење • движење • емоции • фокус

Методи: ЈОГА, ПЕАТ и ФЕР

Сè што учев, практикував и истражував –денес е споено во еден систем.MBT SYSTEM не е само вежбање.Тоа е процес на враќањ...
02/05/2026

Сè што учев, практикував и истражував –
денес е споено во еден систем.

MBT SYSTEM не е само вежбање.
Тоа е процес на враќање во баланс.

👉 тело
👉 ум
👉 емоции
👉 енергија

Ако чувствуваш дека ти треба промена –
можеби ова е твојот следен чекор.

📩 Пиши ми во порака

Balasana (Поза дете ) e нежна јога положба која му овозможува на телото да се опушти и да се врати во природна состојба ...
01/05/2026

Balasana (Поза дете ) e нежна јога положба која му овозможува на телото да се опушти и да се врати во природна состојба на баланс.

Со спуштање на телото кон подлогата и потпирање на челото, се создава чувство на сигурност и стабилност. Ова му дава сигнал на нервниот систем дека е безбедно да се смири, што води кон намалување на напнатоста и постепено опуштање на телото.

Положбата овозможува благо растегнување на грбот, колковите и рамената, при што се ослободува акумулираната тензија, особено во горниот дел од телото и вратот.

Истовремено, дишењето природно се продлабочува. Со секој издиш, телото се отпушта уште повеќе, што помага во намалување на стресот, анксиозноста и менталниот замор.

Оваа позиција е особено корисна кога чувствуваш преоптовареност, напнатост или потреба да се повлечеш и да го смириш умот.

Практикувањето е едноставно – остани во положбата 5 минути, со мирно и свесно дишење, без напор и без форсирање.



👉 Ако мислиш дека ова може да му помогне на некој – сподели.
За повеќе вакви практики, приклучи се во MBT групата.

✔ 5 пати неделно во живо (30 мин)✔ јога, движење и дишење✔ неделни практики за ослободување од потиснати емоции и работа...
01/05/2026

✔ 5 пати неделно во живо (30 мин)
✔ јога, движење и дишење
✔ неделни практики за ослободување од потиснати емоции и работа на себе
✔ поддршка + насока низ целиот процес

🔥 Само овој месец: 1999 ден (наместо 2500)

Ова не е само вежбање.
Ова е работа на себе – чекор по чекор.

📩 Пиши „MBT“ во порака за приклучување.

Viparita Karani (Нозе на ѕид) е нежна јога положба која му овозможува на телото да се опушти и природно да се регулира.К...
30/04/2026

Viparita Karani (Нозе на ѕид) е нежна јога положба која му овозможува на телото да се опушти и природно да се регулира.

Кога нозете се поставени повисоко од нивото на срцето, гравитацијата помага крвта полесно да се враќа назад кон срцето. Ова го олеснува протокот во венскиот и лимфниот систем и може да придонесе за намалување на чувството на тежина, замор или оток во нозете.

Истовремено, оваа положба делува смирувачки врз нервниот систем. Телото добива сигнал дека е безбедно да се опушти, што доведува до намалување на стресот, побавно дишење и чувство на внатрешен мир.

Позицијата е особено корисна по долг ден, при замор, напнатост во долниот дел од телото или кога имаш потреба да „застанеш“ и да го смириш умот.

Практикувањето е едноставно – доволно е да останеш во положбата 5–10 минути, со мирно и свесно дишење, без напор и без форсирање.

👉 Ако мислиш дека ова може да му помогне на некој – сподели.
За повеќе вакви практики, приклучи се во MBT групата.

MBT е холистички систем за работа на себе.Не е само вежбање – туку процес на трансформација на телото, умот и енергијата...
30/04/2026

MBT е холистички систем за работа на себе.
Не е само вежбање – туку процес на трансформација на телото, умот и енергијата.

Во рамки на процесот добиваш:
– јога вежбање, движење и дишење (5 пати неделно, 30 мин)
– неделни задачи за внатрешна работа
– техники за ослободување и разбирање на емоциите
– поддршка преку Viber група
– дополнителни содржини за фокус, стабилност и подобра состојба

Целта е едноставна:
преку движење да се разбуди телото и енергијата,
а преку задачите да се создаде внатрешен мир, баланс и стабилност.

👉 Не добиваш само часови.
Добиваш процес, насока и континуирана поддршка.

Ако чувствуваш дека е време за промена – пиши ми 🤍

Тоа што го чувствуваш не е случајно.Твоето тело има своја хемија.Допамин, серотонин, окситоцин, и ендорфини се суптилни ...
30/04/2026

Тоа што го чувствуваш не е случајно.
Твоето тело има своја хемија.

Допамин, серотонин, окситоцин, и ендорфини се суптилни процеси што секојдневно го обликуваат
твојот мир, енергија и внатрешна стабилност.

Овие состојби не се случајни.
Тие се резултат на тоа како живееш,
како се движиш, како дишеш
и колку си во контакт со себе.

Кога телото е регулирано-умот се смирува.
Кога умот се смирува-се отвора простор за промена.

Ако сакаш да работиш на ова
и да научиш како свесно да го регулираш телото и емоциите,
приклучи се на MBT групата.

👉 📩 Пиши во inbox за детали и приклучување.

MBT ГРУПА – НОВИ ниво на работа со себе.Систем што те водиниз движење, дишење и внатрешен фокус.Не е случајно. Не е повр...
28/04/2026

MBT ГРУПА – НОВИ ниво на работа со себе.

Систем што те води
низ движење, дишење и внатрешен фокус.

Не е случајно. Не е површно.
Ова е процес.

✔ структуриран пристап
✔ секојдневна практика
✔ поддршка низ целиот процес

📩 Пиши „MBT“ во порака за повеќе детали.

28/04/2026

Вагусниот нерв е дел од парасимпатичкиот нервен систем – системот што го смирува телото.
Додека симпатичкиот нервен систем го активира стресот и напнатоста,
вагусниот нерв помага да се врати мирот и балансот.

Тој е мостот меѓу умот и телото.
Постојано носи сигнали од мозокот кон телото и од телото назад кон мозокот.

Кога телото е под стрес, се затегнува, срцето забрзува, дишењето станува плитко.
Но кога се дише длабоко и свесно, се праќа сигнал до телото дека е безбедно.

И тогаш сè почнува да се менува.
Телото се смирува, мислите се расчистуваат, и се враќа балансот.

27/04/2026

Кога некој ќе ти каже “не можеш“…
застани за момент.

Не затоа што е во право.
Туку затоа што таа реченица ќе допре нешто во тебе.

Ако те погоди – тоа не е заради него.
Туку затоа што веќе постои дел во тебе што верува во тоа.

Несвесните уверувања не доаѓаат одеднаш.
Се создаваат рано, тивко, преку искуства што сме ги прифатиле како вистина.

И потоа…
еден збор од надвор само го активира тоа што веќе е внатре.

Но вистината е:
тоа не е твојата реална граница.

Тоа е стара програма.

И може да се промени.

Преку Primordial Energy Activation and Transcendence (PEAT)
Не се бориш со мислата…
oдиш до коренот каде што е создадена.

И кога ќе го допреш тој корен —
“не можеш“ повеќе нема тежина.

24/04/2026

Сè има свое време. 🙏

24/04/2026
23/04/2026

Грбот често го носи невидливиот товар од секојдневието.
Кога не ги изразуваме емоциите, телото ги задржува како напнатост.
Со помош на Јогата, преку: движење, свесно дишење и свесност, му дозволуваме на телото да се ослободи
од задржаната напнатост и емоции.

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when MBT System posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to MBT System:

Share