27/04/2022
Со огромно задоволство би сакале да Ве запознаеме со основачот и еден од предавачите во ПРВАТА ШКОЛА ЗА РОДИТЕЛИ-ПРЕДВОДЕНА ОД ВРВНИ СПЕЦИЈАЛИСТИ-Arbor Vitae🌳
Проф.Др. Татјана Јаќовска👩⚕️
Педијатар со 30 годишно искуство, од 1990 година вработена на Клиника за детски болести, на одделот за доенче, метаболизам и цистична фиброза. Од 2018 година раководител на Центарот за цистична фиброза во Институтот за белодробни болести кај децата, Скопје. Експерт за доење, неонатологија и проблеми кои ги имаат доенчињата до една година (неонатални инфекции, конгенитални малформации, исхрана , витамин Д профилакса и рахит, наследни болести, генетски пореметувања и советувања, анемии, цистична фиброза, жолтици, интолеранција на лактоза и сл). Како професор на Медицински факултет врши едукации од прв, втор и трет степен на студенти по медицина, високи сестри, физиотерапевти, логопеди, рентген техничари, специјализанти по педијатрија, како и докторанти.
По природа ведра, насмеана и пријатна личност, исклучително посветена на својте пациенти и студенти. Педијатар со богата и плодна кариера, континуирана надоградба, полна со ентузијазам , напредни идеи и желба своето работно искуство и знаење несебично да го подели само за да излезе во пресрет на многу родители и им помогне за надминување на одредени проблеми, состојби, болести и биде дел од правилен раст и развој на својте најмлади и најкревки пациенти, новороденчина и бебиња.
Брзиот начин на живот, недоволна здравствена превенција и едукација, неретко секој родител/иден родител го доведува во состојба на милион прашања немајќи каде да го добијат вистинскиот одговор. Потребата за одредени насоки дури и за наједноставни насочувања од самиот процес на бременост но собено при појава на одредени здравствени состојби кој тражат посебна нега, третман и така-натаму, наметнува потреба од вакви подготвителни програми кој од секој аспект може да бидат од огромно значење за секоја мајка или идна мајка која се подготвува за прв пат да го превземе во прегратка и заштита своето бебе.
Arbor Vitae🌳ви дава можност да вашата доверба ја дадете на докажани специјалисти кој секојдневно работат со родители и пациенти и својте животи и остварувања ги насочиле кон напредок, учење и осознавање, усовршување и надградување во својата област и специјалност.
Во тек се пријавувањата за некоја од трите програми. За подетални информации посетете ја официјалната страна Arbor Vitae www.arborvitae.mk или обратете ни се во ДМ на Instagram или facebook Arbor Vitae-Drvo na Zivotot
Prof.d-r Tatjana Jakjovska, MD PhD
Head of Center for Cystic Fibrosis
Institute for Pulmonary Diseases in Children,
Medical Faculty, University St. Cyril and Methodius
Skopje, North Macedoni