Психотерапија и семејни констелации со Весна Стоименов

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Психотерапија и семејни констелации со Весна Стоименов

Психотерапија и семејни констелации со Весна Стоименов Семејни констелации се метода која ви помага да го промените сопствениот живот. Да живеете со леснотија и радост.

Начинот на кој сакаш, се повлекуваш, даваш премногу, се плашиш да не бидеш оставен/а или молчиш , не започнал во зрелата...
05/05/2026

Начинот на кој сакаш, се повлекуваш, даваш премногу, се плашиш да не бидеш оставен/а или молчиш , не започнал во зрелата возраст.
Тие реакции се формирале тивко, многу порано.
Во годините кога не зборуваше, но телото веќе учеше.
Детството го учи нервниот систем што е љубов.
– Ако љубовта била непостојана, несигурноста станала дом.
– Ако наклонетоста морала да се „заслужи“, можеби си научил/а да се докажуваш.
– Ако емоциите биле игнорирани, можеби си научил/а да се замолчуваш.
– Ако никој не доаѓал кога плачеше, можеби си станал премногу независен/на.
Подоцна тоа го нарекуваме „мој карактер“,
а всушност се работи за обрасци на преживување што телото ги научило рано.
Важно е да го знаеш ова.
Но не и да останеш заробен/а во тоа.
Можно е да смениш.
Можно е да научиш дека љубовта не мора да боли.
Можно е телото да го препознае мирот како безбеден.
Можно е да избираш односи што не личат на старата болка.

На токму ова ќе работиме на семинарот:
„Прaимал — лекување на трауми од детството (внатрешното дете )
📍 Aurora Resort & Spa – Берово
🗓 03 – 07 јуни 2026
Со Елица Великова

Во тивка природа, во безбедна и поддржувачка средина, ќе истражуваме:
– како детските рани живеат во телото
– како влијаат на љубовта, врските и изборите
– и како нежно, со почит, може да започне заздравувањето
Ако нешто во тебе се буди додека го читаш ова тоа е повик.
Не случаен. Не случаен воопшто.
Пиши ми во порака за информации и пријавување.

Ако постојано се саботираш,  немаш граници или се плашиш од одбивање, можеби не реагираш од сегашноста, туку од стара де...
03/05/2026

Ако постојано се саботираш, немаш граници или се плашиш од одбивање, можеби не реагираш од сегашноста, туку од стара детска рана.

Праимал 1 – Лекување на внатрешното дете е длабок терапевтски семинар за оние што се подготвени за вистинска промена.
📍 Берово | 03–07 јуни 2026
⚠️ Само 3 места
📞 078 636 948

Дојдете на семинарот Праимал и откријте повеќе за себе преку длабока работа со детето во вас.Преку овој процес ќе имате ...
02/05/2026

Дојдете на семинарот Праимал и откријте повеќе за себе преку длабока работа со детето во вас.
Преку овој процес ќе имате можност да ги препознаете и исцелите раните од детството, особено оние поврзани со татковата фигура – силата, заштитата, границите и чувството на сигурност.
Кога таткото во нас е исцелен, се буди нашата внатрешна сила – способноста да стоиме цврсто во себе, да носиме здрави одлуки и да се чувствуваме вредни и поддржани одвнатре.
Ова е покана за враќање кон стабилноста, самодовербата и вистинската внатрешна поткрепа.
📞 Контакт: 078 636 948
🗓 Пријава најдоцна до 15 мај 2026
⚠️ Останаа уште само 3 места
Ако почувствувавте повик – пишете ми веднаш.

Траумата од детството  не секогаш се создава  преку  злоупотреба.Понекогаш таа настанува преку емоционална отсутност на ...
22/04/2026

Траумата од детството не секогаш се создава преку злоупотреба.
Понекогаш таа настанува преку емоционална отсутност на мајката. Преку љубов што била задржана, нежност што недостасувала, мајката која била физички присутна но емоционално недостапна, критична, отфрлачка, занемарувачка, контролирачка или неспособна да ја даде љубовта што му била потребна на детето.
Оваа рана може длабоко да го обликува човекот како возрасен.
Придружете ни се на искуствениот и длабоко трансформирачки личен процес
од 03 до 07 јуни 2026 во Аурора Ресорт и спа во Берово
ќе го водат Елица Великова психолог, и Петко Милаков
со долгогодишно искуство во работа низ целиот свет.
Ова е можност да ги ослободите потиснати содржини
и да создадете простор за нови, автентични искуства.
📩 Пријава и информации:
🔗 https://forms.gle/npBukmaDJgLDLVLi6
📧 semejnikonstelacii@gmail.com
📞 078 636 948

Постојано се трудиш.Даваш. Разбираш. Издржуваш.А некаде внатре, има дел од тебе што се уште чека да биде виден. Можеби н...
21/04/2026

Постојано се трудиш.
Даваш. Разбираш. Издржуваш.
А некаде внатре, има дел од тебе што се уште чека да биде виден.
Можеби не ти треба уште еден совет.
Можеби ти треба простор да се вратиш кон себе си.
📍 5‑дневен семинар за лична трансформација
🗓 03–07 јуни 2026 | Берово
Пријава:
https://forms.gle/XNZFfurxBi6HjU257
semejnikonstelacii@gmail.com

19/04/2026

Во семејните консталации доаѓаме до еден ослободувачки гест да им кажеме „благодарам“ на родителите.
Не како откажување од нив, туку како признавање дека толку било можното.
Со тоа повлекуваме граница меѓу минатото и сегашноста
и престануваме да го одложуваме сопствениот живот.
Прифаќањето ослободува енергија
и не отвора кон нови извори на радост и смисла.
Благодарам на сите учесници на работилницата семејни констелации која се одржа на 19.04.2026г.

Христос Воскресе – Вистина Воскресе!!! Христовото воскресение не учи дека секоја болка завршува со нешто поголемо од неа...
12/04/2026

Христос Воскресе – Вистина Воскресе!!!
Христовото воскресение не учи дека секоја болка завршува со нешто поголемо од неа. Секој човек го носи својот крст, својата болка и своето страдање, пат што никој не може да го помине наместо него. Но токму во тоа носење учиме дека имаме и одговорност за својот живот и слобода да избереме како ќе го живееме, со вера и љубов. Да се радуваме на животот кој го имаме!!! ❤️

Колку често велиш „да“, иако внатре сакаш да кажеш „не“?Имаш ли свој личен простор кој е само твој?Колку често се ставаш...
10/04/2026

Колку често велиш „да“, иако внатре сакаш да кажеш „не“?
Имаш ли свој личен простор кој е само твој?
Колку често се ставаш себеси на последно место?
Поставуваш ли граници?

Или си оној/онаа што е секогаш тука за другите, поставувајќи се себеси на второ, трето место… давајќи приоритет на сите, освен на себе.

За другите си спремен/спремна се да направиш, а за себе – „може да почека“.
Па потоа доаѓа разочарувањето.
Особено кога најблиските ќе те заборават, како да си бил/била тука „по дифолт“.

Во суштината на овој образец често стои траумата од детството, длабоката потреба да бидеме видени, прифатени и сакани
токму такви какви што сме.
Но поставувањето граници не значи дека сме себични. Тоа значи дека почнуваме да се почитуваме. А од таму започнува и вистинската промена.

Доколку ова е и твоја тема, те покануваме на 5-дневен практичен семинар за лична работа, кој ќе се одржи од 03 до 07 јуни 2026 година, во Аурора Ресорт и СПА – Берово.

Простор каде што ќе се сретнеш со себе,
ќе истражиш стари обрасци
и ќе направиш место за поавтентичен и посвесен живот.

Кога сме деца, чекаме да не видат.Да не пофалат.Да ни кажат дека сме добри, вредни и сакани.Ако тоа што ни било најпотре...
09/04/2026

Кога сме деца, чекаме да не видат.
Да не пофалат.
Да ни кажат дека сме добри, вредни и сакани.
Ако тоа што ни било најпотребно не сме го добиле од нашите родители,
често како возрасни продолжуваме да го бараме од другите.
Го бараме од партнерите.
Од одговорните лица на работа.
Од пријателите.
И несвесно живееме со прашањето:
„Дали сум доволно добар/добра?“
Кога така се однесуваме, не сме слаби –
туку сè уште чекаме некој да нè види онака како што некогаш ни требало.
Вистинската промена започнува кога ќе ја преземеме одговорноста
и ќе почнеме самите да си го даваме она што некогаш ни недостасувало.
Доколку ова е и твоја тема, те покануваме на 5-дневен практичен семинар за лична работа,
кој ќе се одржи од 03 до 07 јуни 2026 година,
во Аурора Ресорт и СПА – Берово.
Простор за лична работа, освестување и внатрешна промена
со поддршка, присутност и почит кон сопствените доживувања.
Запишување и информации :
https://forms.gle/zKgHMaReuHc9dvUT8
semejnikonstelacii@gmail.com
Тел. +389 78 636 948

Праимал терапија  е 5 дневна  програма за личен развој која ќе биде со фокус на  работа на периодот од детството од 0 до...
07/04/2026

Праимал терапија е 5 дневна програма за личен развој која ќе биде со фокус на работа на периодот од детството од 0 до 12 год. возраст.

Програмата ќе ја води Елица Великова, психолог, терапевт и основач на Институтот за арт и терапија (Софија), со речиси 20 години меѓународно искуство.

Оваа програма истражува како раните детски искуства ги обликуваат нашето однесување, емоционални реакции и релациите како возрасни личности.

Учесниците ќе работат на три клучни нивоа:
– Соматско (телесни обрасци)
– Емоционално
– Ментално

Пристапот ги интегрира Праимал терапијата, Гешталт практики, работа со телото, активни медитации, движење и креативни методи.
Што да очекувате:
– Препознавање на раните доживувања и адаптивните однесувања
– Ослободување од потиснатите емоции
– Подлабоко разбирање на личните обрасци и релациски динамики
– Зајакнување на самосвеста и внатрешната стабилност
– Практични алатки за натамошен личен и професионален развој

Локација и датуми:
📍 Аурора Ресорт и Спа Берово
📅 03–07 јуни 2026

Програмата е соодветна за лица кои се посветени на личниот развој, како и за професионалци во психологија, терапија, коучинг и сродни области кои сакаат да ја продлабочат својата пракса.

Ќе се реализира со превод на македонски јазик

За регистрација и дополнителни информации обратете се на:
https://forms.gle/zKgHMaReuHc9dvUT8
✉️ semejnikonstelacii@gmail.com

Address

Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Психотерапија и семејни констелации со Весна Стоименов posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share