10/01/2022
Домашен психолог е вашето виртуелно место
Овде нема да судиме какви сте, кои сте - дали сте совршени или сте го изгубиле за кратко курсорот по кој се движите? Секој од нас е единствен и неповторлив. Вистината е дека во даден момент дури и оние кои мудро се справуваат со животните проблеми може да застанат и да не знаат како да продолжат понатаму.... НЕ ПЛАШЕТЕ СЕ!!!...НЕ СТЕ САМИ!!!... САМО СВРТЕТЕ СЕ КОН СЕБЕ И ЌЕ ГИ НАЈДЕТЕ ОДГОВОРИТЕ НА МНОГУ ВАШИ ПРАШАЊА!!!....ДОМАШЕН ПСИХОЛОГ Е ОВДЕ ЗА ДА ПОМОГНЕ ВО ТОЈ ПРОЦЕС!!!Страницава е креирана за да биде ваш водич во однос на повеќето прашања и дилеми кои ве измачуваат во секојдневното живеење. Ајде да ги отфрлиме маските на денешницата и да се чувствуваме пријатно и сигурни во сопствената кожа. Да го отвориме срцето, да ги видиме нашите отворени рани, да ги залечиме, да ги затвориме портите од минатото, да го зачистиме правот во нашата куќа, да го прегрнеме исплашеното дете во нас, да му дадеме прошка или прегратка на родителот или љубениот, да ја извадиме горчината, бесот и болката која разорува во нас, да ги откриеме и прифатиме нашите доблести но и мани, да ги активираме сите сили во нас затоа што, тоа си го должиме. Просечната личност никогаш не ги достигнува своите неограничени потенцијали бидејќи живее со лажна претпоставка дека веќе ја знае вистината. Таа верува во она што го кажале родителите, ги научиле наставниците, слушнале од пријателите и соработниците без всушност да си го докаже тоа на самиот себе си. Вистината е секогаш различна за секој од нас.