19/03/2026
Денес ја одржавме првата официјална средба на нашата асоцијација со владина институција🇲🇰.
На покана на генералниот секретар на Владата, г-дин Игор Јанушев, имавме можност да ги презентираме резултатите од првото мапирање на фитнес и велнес индустријата во Македонија – North Macedonia Health & Fitness Market Snapshot 2025.
Разговаравме и за потребата од законски измени во Законот за спорт, со цел спортско-рекреативниот сектор да биде препознаен како посебна гранка. Ова е важен чекор кон создавање поуреден, поструктуриран и поконкурентен екосистем за физичка активност во земјата.
Особено ни беше драго што и самиот генерален секретар е активен спортист и силен поддржувач на физичката активност.
Нашите следни чекори ќе бидат подготовка и презентација на конкретни иницијативи и предлози за законски измени.
Веруваме дека ова е почеток на подлабока институционална соработка за развој на секторот.