30/12/2019
Центар за образование, наука и истражување – “Асклепиј” при Македонското здружение за заштита и спасување на планина и непристапен терен – “Асклепиј”, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
За обука на лица за професијата спасител во ски патрола. Право на учество имаат сите лица кои ги исполнуваат следниве услови:
- Да имаат навршено 18 години
- Да имаат завршено минимум средно образование
- Да поседуваат добро познавање на ски или сноуборд техники
- Да поседува искуство во планина
- Да не е кривично осудуван и да не се води кривична постапка против апликантот
Обуката се состои од:
- Обука за укажување прва помош
- Обука за управување на аки чамец
- Обука на основни јажеви техники
- Основна обука за евакуација од жичница
- Основна обука за лавинологија
- Обука за риск менаџмент
- Обука за менаџмент на вондредни и стресни ситуации
Обуката ќе се одвива најчесто за време на неработните денови од неделата (сабота и недела) со можност да има обука и за време на работните денови од неделата, ако тоа претходно биде договорено помеѓу предавачите и апликантите.
При изведување на практикантската работа во ски центрите што ќе биде дополнително утврдено и во која ќе бидат вклучени апликантите што ќе ги минат селективните тестови и ќе ја совладаат подготвителната теоретска програма, трошоците за сместување и храна за апликантите ќе бидат покриени од страна на Македонското здружение за заштита и спасување на планина и непристапен терен – Асклепиј.
Оваа професија е по програма на Меѓународната комисија за алпско спасување ICAR-CISA (International Commission for Alpine Rescue) на која Македонското здружение за заштита и спасување на планина и непристапен терен - Асклепиј е членка. Оваа професија, исто така е признаена како професија од Министерство за социјална работа и е влезена во националната квалификациона рамка, а Министерство за образование и наука - Центарот за образование, наука и истражување – “Асклепиј” го има акредитирано како образовна Институција за спасители на планина. За оваа професија Македонското здружение за заштита и спасување на планина и непристапен терен – “Асклепиј” - Центар за образование, наука и истаржување – “Асклепиј” издава сертификати по Законот за образование на возрасните со број на верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и спаѓаат во неформално образование.
Контакт за поднесување на апликациите и дополнитени информации
Petartasik.asklepij@gmail.com
Со почит,
Претседател на Асклепиј,
Крунослав Аџиевски