03/12/2023
Знам дека кога ќе го слушнете зборот ИНКЛУЗИЈА и кога некој малку повеќе ќе ви објасни што точно треба да зачи истото, имате чувство како некој да ве удрил по стомак и ви го истиснал здивот.
Она што мозокот се обидува во тие моменти да го создаде како решение или одговор за оваа состојба станува како ураган кој се случува во само неколку секунди, и истиот процес завршува многу бргу во само неколу прашања на кои сами си даваме одговорите.
Исходот скоро секого го остава комплетно безнадежен, без здив и со чувстото на целосен неуспех.
Ама тоа се случува бидејќи сме навикнати веднаш решенијата да ги бараме надвород нас. И почнуваат прашањата а кој ќе направи услови за овие лица, кој ќе и помогне, кој ќе им даде пари, кој ќе им направи место и ќе се гриши за нив? И одговорите посебно во нашата држава се мног поразителни бидејќи на секое од овие прашања имаме ... ама немаме доволно, нема кој, не сме органиизрани , немаме капацитет, незнаеме, немаме, немаме, немаме.
Драги мои човечки битија, решението за инклузијата е само на едно место .. во нашата свесност која ние лично треба да ја трансформираме во инклузивна свесност.
Овој систем нема капацитет за инклузија скоро во ниедно поле од функционирањето а па камо ли целосна инклузија како што се декларираме дека сакаме да направиме.
Вака како што се однесуваме наместо опслужени граѓани и порадосни и спокојни семејства имаме само повеќе гнев, тага, разочараност и безнадежност.
Денес на 3 декември треба да се слави само силата и истрајност на лицата со попреченост и на нивните семејства и ништо друго.
Затоа.....
Само подзастанете денес и земете еден здив и издишете го истиот со мислата дека со ова вие придонесувате за издишка и и спокој на овие лица.
Толку можете, прашање е дали сакате!
И не, никој нема да го види тоа. И знам дека многумина ќе си речете, ама ова нема ништо да смени во животот на овие луѓе или пак во оваа дежава.
Но, не е така... Ќе се смени вашата свсност, ова ќе биде вашето најмалечко поместување во правец на создавањето на таа инклузвина свесност.
И кога ќе го направите ова ќе почувствувате нешто поинакво.
Засега и тоа е доволно, барем да почнете да се чувствувате поинаку, да почувствувате дека сте придонеле без да очекувате нешто за возврат и да го направите тоа без страв од осуда.
Ова е првото малецко чекорче ... само продолжи напред, секој ден по еден здив за некој таму кој што мора да се бори многупати посилно од тебе.