Bhakti Marga N. Macedonia

Bhakti Marga N. Macedonia Што е ОМ пеење? What is OM Chanting? ENHANCE OVERALL WELL-BEING
The practice promotes inner peace, mental clarity, emotional freedom and physical health.

OM Пеењето е групна пракса која ја користи трансформативната моќ на ОМ за да го активира само-лекувачкиот потенцијал на учесниците.
Оваа пракса ја трансформира негативната во позитивна енергија, помага во прочистување на околината, истовремено помагајќи во физичката, емотивната и духовната благосостојба на учесниците. OM Chanting is a free group practice that uses the transformational power of OM to activate the self-healing potential of participants. The practice transforms negativity into positive energy, helps purify the local environment, and supports the physical, emotional and spiritual well-being of participants.

Кои се придобивките од ОМ Пеењето?

-унапредување на севкупната благосостојба,
- трансформирање на енергијата,
- прочистување на околината (создадените вибрациски бранови се протегаат во радиус од 2 км.),

What are the benefits from OM Chanting? Many experience positive shifts which allow them to enjoy more peace, joy and love in their lives. TRANSFORM NEGATIVITY INTO POSITIVE ENERGY
Due to a special blessing, OM Chanting generates a vibrational frequency that releases negativity, transforms it and showers participants with positive energy. PURIFY THE ENVIRONMENT
The vibrational waves created by the circle spread out in a 2-kilometer radius, creating a harmonious, peaceful environment and a unity between humans and nature. The OM continues to resonate in participants’ bodies after the circle, allowing them to share the good vibrations wherever they go.

"Кога индивидуалната душа одлучува да се роди, енергијата од параматмата се спушта во форма на капка Негова Бескрајна Љу...
22/01/2026

"Кога индивидуалната душа одлучува да се роди, енергијата од параматмата се спушта во форма на капка Негова Бескрајна Љубов, мала искра Негова Вечна Светлина - Атма.
Кога детето е во утробата на мајката, атмата/душата влегува во телото во утробата на мајката преку Брахмарандра - суптилен, микроскопски отвор на темето на главата.
Кога за време на породувањето, главата е притисната низ каналот, брахмарандра повторно се затвора. Овој дел од телото (главата) се зацврстува последен.
Во тој момент сите сеќавања од минатите животи се бришат, а перцепцијата за Бога и суптилното тело стануваат скриени.
Во утробата на мајката, детето секогаш Го слави Бога, знаејќи дека Бог е секогаш со него. Тоа е континуирана жива поврзаност и разговор со Бог:
'Јас повторно одам на овој свет, не знам како ќе биде, те молам секогаш биди со мене...'
А Бог одговара:
'Не грижи се, никогаш нема да те оставам, секогаш сум бил и ќе бидам со тебе.'
Кога детето ќе се роди, заборава сè....
Кога се раѓаме, ние сме 'венчани' со мајата, врзани за материјалниот свет.

Создадени сме да заборавиме. Врската помеѓу Атмата и Параматмата станува суптилна и заспана, но никогаш не е изгубена. Свесниот ум не може да ја разбере. Амата станува целосно невидлива, а нејзиното движење не може да се воочи дури ни во суптилното тело."

🕉️ Првото ОМ пеење за годинава ќе биде денес (16 јануари) од 17:30 часот во Inside Yoga Се гледаме!**https://maps.app.go...
16/01/2026

🕉️ Првото ОМ пеење за годинава ќе биде денес (16 јануари) од 17:30 часот во Inside Yoga

Се гледаме!**

https://maps.app.goo.gl/BV5Vyrjt4RaeGSbd7

Благословена Нова 2026 година!"Ова е година на движење напред. Не гледај постојано надолу, не гледај кон минатото. Гледа...
01/01/2026

Благословена Нова 2026 година!

"Ова е година на движење напред. Не гледај постојано надолу, не гледај кон минатото. Гледај напред. Како можеш на светот да му го донесеш најдоброто нешто. Не чекај светот да се промени за тебе. Промени се ти за светот. Дај го го она што си го научил на светот."

Paramahamsa Sri Swami Vishwananda

"Како што годината се ближи кон крајот, одвојте малку време размислувајќи за лекциите што ви ги донесе оваа година, раст...
30/12/2025

"Како што годината се ближи кон крајот, одвојте малку време размислувајќи за лекциите што ви ги донесе оваа година, растот што го доживеавте и промените што сакате да ги остварите во новата година.
Како што годините минуваат сè побрзо, сè поважно станува да се зголеми свеста за животот. Да се стане свесен за времето што веќе поминало. Свесен за она што Бог донел во вашиот живот и како да Му се приближите повеќе.

Прво. Запишете ги вашите мисли за годината и она што ви го донесе. Различните луѓе. Ситуациите. Работата. Духовниот пат. Сè. Затворете ги очите и допуштете настаните да се појават пред вас како филм на екран. Забележете ги емоциите и мислите што сте ги имале во тие моменти. Само разгледувајте ја вашата година, со искреност и јасност. Не почнувајте да размислувате или анализирате. Дозволете сè да се одвива пред вас, како видеа на филмско платно.
Научете да сведочите со љубовна неврзаност. Ова ќе ви помогне за полека да стекнете контрола над сите мисли и емоции. Само бидете опуштени и медитирајте на Името на Бхагаван. Дозволете умот и емоциите да се смират. Спуштете се во сегашниот момент и бидете во вашето вистинско јас.

Второ. Откако ќе ги запишете настаните од оваа година - тогаш со трпение, прифаќање и безусловна љубов, дозволете си да ги анализирате своите мисли, зборови, дела и навики.
Не осудувајте се себеси, туку анализирајте ги своите мисли, емоции, зборови, дела и повторливи навики. Ова е од суштинско значење. Мора да научите да бидете љубезни кон себе, но исто така и постојано да се менувате за да станете подобри. Трансформацијата нема крај. Дури и Богоостварен светец продолжува да расте, да ја трансформира негативноста во позитивност, да се приближува кон Бхагаван со љубов, посветеност и предавање. Запишете сè што треба да промените во себе. Запишете што е она што треба да се продлабочи за да го достигнете вашето вистинско срце. Запишете како можете да бидете пољубезни, подобри, поскромни и покорисни за целиот свет.

Трето. Почнете да го спроведувате тој план во дело, чекор по чекор. Нема корист од тоа само да се анализирате себеси, а да не преземете акција за трансформација. Тоа води до претерано размислување и чувство на преоптовареност. Откако сте идентификувале што треба да промените во вас, што треба да се трансформира во вашиот живот, немојте да велите „Бог ќе се погрижи за сè“ и да не правите ништо. Треба да ги преземете чекорите. Треба да се движите. Треба да станете и да се изборите во праведната војна, да одите по патот на Дармата, како што научил Арџуна. Да, Бог е секогаш тука, секогаш помага. Но, никогаш нема вистински да ја видите Неговата помош седејќи и не правејќи ништо. Само кога ќе дадете сѐ од себе за да се промените и кога ќе ги преземете вистинските чекори ќе ги видите Неговите чуда. Одлучете каква сакате да ви биде новата година и почнете да преземате чекори да го остварите тоа. Чекор по чекор, можете да стигнете до крајната дестинација дури и на најдолгото патување. Поставувајќи тула по тула, можете да го создадете највеличествениот Божји Храм. Започнете. А секоја грижа, конфузија, сомнеж и загриженост за резултатите ставете ја пред Лотосовите стапала на СатГуру-то и Бхагаван. На овој начин навистина може да имате светла нова година." ✨

https://x.com/vishwananda , 28.12.2025

Paramahamsa Sri Swami Vishwananda

"На Божиќ, нека сите бидат благословени од божествената енергија на безусловната љубов. Сиот живот на Исус е пример за Б...
25/12/2025

"На Божиќ, нека сите бидат благословени од божествената енергија на безусловната љубов. Сиот живот на Исус е пример за Божјата безусловна љубов и неговото предавање на Божјата волја. Ова е најважната лекција што треба секој да ја научи, целосно да ја всади во својот живот и постојано да ја зрачи кон сите. Безусловна љубов. Кога дојде на овој свет, една сјајна ѕвезда ги водеше оние што беа подготвени да ја видат неговата божественост. Бидејќи не е за секого лесно да се биде пред Божествен Учител. Светлината може да заслепи ако не си прочистен. Светлината може да те изгори ако не си скромен (понизен). Но, доколку безусловната љубов била најголем приоритет што сте го давале во вашиот живот, тогаш можете да му пристапите на Божествениот Учител со радост и предавање. Оние кои вистински го почитуваат, слават и му се предаваат на Божествениот Учител се исполнети со вистина. Вистината дека служењето на Учителот, на Неговата божествена мисија е служење на Вечниот Бог. Ова е вистинскиот живот и дело на Исус Христос. Животот и делото на вистински Божји слуга. Но, многу, многу малку луѓе го разбираат тоа дури и денес, кога Тој стои пред нив. Погрешно Го сметаат дека е обичен човек, како нив. Му ја проектираат нечистотијата на својот ум и ситничавоста на својата ограничена љубов. Ова е тоа што му се случи на Исус и на толку многу светци ширум светот. Тие беа омразени и маченички погубени поради нивната божественост, поради нивната вера. Затоа што оние што зрачат љубов и вистина, светот сака да ги спушти во калта. Злонамерните поединци се чувствуваат подобро кога го гледаат страданието на светците. Така се чувствуваат подобро во врска со својата самосоздадена беда. Но, вистинските Божји чеда никогаш не дозволуваат нечистотиите на светот да ја сокрие нивната светла љубов за Бога. Никогаш не се откажуваат од вербата во Неговата љубов, без разлика на сите проблеми со кои се соочуваат. А се соочуваат со сто, илјадапати повеќе проблеми од сите други. За да станат незаборавен пример за Божјата љубов и вера во Него, изградена на цврста карпа. Овој Божиќ, свртете се кон внатрешноста и почувствувајте го тоа место на бескрајна љубов, сомилост и божественост во сопственото срце. Таму постојано живее Бог и Неговите светци. Тоа е она што дојдоа да му покажат на светот како се прави. Тоа е најдобриот начин да оддадеме почит на изобилните дарови што ни се дадени."

https://x.com/vishwananda , 25.12.2025

Paramahamsa Sri Swami Vishwananda

"Бадник е многу мистично време од годината. Во темнината на заборавени јасли, среде гласовите на невини животни е родена...
24/12/2025

"Бадник е многу мистично време од годината. Во темнината на заборавени јасли, среде гласовите на невини животни е родена искра од Божјата Вечна Светлина. Самата приказна е толку убава. Во тој скромен агол од светот, кој можел да се најде само со Божја насока, толку божествено битие требало да дојде во светот. Трите мудреци, неизмерно богати, а сепак водени единствено од божјата промисла, се беа насочиле кон божественото бебе. Исполнети со молитви, заштитени од опасности преку видение дадено од Бога, и носејќи ги најскапоцените дарови за Миропомазаниот. И таа Светлина, на која се поклонуваа и ја љубеа, стана сјаен светилник на љубов за сите. Во Санатана Дхарма оддаваме почит на секој вистински Светец, вистински Аватар. Бидејќи Бог е бесконечен. Неговата милост, Неговата љубов е бесконечна. Во раѓањето, животот и вознесението на Исус се прикажуваат толку многу Божји чуда, Неговата длабока љубов кон сето Негово создание. На Бадник, нека секој биде инспириран да ја бласне божествената светлина што постои во срцето. Да ја зрачи како ѕвезда на небото. Потсетувајќи го секого на Бога, преку својата бескрајна љубов и сомилост кон сите." ✨

Paramahamsa Sri Swami Vishwananda

https://x.com/vishwananda

24.12.2025

❤️ "Љубовта не познава дуалности. Љубовта само знае да љуби."*❤️ "Love doesn't know any duality. Love just knows how to ...
22/12/2025

❤️ "Љубовта не познава дуалности. Љубовта само знае да љуби."

*

❤️ "Love doesn't know any duality. Love just knows how to love."

"... Мајката е првиот учител, Пратхам Гуру, на секоја душа што доаѓа на овој свет. Таа го носи своето бебе во срцето и г...
10/12/2025

"... Мајката е првиот учител, Пратхам Гуру, на секоја душа што доаѓа на овој свет. Таа го носи своето бебе во срцето и го негува милото дете со својата крв и со секој здив. Првиот поглед што детето го гледа кога ќе пристигне на овој свет е ликот на мајка му. Првиот љубовен допир се нејзините нежни раце. Љубовта и значењето на мајката во животот на човекот се неспоредливи. И никој не може да го заземе нејзиното место. Никој друг не може да стане тоа што е таа или она што таа му значи на своето дете. Овој однос на љубов меѓу мајката и детето е единствен засекогаш.
Се вели дека погледот и обликот на Бог е како оној на најљубовната мајка. Матрасварупинам. Кога доаѓа време душата да го остави своето физичко тело и да се збогува со овој привремен свет, оваа љубовна врска станува уште поскапоцена. Бидејќи не завршува, само се менува. Не се намалува, туку постојано се зголемува во својата сладост. Кога доаѓа времето целосно да се вратиме кај Бог, душата длабоко се радува. Сепак, секој ја чувствува оваа промена длабоко во срцето. Тоа поврзување преку срцето без никакви превези, каде очите природно се креваат кон Божественото во молитва, тишина и почит. Во таков миг Божјото присуство може многу силно да се почувствува, a сепак нешто боли во срцето. Тоа не е болка од тага, туку од длабока и бескрајна љубов. Љубов што го надминува времето, просторот и сите ограничувања. За повторно да се соединат, засекогаш, во срцето на Витала Гиридари.

|| Sri Vitthala Giridhari Parabrahmane Namaha ||
|| Om Shanti Shanti Shantihi ||
|| Sri Gurubhyo Namaha Hari Om ||"

Парамахамса Вишвананда, 6 декември 2025

"Зборот Маа е толку сладок. И самиот Бог се обликувал и дошол во овој свет на ограничувања, само за да ја доживее извонр...
09/12/2025

"Зборот Маа е толку сладок. И самиот Бог се обликувал и дошол во овој свет на ограничувања, само за да ја доживее извонредната љубов на мајката.
Најслатката и најскромна љубов. Секогаш целосна, а сепак мајката никогаш не чувствува дека доволно го љубела и се грижела за своето бебе. Таква е љубовта на мајката. Зборот Маа, што детето толку едноставно го изговара. Вообичаено неговиот прв збор на овој свет. Првиот звук што го учи. Најприродниот и најрадосен извор на блискоста што детето ја чувствува кон својата мајка. Маа. За да ја доживее најголемата сладкост на оваа врска, Шри Кришна дошол како Нандлал на Јашода. Шри Рам дошол како Каушалија Нандан. Дури и Врховниот Бог на Универзумот копнее да му биде близок и драг на срцето на Мајката. Таква е нејзината слава. Таква е нејзината убавина. Таква е нејзината скромност. Што никогаш не мисли на себе. Само за своето дете. Само како да се грижи за своето дете, како да го заштити. Дури и ако детето е извонредно, надарено, божествено, сè што е важно за мајката е нејзиното сакано мало бебе да биде среќно, безбедно, сакано и да го има најдоброто од сè. Маа Јашода сама правела путер и го хранела својот Кана. Маа Каушалија рачно ја шиела бебешката облека на Шри Рам само за да може да биде што е можно поблиску до своето бебе. Тие биле кралици, воспитани во луксуз, со секоја удобност на дофат на раката. Но, тие не мислеле на сето тоа и му служеле на своето сакано дете со сето свое срце. Мојата мајка беше едноставна дама. Слатка, скромна, грижлива, таа никогаш не се стремеше да биде препознаена и прва во толпата. Секогаш задоволна да биде во последен ред. Секогаш насмеана. Секогаш обидувајќи се да сака сè подлабоко. Привилегија е да се биде дете на таква личност. Да се ​​биде познат по нејзиниот идентитет на овој свет. Поминувајќи го драгоценетото време со неа на овој свет е скапоцен камен во мојот живот. Таа е прекрасна поради нејзината скромност, каков пример... оваа година две најскромни души што ми беа блиски ја напуштија оваа реалност во вечноста. Прво мојата сакана мала сестра Анурагини, која имаше само 38 години, а сега моја прекрасна мајка. Огромна благодарност за Божјиот план да таа е онаа што ме роди. Со сето мое срце, во бескрајна љубов, секогаш сме заедно во Божјата исконска љубов (Прем)."

Парамахамса Вишвананда, 6.12.2025

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Bhakti Marga N. Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Bhakti Marga N. Macedonia:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram