27/02/2020
ВНИМАНИЕ!! Како што и очекувавме така и се потврди, ПРВ случај на 2019 n-CoV вирусот во Македонија, а веке и 2,814 жртви во целиот свет говорат за сериозноста на ситуацијата.
Во оваа прилика сакам да наведам неколку битни работи за Коронавирусот кои ќе дадат до предзнаење односно спречување на епидемијата:
⚠️ Пренесувањето е преку кашлање, кивање, зборување на далечини дури до 3 метра, а во одредени случаи можна трансмисија и преку површини заразени со вирусот.(живее и до неколку дена);
⚠️ Основните симптоми кои треба да ве загрижат се: фебрилност (висока температура, кашлица, замор, омалаксаност и во посериозни случаи и тешко дишење);
⚠️ Според целата досегашна статистика се забележува дека најпогодени се лицата над 70 години и секако лицата кои се со коморбидитети;
⚠️ Постојат и се регистрирани смртни случаи и кај лица кои не се во споменатата возрасна граница и немале никаков вид на хроницитет;
⚠️ За среќа децата се најмалку погодени и се најмалку ризична група во моментов;
⚠️ Редовна дезинфекција со Алкохол, РЕДОВНО миење на раце(повеќе од обично), соодветно спремена и термички обработена храна се главна препорака за моментална превенција
⚠️ Ако консумирате месо или јајца гледајте да бидат убаво термички обработени;
⚠️ Не се лекувајте на своја рака особено НЕМОЈТЕ да земате АНТИБИОТИЦИ!!! Не помагаат!!!
⚠️ Избегнувајте директен контакт со животни сите знаеме дека имаат појак одбрамбен систем но тоа не значи дека неможат скриено да го носат и пренесуваат вирусот;
⚠️ Кашлајте и кивајте во марамче или свиткан лакт НИКАКО во дланките;
⚠️⚠️⚠️ ВИРУСОТ не се лечи со топла вода и такви слични глупости ⚠️⚠️⚠️
⚠️⚠️⚠️ Слушајте и консултирајте ИСКЛУЧИВО ЛЕКАРИ доколку ви е потребен совет или информација ⚠️⚠️⚠️
⚠️⚠️⚠️ Потрудете се сите овие информации да ги пренесете до ПОСТАРАТА ПОПУЛАЦИЈА која е НЕСООСВЕТНО ИНФОРМИРАНА и за жал најпогодена, а истото можете да го направите со таг во коментар или споделување на објавата на вашиот профил⚠️⚠️⚠️
-Ќе се бориме заедно до крај, секогаш грижа повеќе за вас Артерико.