12/10/2021
Приказ на случај од областа на мобилна протетика. Тотална беззабост во горна вилица и нејзина надокнада со тотална акрилатна протеза со мрежно појачување и избор на квалитетна гарнитура на акрилатни заби со висок сјај. Во долна вилица парцијална беззабост со претходно изработена фиксна метал-керамичка конструкција од четири члена. Долу конструкцијата е затворена со класична визил протеза и естетски кукички. Случајот задоволува и естетски и функционално. Пациентката е среќна и насмеана, а докторката е задоволна и мирно ќе спие. Се испративме со прегратка.