13/09/2016
Што треба да превземете доколку вашето дете падне и ги повреди трајните заби:
• Веднаш измијте го местото на повредата ,ставете ладно
• Ако повредата не е сериозна и детето е при свест упатете се кај детски стоматолог,орален или максилофацијален хирург , во спротивно треба да се упатите кај трауматолог .
• При скршеница на забот или тотално избивање на забот МНОГУ Е ВАЖНО да ги најдете сите фрагменти ,а НАЈВАЖНО ако е избиен забот да го најдете забот .Веднаш ставете го забот во стерилен сад (може тоа да биде стерилна чашка за урина од аптека или ако не сте во можност било кој чист сад кој ќе го најдете во моментот) и прелијте го со млеко ,физиолошки раствор или вода.Доколку не сте во можност да најдете некои од овие течности ставете го забот во устата на детето под неговиот јазик или позади долната усна.Доколку детето е вознемирено и постои опасност од проголтување на забчето ,тогаш ставете го забот во вашата уста и веднаш тргнете кон горенаведените специјалисти.
• Запаметете го времето,местото и начинот на кој е настаната повредата како и околината во која е настаната повредата .ЗАПАМЕТЕТЕ ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА ПОМИНАТ ПОВЕЌЕ ОД ДВА ЧАСА ОД ПОВРЕДАТА И ПОЧЕТОКОТ НА ТРЕТМАНОТ ВО СТОМАТОЛОШКАТА ОРДИНАЦИЈА ,тоа директрно влијае на прогнозта и успехот од терапијата на враќање на избиениот заб во устата на вашето дете.Колку што е можно побргу најдете го забот и упатете се кон докторот кој ќе го згрижи вашето дете .
• Побарајте контејнер во аптека за складирање на избиено запче како што е прикажано на сликата и чувајте го вашата семејна аптека за да го искористите во вакви ситуации.