Промедика Поликлиника

Промедика Поликлиника Почитувај го своето здравје!

Промедика Медикал Центар е приватна поликлиника која Ви нуди широк спектар на специјалистички услуги и професионална и квалитетна нега од дијагноза до рехабилитација во пријатен амбиент.

Промедика Медикал Центар го сочинуваат тим стручни лица спремни со своето знаење, искуство, трпеливост и љубезност да се грижат за вашето здравје, почитувајќи ги највисоките стандарди и принципи на современата м

едицина и препораките на СЗО.

Приемот на пациенти се извршува во современо опремен и топол амбиент во кој ќе се чувствувате пријатно добредојдени во секое време.

Во нашата установа работат стручњаци од различни медицински области кои со помош на најсовремената опрема се во можност брзо и прецизно да постават дијагноза и да ординираат соодветна современа терапија.

Работно време:
понеделник-петок: 07:30-20:00
сабота: 09:00-14:00 (оддел за физикална медицина и рехабилитација)

09/05/2026

Често мислиме дека некои здравствени проблеми се далечни. Дека им се случуваат на други жени, во други семејства, во други приказни.

Но, ракот на јајниците не е нешто што се случува „некому таму“. Па и бројките го потврдуваат истото.

👉Секоја година, над 324.000 жени во светот добиваат дијагноза рак на јајниците.

👉Над 206.000 жени годишно го губат животот од ова заболување.

👉Ракот на јајниците е 8ми најчест рак кај жените во светот, а до 2050 година, бројот на случаи може да порасне за повеќе од 55%.

Ова не се лесни бројки.
Не се бројки што сакаме да ги слушнеме.
Но токму затоа мора да зборуваме за нив.

Бидејќи кога ракот на јајниците се открива рано, петгодишното преживување е околу 92%. Кога се открива во напредна фаза, таа бројка паѓа на околу 32%.

Во оваа епизода, нашите докторки специјалисти по гинекологија и акушерство заедно со Теодора од Period Skopje зборуваат за симптомите кои жените често ги игнорираат, за важноста на редовните гинеколошки прегледи и за тоа зошто подигнувањето на свеста може да направи вистинска разлика.

Оваа епизода нека биде потсетник за секоја жена: не чекај симптомите да станат гласни за да им обрнеш внимание.

Закажи редовен гинеколошки преглед.
Зборувај. Прашај. Провери.

08/05/2026

Овие луѓе треба да се проверат на кардиолог. Совети од Промедика Поликлиника #клиниказасе ZaSe.mk ZA SE Mence Tochi

Го прошируваме тимот на Промедика Поликлиника со д-р Славица Митровска, која е тука за навремена кардиолошка проценка, д...
08/05/2026

Го прошируваме тимот на Промедика Поликлиника со д-р Славица Митровска, која е тука за навремена кардиолошка проценка, дијагностика и советување за здравјето на срцето и крвните садови. ❤️

Во рамки на кардиолошките услуги, достапни се основен и целосен кардиолошки преглед, како и дополнителни пакети кои опфаќаат ЕКГ, ехокардиографија, стрес тест, васкуларен доплер и други прегледи според потребите на пациентот.

Редовниот кардиолошки преглед е важен особено при висок крвен притисок, болка или притисок во градите, забрзано срцебиење, замор, вртоглавици или семејна историја на срцеви заболувања.

👉 Навремената проверка може да помогне во рано откривање на ризици и подобро следење на здравјето.

📞 Закажете кардиолошки преглед на 0800 301 30

🌸 Пролетта е совршено време да ѝ посветиш повеќе внимание на својата кожа.✨ Понекогаш најдобриот чекор не е нов производ...
06/05/2026

🌸 Пролетта е совршено време да ѝ посветиш повеќе внимание на својата кожа.

✨ Понекогаш најдобриот чекор не е нов производ - туку стручен совет.

✉️ Закажи дерматолошки преглед и откриј што навистина ѝ треба на твојата кожа.

📞 0800 301 30

🌺 Мај е месец посветен на подигнување на свеста за меланомот и важноста од навремена проверка на кожата.Промените на бем...
05/05/2026

🌺 Мај е месец посветен на подигнување на свеста за меланомот и важноста од навремена проверка на кожата.

Промените на бемките, нови пигментни промени, неправилна форма, промена на боја, големина или чешање не треба да се игнорираат.

🔎 Дермоскопијата е брза и безболна метода со која дерматологот може подетално да ја процени структурата на бемките и кожните промени.

Во текот на мај, во Промедика Поликлиника имаме промотивни цени за дермоскопија:

👉 Проверка на една бемка: 1.200 ден.
👉 Проверка на цело тело: 2.400 ден.

Навремената проверка може да помогне во рано откривање на сомнителни промени.

Закажете дермоскопски преглед и посветете внимание на промените што ве загрижуваат.

📞 0800 301 30.

👉 Чувство на замор, поспаност или недостаток на енергија не секогаш е резултат само на брзо темпо на живот.Понекогаш, ов...
04/05/2026

👉 Чувство на замор, поспаност или недостаток на енергија не секогаш е резултат само на брзо темпо на живот.

Понекогаш, овие промени можат да бидат поврзани и со работата на тироидната жлезда, која има голема улога во регулирање на метаболизмот, енергијата, телесната температура, срцевиот ритам и хормоналната рамнотежа.

🔎 Ехо прегледот на тироидната жлезда е брза, безболна и неинвазивна метода која овозможува детална проценка на структурата на жлездата и може да помогне во откривање на промени како јазли, зголемување или воспалителни промени.

Во Промедика Поликлиника, ехо прегледот на тироидната жлезда вклучува детален ултразвук, преглед од специјалист и консултација.

Навремената проверка може да помогне промените да се откријат порано и да се следат соодветно.

📞 Закажете го Вашиот термин на бесплатниот телефонски број 0800 301 30.

Распоред на Докторките од Општа Медицина и Педијатрија — од 04.05 до 08.05 📆
03/05/2026

Распоред на Докторките од Општа Медицина и Педијатрија — од 04.05 до 08.05 📆

27/04/2026

Редовните прегледи не се само превенција, туку грижа кон себе. 💙

Ехо прегледот на гради е брз, безболен и важен чекор за навремена проверка на здравјето.

👉Закажете преглед и направете простор за своето здравје.

📞 0800 301 30
📍 Промедика Поликлиника

Распоред на Докторките од Општа Медицина и Педијатрија — од 27.04 до 30.04 📆
27/04/2026

Распоред на Докторките од Општа Медицина и Педијатрија — од 27.04 до 30.04 📆

23/04/2026

MBST терапијата е неинвазивен и безболен третман кој го користи принципот на магнетна резонанца со терапевтски пристап, со цел да поддржи регенеративни процеси во ткивото.

👉 Се применува кај состојби и повреди на мускулно-скелетниот систем, а нејзината цел е да помогне во намалување на болката и воспалението, подобрување на подвижноста и поддршка на секојдневното функционирање.

📞 За повеќе информации околку терапијата, контактирајте не на бесплатниот телефонски број 0800 301 30.

15/04/2026

👉 Дијагноза за дискус хернија не значи дека операцијата е единственото решение.

Д-р Александра Мрмевска објаснува што следува понатаму – како се поставува правилен план на третман, кои се неинвазивните опции и како со соодветен пристап може да се намали болката и да се врати нормалното движењето.

Навремената консултација и правилната насока прават огромна разлика.

📞 За повеќе информации и консултација, контактирајте не на 02 3248 454.

Address

Кирил и Методиј 50
Skopje
1106

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Промедика Поликлиника posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Промедика Поликлиника:

Share

Category