15/04/2026
Не сум од тие што веруваат во краткорочни предизвици.
Верувам во процес, во континуитет и во навики што траат.
Но исто така знам дека понекогаш не ни фали желба.
Ни фали насока.
Нешто што ќе нè помести од место и ќе ни го покаже патот.
Токму тоа беше идејата зад Spring Reset 🌸
Да не биде уште еден почеток што ќе заврши, туку процес во кој ќе влезеш, ќе фатиш ритам и ќе продолжиш.
Spring Reset не е само програма што ќе ја поминеш.
Туку систем што те води, чекор по чекор.
8 недели. Тренинзи. Менија. Едукации.
И група жени кои почнуваат заедно со тебе на 20 април. ✨
Имаш избор помеѓу две нивоа:
💪🏼 Start - ако си почетник и сакаш да влезеш во ритам, да се вратиш на движењето и да изградиш навика што ќе ја задржиш.
💪🏼 Sculpt - ако веќе вежбаш и сакаш повеќе.
Повеќе сила, поизразен тонус и видлива промена во телото. Тренинзи што комбинираат пилатес за сила, работа со тегови, кардио и мобилност, со фокус на форма, контрола и дефиниција.
Во Spring Reset добиваш:
✔️ 8 недели структуриран план за вежбање
(тренинзите се 20–30 минути, со мал дел подолги до 40тина минути — само во напредната програма)
✔️ две 7-дневни пролетни менија 🥗
✔️ база со 300+ рецепти и шопинг листи
✔️ habit tracker за континуитет
✔️ пристап до целата FitLife платформа
✔️ приватна Viber заедница 💬
Сè е направено за овој пат да не зависиш од мотивација,
туку да имаш јасен систем што те води.
Доколку се приклучиш до 19 април,
првиот месец го добиваш по специјална цена од 799 денари. ✨
Ако веќе размислуваш, ова е моментот да почнеш.
Твоето здравје и благосостојба се темел на сè друго.
Направи го ова за себе, и за тие што ги сакаш. 🤍
Пријави се веднаш и подготви се за стартот на 20.04
📍draganafitlife.mk
Те чекам 🫶