Varus

Varus We bridge innovation and science to shape progress in Pharmaceuticals and Life Science

09/03/2026

🌹Од секој мал чекор до секоја голема одлука, нашиот напредок е поттикнат од прецизноста и грижата на жените во нашиот тим.

Вашата посветеност и експертизата не само што ги исполнува стандардите - туку ги поставува.

Заедно, сме подготвени за секој нов предизвик што претстои.

Среќен 8 март!🌹

08/03/2026

🌹 Среќен 8 март! Интернационален ден на жената!

📍Варус на 2nd Congress of SEEFHPV – СкопјеКомпанијата Varus учествуваше на 2nd Congress of SEEFHPV – Southeast European ...
06/02/2026

📍Варус на 2nd Congress of SEEFHPV – Скопје

Компанијата Varus учествуваше на 2nd Congress of SEEFHPV – Southeast European Forum for Human Papillomavirus, кој се одржа во Скопје од 30 јануари до 1 февруари 2026 година, со сопствен симпозиум во траење од 45 минути.

🎤Темата на симпозиумот беше:
„Синергија на орален и локален пристап во HPV менаџмент: Colpofix Immunity + Colpofix Spray“

Предавањето го одржа проф. д-р Катерина Николoвска,
од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Како компанија, нашата мисија е да им понудиме на здравствените професионалци сигурни, ефикасни и современи решенија кои придонесуваат за подобрување на здравјето и квалитетот на живот на пациентките.

🎉 Славиме 10 години посветеност! 🎉Оваа година, со голема гордост одбележуваме 10 години јубилеј на три извонредни колешк...
09/01/2026

🎉 Славиме 10 години посветеност! 🎉

Оваа година, со голема гордост одбележуваме 10 години јубилеј на три извонредни колешки од Варус и Бионика Фармацеутикалс — вистински столбови на нашата компанија во различни сегменти од работењето.

Нивната посветеност, страст и експертиза имаат клучна улога во нашиот успех и претставуваат инспирација за целиот тим.

🏅 Ана Филиповска – Supply Manager, Production | Varus
Ана се истакнува со својата прецизност, посветеност и способност да обезбеди навремено и квалитетно снабдување со суровини, што е од суштинско значење за континуитетот и успехот на производствениот процес во Варус. Нејзината професионалност во изминатите 10 години е пример за целиот тим, а многу од постигнувањата на компанијата не би биле можни без нејзиниот придонес.

🏅 Слаѓана Серафимоска – Business Unit Manager CM&E | Varus
Како лидер на продажниот тим во Варус, Слаѓана внесува енергија, динамичност и силна посветеност во сè што работи. Преку нејзината извонредна способност да води, инспирира и мотивира тим, таа ја унапреди ефикасноста на продажбата, ја зацврсти довербата на клиентите и даде директен придонес кон угледот и континуираниот успех на компанијата.

🏅 Кети Шапкоска – R&D Coordinator | Bionika Pharmaceuticals
Кети има клучна улога во иновацијата и развојот на производите во Bionika Pharmaceuticals. Нејзиниот аналитички пристап, организациски вештини и креативност отвораат нови можности за раст, додека нејзината посветеност обезбедува компанијата да остане конкурентна и иновативна на пазарот.

👏 Ви благодариме што сте дел од нашиот тим.
Заедно со вас, со доверба гледаме кон иднината и се стремиме кон уште поголеми успеси.

31/12/2025

Ви посакуваме среќни празници и просперитетна Нова година! Нека празничните денови бидат исполнети со мир, радост и добра волја.🥂

18/12/2025

35 години. Една цел.

Приказна изградена врз доверба, соработка и верба дека науката има најголема вредност кога создава реална вредност за луѓето.

Од почетоците, преку регионалните партнерства, од Life Science до фармацијата, од секојдневна работа до општествена одговорност, секој чекор е воден од иста идеја: да ја поврземе науката со реалниот живот.

Ова видео е приказна за континуитет, за луѓето зад процесите и за партнерствата што ја движат науката напред.

Наука што се грижи. Партнерство што трае. 35 години.

#ВАРУС #35Години #ЕднаЦел #НаукаШтоСеГрижи #ПартнерствоШтоТрае #Фармација

ВАРУС – „Најуспешно партнерство“ на ТОП 100™ 2025На овогодинешното издание на ТОП 100™ 2025, во организација на Стопанск...
26/11/2025

ВАРУС – „Најуспешно партнерство“ на ТОП 100™ 2025

На овогодинешното издание на ТОП 100™ 2025, во организација на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Варус го доби признанието „Најуспешно партнерство“.

Оваа награда ја потврдува нашата долгорочна стратегија за градење силни, одржливи и доверливи партнерства, кои придонесуваат за постојан развој и заеднички успех.

Им упатуваме благодарност на организаторите и на нашите партнери за континуираната соработка и професионален ангажман.

14/11/2025

Оваа година, по повод Светскиот ден на дијабетес, си поставивме едно едноставно, но важно прашање: „Што те држи во баланс?“

Одговорите ги запишавме на нашата заедничка табла, а додека тимот подготвуваше свежо смути, секој остави мал потсетник на тоа што му ја враќа рамнотежата.

За некого тоа е здрав оброк, за друг утринското кафе, тренингот, прошетката во природа и планинарењето или кратките моменти со колегите.

Балансот е личен, и вреди да го негуваме секој ден. ✨

Здравата храна, редовното движење и малите секојдневни навики можат значително да придонесат за подобро здравје и намалување на ризикот од дијабетес тип 2. Секој избор што го правиме во текот на денот е чекор кон поголема рамнотежа и долгорочна благосостојба.

📸 Во продолжение неколку моменти од нашата дружба.

🌍Денес го одбележуваме Светскиот ден на дијабетесот.Секоја година, на 14 ноември, овој ден не потсетува на важноста од п...
14/11/2025

🌍Денес го одбележуваме Светскиот ден на дијабетесот.

Секоја година, на 14 ноември, овој ден не потсетува на важноста од подигнување на свеста за предијабетесот и дијабетесот – нивното влијание, можните компликации и значењето на навремената дијагноза.

👉Тема на Светскиот ден на дијабетес 2025 е Дијабетес и благосостојба, со посебен фокус на дијабетесот на работното место. Со соодветна грижа, поддршка и разбирање, лицата со дијабетес можат да живеат здрав, продуктивен и исполнет живот.

🩸Дијабетесот и понатаму претставува едно од најраспространетите здравствени состојби ширум светот.

📋Според Светската здравствена организација, повеќе од 800 милиони возрасни лица живеат со дијабетес.

Иако дијабетесот е комплексна состојба под влијание на многу фактори, превенцијата е клучна. Балансираната исхрана, редовната физичка активност и рутинските лекарски прегледи значително можат да го намалат ризикот.

#светскиденнадијабетес

28/10/2025

🌿 Садиме иднина, славиме заеднички успех 🌿

Минатиот викенд нашиот тим се собра во Grizzly Mountain Center, Козјак на посебен тим билдинг во природа по повод 35 години Варус 💚

Во духот на заедништвото и одговорноста кон природата, засадивме 350 садници во чест на 35 години Варус, бевме дел од активности на отворено и ја прославивме довербата и тимската работа што нè водат веќе три и пол децении.

Потсетување дека секој успех има поголема вредност кога е заеднички 🌱

Да продолжиме да растеме и следните 35 години, за нашиот тим и за заедницата за која се грижиме 🌍✨

Address

“Скупи” бр. 57
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Varus posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram