16/10/2025
Драги наши пациенти, пријатели и дел од нашето семејство.
Со голема благодарност и искрени емоции Ви се обраќаме.Благодариме што сте дел од нашата ординација, што ни ја доверивте Вашата грижа и здравје, и што секојдневно ни давате причина да работиме со љубов и насмевка.
Вашата доберба е наша најголема награда и мотивација за нас.Секој Ваш збор, секоја насмевка и секоја благодарност што ја
добиваме од Вас, ни дава сила да бидеме подобри, повнимателни и посрдечни.
Во секој ден кога заедно бараме решение, кога се грижиме за вашето здравје или едноставно споделуваме убав збор, ние чуствуваме дека тоа нее само работа, туку единствена човечка поврзаност.
Благодариме што сте наш избор, како што сме и ние на Вас.
Ви посакуваме многу здравје,мир и радост.
Секогаш сме тука за Вас со доверба , насмевка и со отворено срце.
Големо благодарам што не одбравте за Ваш матичен тим и што заедно го одржуваме здравјето-највредното нешто што го имаме.
Со почит и топлина
ПЗУ,,ФЕСТ МЕДИКА"