08/11/2025
Дерматологот дијагностицира и третира повеќе од 3000 кожни заболувања.
Кога ќе забележите некаква промена на кожата колку и да изгледа банално, проверете ја кај дерматолог, може да биде една од 3000 дијагнози.
Дерматологот прави темелен преглед на кожата, прво со лупа, потоа со дермоскоп, ве распрашува опширно за сите можни причини и провокативни фактори, и размислува за бројните дијагнози кои би можеле да одговорат на вашата промена. Доколку е потребно прави и дополнителни иследување, со цел да постави точна дијагноза а со тоа и соодветно лекување.
Промените на кожата кај едно заболување може да изгледаат различни, зависно од возраста, локацијата, од староста и еволуцијата на самата промена, од типот на кожа како и професионалните окружувања и секојдневни активности на пациентот.
Сето ова се случува додека дерматологот “само ме ѕирна”!