
11/06/2024
Прослава на Меѓународен Ден на Јогата во МАКЕДОНИЈА 🇲🇰
Во организација на Индиската амбасада и Здружението Јога Сурја Сонце од Струмица а по повод Меѓународен ден на јогата - International Day of Yoga Ве покануваме да учествувате на јубилејната прослава на десет (10) годишнината од прогласувањето на истиот во Обединетите Нации на настаните кои ќе се одржат низ неколку града во МК🇲🇰
Прославата ќе се одржи во следните градови:
1. Во ОХРИД на 16 Јуни - недела, во 9,оо саатот на локација"Кај Војскана - Ајван плажа" (на брегот на Езерото). Присутни ќе бидат Н.Е. Санџај Рана - Индиски Амбасадор и Градоначалникот на Одрид Г-дин Кирил Пецаков.
2. Во БИТОЛА на 17 јуни - понеделник, во 18,3о саатот на локација "Офицерски Дом" (на платото). Присутни ќе бидат Н.Е. Санџај Рана - Индиски Амбасадор и градоначалникот на Битола Г-дин Тони Коњановски.
3. Во СКОПЈЕ на 18 јуни - вторник во 18,3о саатот на локација"летна сцена Лепеза" зад Хот. Александар Палас. Ќе бидат присутни Н.Е. Санџај Рана - Индиски Амбасадор и градоначалникот на Скопје Г-ѓа Данела Арсовска.
4. Во СТРУМИЦА на 20 јуни - четврток спортската сала на "ДИМИТАР ВЛАХОВ" во 18,3о саатот.
Организаторот ќе подели бесплатни маици со логото од Меѓународниот ден на Јогата. Освен редовните јогини кои ќе учествуваат на заедничкиот час, ги покануваме и љубителите на јогата и здравиот начин на живот како и поранешните практиканти да учествуваат на овој настан.
За настанот во Скопје, ве молам пополнете ја оваа форма за да добиете маица во бројот кој што ви одговара
https://forms.gle/d8dgB7GMgmwmNXfBA
Настаните ќе бидат медиумски покриени.
Сите сте добредојдени - МК ❤️🇲🇰