Бекамедика

  • Home
  • Бекамедика

Бекамедика Помагаме на лица со Хашимото, полицистични јајници , инсулинска резистенција и инфертилитет да ги решат своите проблеми на природен начин

ШТО Е БИОРЕЗОНАНТНА ДИЈАГНОСТИКА❓

Биорезонантната дијагностика или NLS ги обединува дијагностичките можности на компјутерската томографија, магнетната резонанца и ултразвукот. Секој еден од нив одделно открива само веќе оформени процеси или болести, додека NLS скенерот ја анализира состојбата на поединечниот орган до ниво на клетка, хромозом и ДНК и на тој начин овозможува рана дијагноза и прогноза за развој на евентуално заболување од 3 до 5 години пред појавата на првите симптоми.
Со апаратот се врши брз, безболен, неинвазивен преглед на целиот организам без зрачење.

ЗА ШТО СЕ СЕ КОРИСТИ БИОРЕЗОНАНТНАТА ДИЈАГНОСТИКА❓

Биорезонантната дијагностика се користи за дијагностика на:
▪ Хронични дегенеративни болести од сите видови
▪ Автоимуни болести
▪ Тумори (малигни и бенигни)
▪ Хронични инфекции
▪ Акутна и хронична болка и воспаление
▪ Замор, исцрпеност, нарушувања на спиењето, депресии, мигрена, психосоматски заболувања, алергии, егзема, невродерматитис
▪ Хормонални промени
▪ Мускулно-скелетен систем (коски, зглобови, мускули)
▪ Лимфен систем, индивидуални лимфни јазли
▪ Кардиоваскуларен систем (срце, артерии, вени)
▪ Нервен систем (централен и периферен нервен систем- черепен и рбетен мозок, черепни и рбетни нерви)
▪ Урогенитален систем (бубрег, уретрa, уровезика, гениталии, простата)
▪ Респираторен систем (бели дробови, трахеа, бронхии, бронхиоли)
▪ Дигестивен систем (хранопровод, желудник, црева, црн дроб, жолчка)
▪ Ендокриниот систем (хипофиза, тироидната жлезда, надбубрежни жлезди, панкреас)
▪ Бактерии, габи, вируси и паразити
▪ Алергени и токсини
▪ Генетски предиспозиции за болести
▪ Недостаток на витамини и минерали
▪ Адекватна исхрана

НА КОЈ ПРИНЦИП РАБОТИ БИОРЕЗОНАНТНАТА ДИЈАГНОСТИКА❓

Сите ткива, органи и клетки во нашето тело имаат дадена фреквенција својствена само за нив и запишана во компјутерската меморија. Како што ЕКГ-то врши читање на електричните сигнали произведени од срцето, ЕЕГ-то врши читање на електричните сигнали од мозокот, на истиот принцип и биорезонантната дијагностика ги чита произведените електрични сигнали од сите телесни системи во една сесија.

Секој орган ја менува својата фреквенција (електричен сигнал) кога има било каква патолошка промена (болест, инфекција, паразит) и тој променет сигнал се праќа преку сензорите што се наоѓаат во слушалките за време на снимањето. Кога ќе се забележи таква промена во фреквенциите на даден орган, експертот ја локализира и во истиот момент прави анализа на ниво на хромозоми и ДНК за да испита која е точната причина позади променетиот сигнал.

👩‍⚕ Во Бека Медика снимањето се состои од два дела:
1⃣ Основно снимање – генерална претстава за хроничната состојба на органите и приказ на евентуални акутни процеси

2⃣ Изработка на резултатите – резултатите се индивидуални за секој пациент и, поради потребната деталност да се опфати секој процес во телото, нивната анализа трае дури и по неколку часа (не е потребно присуство на пациентот додека трае анализата)

ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС❓

Нашата цел не е само поставување на дијагноза, туку и решавање на основната причина за симптомите. За разлика од другите пациент-лекар релации кои што завршуваат по препишување на терапија, во нашата релација по определувањето на терапијата и за време на применување на истата пациентот е во постојан контакт со Докторот се до самата елиминација на проблемот.

КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ НА БИОРЕЗОНАНТНАТА ДИЈАГНОСТИКА❓
✔ Неинвазивна, сосема безбедна процедура
✔ Преглед на цело тело со само еден преглед
✔ Точност од 98%
✔ Откривање на болести уште во најрана фаза
✔ Нема зрачење
✔ Нема несакани ефекти и нуспојави

👉 Закажете го вашиот преглед:
📞 077/706-788
📧 bekamedika@gmail.com

Локации:
Ординација Бека Медика – Виница
📌 ул. Ванчо Прке бр.3

Ординација Бека Медика – Штип
📌 ул. Сутјеска бр. 43

Вашето здравје е наша грижа.
Бекамедика
#БиорезонантнаДијагностика #БекаМедика

14/11/2025

Полицистичните јајници не се само хормонски проблем — а е метаболичко нарушување што го менува начинот на кој старее твоето тело.

Во последните години истражувањата се кристално јасни:
жените со PCOS имаат значајно повисок ризик за:

1️⃣ Тивок раст на ризик за карцином

Хроничната ановулација значи месеци и години без доволно прогестерон.
Тоа создава средина со „неконтролиран“ естроген → што директно го зголемува ризикот за ендометријален карцином.
Вишокот инсулин и воспаление дополнително ја зголемуваат веројатноста за карцином на јајник и дојка.

2️⃣ PCOS го влошува кардиоваскуларниот систем

Инсулинската резистенција, повисокиот LDL, понискиот HDL, покачен крвен притисок и хроничната инфламација →
ова е кардиоваскуларен „пакет“ кој кај жените со PCOS се активира најмалку една деценија порано од другите жени.

Токму затоа водичите ја класифицираат PCOS како состојба со висок кардио-метаболички ризик, не како гинеколошко нарушување.

3️⃣ Ризик од мозочен удар (инсулт)

Новите податоци покажуваат дека PCOS носи двојно повисок ризик за мозочен удар,
главно поради комбинацијата: инсулинска резистенција + воспаление + нарушена васкуларна функција.

И тука е поентата што никој не ја кажува јавно:

👉 PCOS не е само циклус и акни.
PCOS го обликува ризикот на твоето тело за следните 10–20 години.

И уште поважно:
👉 Овој ризик може да се намали — драматично — ако се реагира навреме.

Не со „јади поздраво“.
Туку со стратегија што ги адресира:
✔ инсулинот
✔ воспалението
✔ хормонската оска
✔ телесната тежина
✔ микробиомот
✔ стресот
✔ сонот и кортизолот

Ова го прави разликата меѓу „се мачам со PCOS“ и „моето тело конечно работи за мене.“

Времето работи против тебе само ако ти не работиш за себе.

Ако имаш PCOS и се пронајде во овој рил – не мора сама.
Кликни на линкот во био и приклучи се во заедницата каде секоја жена има план, поддршка и место да праша сѐ што не ѝ кажале.

🤍д-р Марија

Референции:

https://pmc.ncbi.nlm.nih.gov/articles/PMC10164440/

https://bmcwomenshealth.biomedcentral.com/articles/10.1186/s12905-024-03421-4

Cardiovascular Risk in Women With PCOS - PMC

https://pmc.ncbi.nlm.nih.gov/articles/PMC12136119/

13/11/2025

ФАКТ: Една недоспана ноќ → повисока гликоза утре.
Не е единствено до храната. Сонот го менува инсулинот. Во клинички услови, рестрикцијата на сон ја намалува инсулинската чувствителност (OGTT/IVGTT/HOMA-IR). (!)

Кај жени со прекумерна тежина, полошиот квалитет на сон (подолга „sleep latency“, полоша субјективна оценка) значајно ја зголемува шансата за инсулинска резистенција — и тоа независно од други фактори. (!)

Кога не доспиваш, телото влегува во стрес - ↑кортизол. Ова води до зголемување на гладот (↑грелин), ја намалува ситоста (↓лептин) и води до “тивка” инфламација.

Резултат: Се намалува чувствителноста на инсулин, што значи повисок шеќер во крвта и поголем ризик за T2D.(дијабет тип 2)

Што можеш да направиш оваа седмица:
• 7–8 часа квалитетен сон (исто време легнување/станување, и за викенд).
• 60 мин пред спиење: исклучување на екрани + силна светлина.
• Протеинска вечера + 10 мин пешачење по оброк → пониска гликоза наутро.
• Ако хрчиш → скрининг за OSA- ноќна опструктивна апнеа (особено со ↑BMI). (ова е метаболичка интервенција, не само „комфорт“).

Морал на приказната: Ако сакаш стабилен шеќер и резултати на вага — сонот е една од првите работи која што треба да ја воведеш во ред за да видиш резултати.

Референции:

Association of sleep quality with insulin resistance in obese or overweight subjects - PMC

https://pmc.ncbi.nlm.nih.gov/articles/PMC10033442/

https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S1087079222000077

Останете ми со здравје🤍
д-р Марија

06/11/2025

Ако секој месец чекаш… и пак остануваш без одговор — пиши „BBTKIT“.
Ќе ти пратам водич што за 3 минути ќе ти покаже дали навистина имаш овулација или само се надеваш напразно

Дали навистина го разбираме инсулинот — или сè уште мислиме дека тоа е само „шеќер“?Во оваа епизода зборувам за најпотце...
05/11/2025

Дали навистина го разбираме инсулинот — или сè уште мислиме дека тоа е само „шеќер“?

Во оваа епизода зборувам за најпотценетиот хормон кој тивко го менува телото, плодноста и енергијата — и кај жени, и кај мажи.

Инсулинската резистенција не значи само килограми.
Значи хроничен умор. Мозочна магла. Хормонален хаос. Нестабилен циклус.
И да, може да биде причината зошто бременоста не се случува.

Ако со години се чувствуваш како „да не е нешто во ред“, но никој не ти дал одговор — оваа епизода е твојот почеток.

🎧 Гледај ја целата епизода:
👉 https://youtu.be/GGFBfnKN8HM?si=9tPeUt_bv1EGq7zF

💚 Генерален спонзор: Vitamini.mk — извор на чисти, проверени и клинички поддржани додатоци за здравје и хормонска рамнотежа.

05/11/2025

Не е диетата проблем.
Не е волјата проблем.
Инсулинот е диригентот.

Ако клетките не слушаат — ни хормони, ни тежина, ни фертилитет не мрдаат.
И да, ова важи и за жени… и за мажи.

Вечер во 21:00 — ја расклопуваме инсулинската резистенција под површината.
Сурово. Научно. Без митови.

💥 Ако чувствуваш дека телото ти кочи, не го пропуштај ова.

Не ти требаат три загуби за некој да те сфати сериозно.Една е доволна да ти се распадне светот.Ја слушам истата приказна...
01/11/2025

Не ти требаат три загуби за некој да те сфати сериозно.
Една е доволна да ти се распадне светот.

Ја слушам истата приказна премногу често:
„Се случува… почекај… ќе биде.“

Не.
Некогаш не е само среќа.
Некогаш е генетика.
Некогаш е автоимуно воспаление.
И многу често — е комбинација што никој не ја бара со време.

Кате не чекаше.
Истражи. Дејствуваше.
И денес — носи срце што чука под нејзино срце. 🤍

Ако и ти не сакаш да ја оставиш бременоста на „судбина“, туку на наука, стратегија и водство — тогаш не чекај.

Работам 1-на-1 со мал број на жени месечно.
Сакам да одам со тебе од првиот чекор — до првото срцебиење што ќе го слушнеш.

📌 Аплицирај преку линкот во био.

Со љубов,
д-р Марија 🤍

🎥 Епизода 3 — Жените не се неплодни — туку недоиспитани.👉 ГЛЕДАЈ ТУКА: https://youtu.be/XkxV_OMH6AwКолку жени живеат со ...
29/10/2025

🎥 Епизода 3 — Жените не се неплодни — туку недоиспитани.
👉 ГЛЕДАЈ ТУКА: https://youtu.be/XkxV_OMH6Aw

Колку жени живеат со зборот „неплодна“, а никој никогаш не проверил зошто нивното тело рекло „стоп“?

Ова не е приказна за надеж. Ова е анатомија на вистината што ја игнорира модерната медицина.

💣 Во оваа епизода зборувам за:
🔹 кога сите анализи се „нормални“, а бременост нема,
🔹 зошто тироидата, инсулинот и микробиомот се триаголникот што го одредува фертилитетот,
🔹 и зошто реченицата „имаш време“ е најопасната лага што можеш да ја чуеш.

📍 Ова не е класичен разговор за хормони — ова е водич за вистинска биолошка стратегија.

🌸 Ако се бориш со неплодност и сакаш индивидуален пристап, аплицирај за VIP 1-на-1 работа со мене:
👉 https://forms.gle/zX2gkw5nBo64hoFi7

💚 Под Површината со д-р Марија
🧬 Спонзор: Vitamini.mk – чисти, клинички потврдени додатоци што работат за телото, не против него.

Address

Skopje

2310

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Бекамедика posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Бекамедика:

  • Want your practice to be the top-listed Clinic?

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Центар за дијагностика и нутриционизам

-Биорезонантна дијагностика на сите органи

-Биорезонантно снимање за можни заболување на поедини органи во наредните 3- 5 години.

-Дијагностика на вируси,бактерии,паразити и токсини.

-Дијагностик на алергии.