ОО Црвен Крст- Битола

  • Home
  • ОО Црвен Крст- Битола

ОО Црвен Крст- Битола Red Cross Local Branch Bitola

Идејата за хуманост се родила во 1859 год. од страна на швајцарскиот трговец Анри Динан, кој бил сведок на ужасите од битката кај Солферино, Италија. Тој со четворица угледни пријатели, во Женева, Швајцарија формирал Меѓународен Комитет на Црвен крст и го регистрирал со заштитен знак Црвен крст на бело поле (обратно од обележјата на државното знаме на Швајцарија). Тогаш била донесена Конвенција од 10 члена и била прокламирана мисијата на движењето.

Денес меѓународното движење на Црвен крст го сочинуваат три сегменти:
1. Меѓународен Комитет на Црвен крст е со основни задачи:
- Помош на жртвите во вооружени судири;
- Евакуација и медицинска помош.

2. Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина формирана во 1919 година од повеќе Национални друштва со основни задачи:
- Помош на жртвите во катастрофи;
- Грижа за бегалците во други земји;
- Помош на Националните друштва во исполнување на програмските активности во случај на катастрофа;
- Координација на активностите помеѓу Националните Друштва.

3. Национални друштва – Црвен Крст на Република Македонија со основни задачи наведени во членот 19 од Законот за Црвен крст на РМ.
- Црвен Крст на РМ е формиран 17 Март 1945 година, а како самостојно друштво делува од 21 Мај 1992 година;
- Црвен Крст на РМ од Меѓународниот Комитет на Црвен крст епризнат на 01 Ноември 1995 година, а во Меѓународната федераци ја на Црвениот крст и Црвената полумесечина е примен во 27 Ноември 1995 година како 169 членка;
- Помош на Националните друштва во исполнување на програмските активности во случај на катастрофа;
- Координација на активностите помеѓу Националните Друштва

📍На ден 28.10.2025 Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска Организација Битола прими донација на храна од...
28/10/2025

📍На ден 28.10.2025 Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска Организација Битола прими донација на храна од ZK Pelagonija Bitola по повод Недела на борба против гладта.
Благодарни сме на донацијата која понатаму ќе биде спроведена онаму каде што е најпотребно, до социјално загрозените семејства.

ОДЛЕБЕЖУВАЊЕ НА ПХВ НЕДЕЛА 👉 На ден 25.9.2025 Општинската Организација на Црвен крст Битола ја одбележа ПХВ неделата со ...
26/10/2025

ОДЛЕБЕЖУВАЊЕ НА ПХВ НЕДЕЛА

👉 На ден 25.9.2025 Општинската Организација на Црвен крст Битола ја одбележа ПХВ неделата со свечен настан во НУ Универзитетска Библиотека “Св. Климент Охридски” Битола каде беа доделени дипломи за учество на сите овогодинешни учесници во циклусот.

👉 Исто така, оваа година Општинските Организации на Црвен крст Битола, Неготино и Св. Николе се прославија со ПРВО место 🏆

👉 Им честитаме на сите Општински Организации во нашата држава за овогодинешниот успех!

#црвенкрст #црвенкрстбитола #пхв #цкмлади

20/10/2025
✨ НЕДЕЛА НА МЛАДИ 1-7 ОКТОМВРИ ✨👉 Оваа година, неделата на млади ја одбележавме под мотото “Биди промената што сакаш да ...
19/10/2025

✨ НЕДЕЛА НА МЛАДИ 1-7 ОКТОМВРИ ✨

👉 Оваа година, неделата на млади ја одбележавме под мотото “Биди промената што сакаш да ја видиш”!

👉 Организиравме повеќе активности, меѓу кои и тим билдинг каде им беа доделени акредитации на постарите волонтери, беа одржани повеќе енерџајзери, работа во парови и групи и уште многу активности!

✅ Стани и ти дел од Клубот на млади!

#црвенкрст #цкмлади #црвенкрстбитола

⛑️🩹 На ден 1.10.2025, волонтери обучени по прва помош од Општинската Организација на Црвен крст Битола, зедоа учество ка...
12/10/2025

⛑️🩹 На ден 1.10.2025, волонтери обучени по прва помош од Општинската Организација на Црвен крст Битола, зедоа учество како медицинско обезбедување на овогодинешниот есенски крос каде учествуваа ученици од основните и средните училишта.
Честитки до учесниците за постигнатиот успех!

#ЦрвенКрст #ЦКмлади #првапомош #црвенкрстбитола

📚 ДОНАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕН ПРИБОР 📚👉 Општинската Организација на Црвен крст Битола како и секоја година, така и оваа ја спр...
09/10/2025

📚 ДОНАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕН ПРИБОР 📚

👉 Општинската Организација на Црвен крст Битола како и секоја година, така и оваа ја спроведе акцијата за собирање и донација на училиштен прибор.

👉 Оваа акција се спроведе во сите основни и средни училишта, меѓу кои и С О У Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола каде учениците и вработените ја покажаа својата социјална одговорност и поддршка на ученици од социјално загрозени семејства. Ви благодариме од срце!

🤍 Секое дете заслужува прибор за пишување!

#црвенкрст #црвенкрстбитола #цкмлади

📚 ДОНАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕН ПРИБОР 📚👉 Општинската Организација на Црвен крст Битола како и секоја година, така и оваа ја спр...
09/10/2025

📚 ДОНАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕН ПРИБОР 📚

👉 Општинската Организација на Црвен крст Битола како и секоја година, така и оваа ја спроведе акцијата за собирање и донација на училиштен прибор.

👉 Собирна акција се изврши на два пункта во нашиот град и во сите основни и средни училишта во Битола. Голема благодарност до сите што донираа од срце!

👉 Дел од училиштата каде се собираше прибор и воедно беше дониран истиот се ОУ “Ѓорѓи Сугарев”, ОУ “Стив Наумов”, ОУ “Кирил и Методиј” и ОУРЦ “Кочо Рацин” Битола.

🤍 Секое дете заслужува прибор за пишување!

#црвенкрст #црвенкрстбитола #цкмлади

📚 ДОНАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕН ПРИБОР 📚👉 Општинската Организација на Црвен крст Битола како и секоја година, така и оваа ја спр...
09/10/2025

📚 ДОНАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕН ПРИБОР 📚

👉 Општинската Организација на Црвен крст Битола како и секоја година, така и оваа ја спроведе акцијата за собирање и донација на училиштен прибор.

👉 Едно од повеќето училишта каде се спроведе ваква акција беше ОУ “Св. Климент Охридски” Битола каде успеавме да израдуваме повеќе дечиња.

👉Голема благодарност до училиштето за врачената благодарница!

🤍 Секое дете заслужува прибор за пишување!

#ЦрвенКрст #црвенкрстбитола #ЦКмлади

🤍НЕДЕЛА НА МЛАДИ🤍👉 Од 1 до 7 октомври ја одбележуваме неделата на млади под мотото “Биди промената што сакаш да ја видиш...
09/10/2025

🤍НЕДЕЛА НА МЛАДИ🤍

👉 Од 1 до 7 октомври ја одбележуваме неделата на млади под мотото “Биди промената што сакаш да ја видиш”.

👉 За таа цел дел од волонтерите од нашата Општинска Организација го искажаа своето мислење за волонтирањето и што за нив претставува Црвен крст.

Дојди и стани дел од нашето семејство! 🤍

#црвенкрст #цкмлади #црвенкрстбитола #бидипроменаташтосакашдајавидиш

08/10/2025
07/10/2025
06/10/2025

Address

Филип Втори Македонски 54
Bitola
7106

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОО Црвен Крст- Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ОО Црвен Крст- Битола:

  • Want your practice to be the top-listed Clinic?

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram