Здружение До бебе по патот на ИВФ

Здружение До бебе по патот на ИВФ Дел од целите:
Зголемување на бројот на ваучери за прво дете и поголем дел од терапијата на позитивна

Уште една наша иницијатива доби позитивен одговор од Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија пре...
31/10/2025

Уште една наша иницијатива доби позитивен одговор од Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија предводен од директорот Сашо Клековски 👇👇👇

Ново проширување на позитивната листа – до крајот на ноември!
✅ Антикоагулансите Еноксапарин (Клексан) и Надропарин (Фраксипарин) – влегуваат на позитивна А-листата, за продолжено домашно лекување!
🔹 Од сега: на рецепт – директно од аптека!

Во името на стотици пациенти благодариме!

#Здравство #ПозитивнаЛиста #Клексан #Фраксипарин #ФЗО #ФЗО25години

Имавме чест и задоволство да бидеме дел од 👇👇👇 💬 ГРАЃАНИТЕ– ГЛАСОТ ШТО МЕНУВА!Дводневна средба исполнета со идеи, инспир...
30/10/2025

Имавме чест и задоволство да бидеме дел од 👇👇👇

💬 ГРАЃАНИТЕ– ГЛАСОТ ШТО МЕНУВА!
Дводневна средба исполнета со идеи, инспирација и акција! 💡
Вистинските промени започнуваат од луѓето што веруваат дека можат да направат разлика.

📅 На 25 и 26 октомври 2025 година се одржа обука на тема „Граѓанско учество во процесите на креирање политики и донесување одлуки“
Преставници од 20 грасрут организации од 8 региони на земјата, преку интерактивни сесии ги :
⚖️ истражуваа законските можности за учество на граѓаните,
🏛️ дискутираа како здруженијата придонесуваат за децентрализација,
🤝 учеа како да градат партнерства со локалните власти,
🧩 и креираа локални иницијативи и акциски планови за промени во своите заедници.
✨ Обуката беше вистински простор за размена на искуства, визии и модели на граѓански ангажман – затоа што вистинските промени започнуваат од луѓето што веруваат дека можат да направат разлика.

Што навистина знаеш за својата плодност?Премногу често, фактите се кријат зад митови, стигма или молк. Но, разбирањето н...
29/10/2025

Што навистина знаеш за својата плодност?
Премногу често, фактите се кријат зад митови, стигма или молк. Но, разбирањето на сопствената плодност не е само прашање на планирање семејство — тоа е прашање на информиран избор за твоето здравје, твојата иднина и твојот живот.

Во рамките на , ќе ги потенцираме најважните работи што секој треба да ги знае за плодноста. Знаењето е моќ — време е таа моќ повторно да биде во твои раце.

Следи нè! Почнуваме на 3 ноември.

Полни срца, насмевки и разговори што вредат МНОГУ! ☕💙Нашата Кафе средба обедини луѓе кои сакаат да слушнат, разберат и с...
29/10/2025

Полни срца, насмевки и разговори што вредат МНОГУ! ☕💙
Нашата Кафе средба обедини луѓе кои сакаат да слушнат, разберат и споделат – затоа што секој пат до бебе е важен. 🤍

Вчера, во прекрасна атмосфера во Ars Lucida, заедно со нашите гости
✨ Д-р Славјанка Станоевска, гинеколог-акушер и IVF специјалист
и
✨ м-р Марија Тодоровска Ивковиќ, специјалист по биохемија со физиологија и микробиологија, андролог од IVF Mon Bebe – Центар за плодност,
отворено разговаравме за теми кои ретко се споделуваат – IVF, андрологија, ембриологија и криопрезервација.

Со едно кафе и искрени разговори ги разбивавме митовите, внесовме јасност, и споделивме надеж со сите кои се на својот пат до бебе. 🤍

Голема благодарност до нашите гости за нивната стручност и емпатија,
до GametixF и GametixM – Densmore Laboratories за поддршката,
и до Esensa за прекрасните подароци. 🎁

Секој ваков настан потврдува дека не сме сами – дека кога зборуваме отворено, креваме свест, рушиме предрасуди и градиме заедница полна со разбирање и поддршка. 💫

Благодариме на сите што беа со нас – со едно кафе, со многу искреност и разбирање. ☕💙

#ДоБебеПоПатотНаИВФ #КафеСредба #ЗаедноДоБебе

🔴ПОТСЕТУВАЊЕ 💬 Ајде да зборуваме отворено за патот до бебе!☕️ Кафе средба: IVF, ембриологија и репродуктивно здравје 👩‍⚕...
27/10/2025

🔴ПОТСЕТУВАЊЕ

💬 Ајде да зборуваме отворено за патот до бебе!
☕️ Кафе средба: IVF, ембриологија и репродуктивно здравје 👩‍⚕️👨‍🔬

Дојдете на отворен разговор со:
✨ Д-р Славјанка Станоевска – гинеколог-акушер и IVF специјалист
✨ м-р Марија Тодоровска Ивковиќ – специјалист по биохемија со физиологија и микробиологија, андролог од IVF Mon Bebe центар за плодност 💙
Поддржана од GametixF и GametixM-Densmore Labaratories

📅 28 октомври 2025 (вторник)
🕔 17:00 – 19:00 часот
📍 Ars Lucida

Ќе зборуваме отворено за теми кои ретко се дискутираат, а се исклучително важни – неплодноста, андрологијата, ембриологијата и криопрезервацијата.

Што всушност се случува во процесот на оплодување?
Каква е улогата на андрологот и кога е време да се направи анализа на сперматозоиди?
Како ембриологот придонесува за успешен ИВФ циклус и што се случува во лабораторијата пред да настане животот?
Што значи криопрезервација и кога треба да се размислува за замрзнување на јајце-клетки или ембриони?

Ова е шанса да добиете стручни одговори и реални информации – без предрасуди, без осуда и без тишина.
Со едно кафе и искрен разговор, ќе разбиеме митови, ќе внесеме јасност и ќе споделиме надеж. ☕💙

🎟️ Влез: 100 денари
☕ Бесплатна консултација + кафе во пријатна и доверлива атмосфера+подарок од Esensa.
🔒 Вашата приватност е загарантирана.

Не мора да се срамите. Не мора да молчите.
Ајде да зборуваме отворено – затоа што секој пат до бебе е важен. 🤍

#ДоБебеПоПатотНаИВФ #КафеСредба

24/10/2025

Сигурно сте се запрашале колку трае ин витро постапката?

Еден циклус на ИВФ обично трае од 4 до 6 недели, зависно од протоколот, дали е краток или долг, но целиот процес — со подготовка, тестирања и можни паузи — може да се протегне и до 2 до 4 месеци.

Постапката има неколку фази:
1️⃣ Подготовка пред циклусот, со хормони за регулирање на циклусот.
2️⃣ Стимулација на јајниците — околу 10 дена со дневни инјекции и контроли.
3️⃣ Пункција на јајце клетки, кратка процедура под лесна анестезија.
4️⃣ Развој на ембриони во лабораторија, 3-5 дена.
5️⃣ Трансфер на ембрион, свеж или замрзнат, зависно од состојбата на телото.

Потоа следи т.н. двонеделно чекање до тестот за бременост — најемоционалниот дел од процесот.

Иако патот може да биде долг и предизвикувачки, секој чекор е дел од остварувањето на најголемата цел — создавање семејство. 💛

Останете со мене – ова е вашето место за поддршка, знаење и охрабрување. 🤍“

💬 Ајде да зборуваме отворено за патот до бебе!☕️ Кафе средба: IVF, ембриологија и репродуктивно здравје 👩‍⚕️👨‍🔬Дојдете н...
23/10/2025

💬 Ајде да зборуваме отворено за патот до бебе!
☕️ Кафе средба: IVF, ембриологија и репродуктивно здравје 👩‍⚕️👨‍🔬

Дојдете на отворен разговор со:
✨ Д-р Славјанка Станоевска – гинеколог-акушер и IVF специјалист
✨ м-р Марија Тодоровска Ивковиќ – специјалист по биохемија со физиологија и микробиологија, андролог од IVF Mon Bebe центар за плодност 💙

📅 28 октомври 2025 (вторник)
🕔 17:00 – 19:00 часот
📍 Ars Lucida

Ќе зборуваме отворено за теми кои ретко се дискутираат, а се исклучително важни – неплодноста, андрологијата, ембриологијата и криопрезервацијата.

Што всушност се случува во процесот на оплодување?
Каква е улогата на андрологот и кога е време да се направи анализа на сперматозоиди?
Како ембриологот придонесува за успешен ИВФ циклус и што се случува во лабораторијата пред да настане животот?
Што значи криопрезервација и кога треба да се размислува за замрзнување на јајце-клетки или ембриони?

Ова е шанса да добиете стручни одговори и реални информации – без предрасуди, без осуда и без тишина.
Со едно кафе и искрен разговор, ќе разбиеме митови, ќе внесеме јасност и ќе споделиме надеж. ☕💙

🎟️ Влез: 100 денари
☕ Бесплатна консултација + кафе во пријатна и доверлива атмосфера.
🔒 Вашата приватност е загарантирана.

Не мора да се срамите. Не мора да молчите.
Ајде да зборуваме отворено – затоа што секој пат до бебе е важен. 🤍

#ДоБебеПоПатотНаИВФ #КафеСредба

Што ако само една информација може да ја промени твојата иднината?Овој ноември, Европската недела на плодноста   е посве...
22/10/2025

Што ако само една информација може да ја промени твојата иднината?
Овој ноември, Европската недела на плодноста е посветена на едукација и информираност, затоа што разбирањето на твојата плодност значи моќ да ги направиш вистинските избори – во вистинското време.

Да зборуваме за пошироката слика, да ги оспориме митовите, да ги пополниме празнините и да направиме знаењето за плодноста да биде достапно за сите.
Следи нè за новости и начини како да се вклучиш.

Репродуктивните технологии но и самиот процес на ивф со себе носи разни можности за подобрување на постапката и подобра ...
22/10/2025

Репродуктивните технологии но и самиот процес на ивф со себе носи разни можности за подобрување на постапката и подобра селекција на здрави ембриони.
Еден од тие третмани е преимплатациска генетска дијагностика (PGD).

Прочитај го целиот текст 👇

Репродуктивните технологии но и самиот процес на ивф со себе носи разни можности за подобрување на постапката и подобра селекција на здрави ембриони. Еден од тие т....

Г-ѓа Луиз Браун  (првото бебе со ивф) соработува со Меѓународната федерација на здруженија за плодност (IFFS) на нивната...
20/10/2025

Г-ѓа Луиз Браун (првото бебе со ивф) соработува со Меѓународната федерација на здруженија за плодност (IFFS) на нивната кампања „More Joy“, движење што се залага за достапна, правична грижа за плодноста за сите на глобално ниво.

„Во моите училишни денови, часовите по сексуално образование беа насочени кон тоа како да се избегне бременост. Оваа иницијатива, пак, им помага на луѓето да научат како да изградат здрави семејства и да ја заштитат својата плодност,“ изјави г-ѓа Браун.

Според анкета на Фондот на Обединетите нации за население (UNFPA), спроведена со 14.000 луѓе во 14 земји за нивните намери во однос на родителството, еден од петмина изјавил дека нема или не очекува да го има посакуваниот број деца.
👇

Louise Brown says she wants to help those who want to start a family as global birth rates fall.

*Што за Вас значеше можноста да користите донирани јајце клетки?Можноста да користам донирани јајце клетки беше единстве...
19/10/2025

*Што за Вас значеше можноста да користите донирани јајце клетки?

Можноста да користам донирани јајце клетки беше единствена шанса јас самата да почуствувам што значи да бидам бремена и да станам родител на тој начин.

*Дали постојат одредени услови кои требаше да ги исполните пред да почнете со постапката?

Со оглед на тоа дека набавивме јајце клектки од анонимен донор, од банка, немаше некои посебни услови. Пред да започнеме со постапката потребно беше да се направат сите хормонски анализи, генетски тестирања и да се одреди крвна група за мене и мојот сопруг.

Прочитајте го целосниот текст 👇👇👇

Можноста да користам донирани јајце клетки беше единствена шанса јас самата да почуствувам што значи да бидам бремена и да станам родител на тој начин.

Во обидот да се подобри квалитетот на човечкиот живот преку многубројните технологии достапни денес, кои непрекинато се ...
18/10/2025

Во обидот да се подобри квалитетот на човечкиот живот преку многубројните технологии достапни денес, кои непрекинато се развиваат, она што не изостанува е инфертилитетот. Имајќи ја предвид потребата од справување со оваа состојба, се појавуваат нови репродуктивни технологии, со цел да помогне на паровите кои не можат да имаат деца.

Една од тие методи е и вонтелесното оплодување или ин витро. Со раѓањето на првото бебе Лиуз Браун во 1978 година (по десетгодишни обиди), се чинело како се да е возможно. И можеби навистина е така, затоа што инфертилитетот доаѓа во различни облици, па оттука се наметнува и потребата да се најдат различни решенија.

Токму сурогат мајчинството е едно од тие решенија. Сурогат мајката е жена или девојка која по пат на договор е оплодена, го носи и го раѓа детето за неплоден пар, без надоместок.

Прочитајте го целосниот текст 👇👇👇

Сурогат мајката е жена или девојка која по пат на договор е оплодена, го носи и го раѓа детето за неплоден пар, без надоместок.

Address

Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение До бебе по патот на ИВФ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Здружение До бебе по патот на ИВФ:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram