Александра Петровска - Наратива

  • Home
  • Александра Петровска - Наратива

Александра Петровска - Наратива Наратива е креативно катче коешто има за цел да те инспирира, мотивира и поучува за важноста на менталното здравје и грижата за себе.

Помогни му на твоето вистинско Јас слободно да дише 🤍 🌿Направи мала промена, постави една здрава граница денес.Доколку т...
04/11/2025

Помогни му на твоето вистинско Јас слободно да дише 🤍 🌿
Направи мала промена, постави една здрава граница денес.

Доколку ти е потребен разговор и поддршка, тука сум за ТЕБЕ. 🤗

#менталноздравје #грижазасебе #психологија #здравиграници #психотерапија

Навистина беше тешко да се сними оваа епизода, да се води овој разговор,  да се одберат вистинските зборови...Но, ја сни...
02/04/2025

Навистина беше тешко да се сними оваа епизода, да се води овој разговор, да се одберат вистинските зборови...
Но, ја снимивме со многу ❤️ за Кочани.
Благодарност до тимот на Како си? што ја подготвија епизодата со толку многу грижа и внимание.

Во четириесет и седмата епизода на поткастот “Како си?“ на гости повторно ни дојде Александра Петровска - лиценциран психолог, европски сертифициран семеен и...

Во убавата атмосфера во студиото на  Како си? лесно е да се почувствуваш како дома 😄  Со Ѓорѓи го обработуваме вториот д...
15/01/2025

Во убавата атмосфера во студиото на Како си? лесно е да се почувствуваш како дома 😄
Со Ѓорѓи го обработуваме вториот дел од книгата "Анксиозна генерација" и дискутираме за некои важни и практични чекори 😀🎉
Погледнете, слушнете, проверете сами 😊👇

Во триесет и осмата епизода на поткастот “Како си?“ заедно со психологот и психотерапвет Александра Петровска го обработуваме вториот дел на книгата “Анксиоз...

Разговорот со психолог може да ти помогне да ги пронајдеш твоите силни снаги и да ги зајакнеш твоите способности. Побара...
06/12/2024

Разговорот со психолог може да ти помогне да ги пронајдеш твоите силни снаги и да ги зајакнеш твоите способности. Побарај помош и поддршка денес ❤

😲😕 Какво влијание имаат социјалните мрежи врз младите генерации? Колку се заштитени и безбедни ? Како истите влијаат врз...
06/12/2024

😲😕 Какво влијание имаат социјалните мрежи врз младите генерации? Колку се заштитени и безбедни ? Како истите влијаат врз нивното однесување и личност?

Слушајте повеќе во новата епизода на Како си?
https://youtu.be/-WQE1K2yudw?si=g76TgI2xQvX4FBQH

Единаесет деца се повредени и се примени во градската болница во Скопје по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“, а двајца од нив се со скршеници на раце....

Какво влијание имаат социјалните мрежи и медиумите врз менталното здравје? 🤔Во новата епизода на Како си? заедно со Ѓорѓ...
04/12/2024

Какво влијание имаат социјалните мрежи и медиумите врз менталното здравје? 🤔
Во новата епизода на Како си? заедно со Ѓорѓи зборуваме на оваа тема и ја обработуваме книгата • The Anxious Generation •
Погледнете 👇☺️

Во триесет и втората епизода на поткастот “Како си?“ заедно со психологот и психотерапвет Александра Петровска ја обработуваме книгата “Анксиозна Генерација“...

❗Не ги оспорувам придобивките од социјалните мрежи и сите позитивни нешта што можеме да ги искусиме благодарение на исти...
28/11/2024

❗Не ги оспорувам придобивките од социјалните мрежи и сите позитивни нешта што можеме да ги искусиме благодарение на истите.

👉 Но, важно е да бидеме свесни дека многу малку е потребно социјалните мрежи да станат непријател на нашето ментално здравје.

❓Какви навики негуваш во однос на користењето на социјалните мрежи?
❓Колку си свесен за нивното влијание врз твоето ментално здравје и добросостојба?
❓Какво влијание имаат врз тебе?

Оваа објава нека биде потсетник да застанеме и да се видиме себеси каде сме во однос на овие прашања.

Дали е можеби време нешто да промениме?

❗Конфликтот може да биде здрав. Факт е дека е потребен за секоја врска за таа да може да се развива и созрева. Но, како ...
11/11/2024

❗Конфликтот може да биде здрав. Факт е дека е потребен за секоја врска за таа да може да се развива и созрева. Но, како му пристапуваме на конфликтот е она што прави разлика.

👉 Можеби изјавите во објавта ти звучат чудно или смешно и си велиш: „Нема шанси ние да разговараме на овој начин, особено во момент на конфликт.“

💡Но, сепак е возможно, доколку сакаш да негуваш здрав начин на комуникација и да инвестираш во односот со другата личност.
Секако, ова бара тебе да направиш промена, што не секогаш е пријатен процес. Понекогаш ќе биде потребно да вложиш и многу труд и напор. Но, може да направи голема разлика во односот со саканата личност.

❓Што е она што можеш да го направиш поразлично во следната конфликтна ситуација?

Потсетување за сите нас родители ♥️ #родителство  #деца  #менталноздравје  #емоции  #поддршка  #родители  #психологија
07/11/2024

Потсетување за сите нас родители ♥️
#родителство #деца #менталноздравје #емоции #поддршка #родители #психологија

31/10/2024

Во ред е...
Побарај помош и поддршка денес ❤
# #менталноздравје #поддршка #советување #психолог #психотерапија

Идејата или помислата за “одење на писихотерапија“ може да звучи застрашувачки и да предизвика одредени непријатни чувст...
18/10/2024

Идејата или помислата за “одење на писихотерапија“ може да звучи застрашувачки и да предизвика одредени непријатни чувства или вознемиреност. 🙄

Но, вистината е дека започнувањето со терапија не е како скокање од карпа во длабоко студено море.

Тоа е како нежна прошетка покрај мирен поток каде што секогаш можете да пиете чиста, чиста вода. Терапијата веројатно ќе стане едно од местата каде што се чувствувате најбезбедно и најслободно да бидете свои.

За многумина, разговорот и времето поминато со терапевтот станува сигурно засолниште.

Охрабри се денес и направи го првиот чекор до промената ❤

Address


Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Александра Петровска - Наратива posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

  • Want your practice to be the top-listed Clinic?

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram