14/09/2024
Сакавте да го намалите вишокот на килограми со редуцирање на исхрана(т.е диета) и успешно ја завршивте работата? Ако е така ви честитам.👏 Сите ве советуваат за здраво намалување на телесната тежина, да така треба да биде знаејќи дека со редовна физичка активност и помалку калорична исхрана ние го губиме вишокот на килограмите.
Ова го пишувам сакајќи да помогнам на помладата популација што често ме прашува за совет: кој третман е најдобар,или што да правам, да одам кардио,пилатес ,пливање итн...
Има случаи каде со редуцирање на исхраната имаат потешкотии со вишок кожа, опуштени мускули со што и почнуваат да имаат слаб апетит што допринесува до слаб метаболизам. Тие може да имаат и чести промени во расположението како и лоши мисли за себе си како личност и нивното тело, ниска самодоверба што резултира до влошување на нивната здраствена состојба.
Драги мои не се слабее преку ноќ, губење по 10 до 30 кг е шок за вашето тело.
Козметичкиот сектор, нутриционистите, спортот тие постојат за да ви помогнат на вас и вашето тело да бидете синхронизирани и срекни со вашите достигнувања во патот до посакуваниот изглед, а за тоа потребно е комбинација од сите .
Козметичките третмани го обликуваат вашето тело. Има многу апарати кои помагаат побрзо да дојдете до посакуваниот изглед.
Но, најдобар?
Што се однесува до апаратите :кавитација Третманите се одлични за визуелни намалување и до 6см ако имате толку вишок на масно ткиво (тоа е она пред-потоа)редуцирање се прави и со радиофрекфенција, липоласер,криотерапија ,антицелулитни масажи, мадеротарапија, вакум,врап,термо ќебе и многу други да не набројувам.
Заклучок е дека на крајот се се сведува на заемна работа.Мора да се потрудите и сами да си дадете шанса, се се може ,само треба работа
А, ваше е каде ќе одите .Сите сме тука да ви излеземе во пресрет.
И не заборавајте ја масажата таа е половина здравје ,не треба да ве боли нешто да ви текне да посетите масер.
Се надевам дека одговорив на прашањето:
Кој е најдобар?
Одговор: Ти
A тимот твој сме ние: 💆, 🚵,нутриционистите, козметичкиот сектор 🏊
Комбинација е пат до успехот
Поздрав.
Студио Оксалис