26/10/2025
Секој заслужува шанса
КПР =Кардио Пулмоналната Ресусцитација
И вие можете ! Рестартирајте срце!
Иако не го одбележавме гласно и јавно денот на Кардио Пулмоналната Ресусцитација (КПР) кој беше на 16ти октомври. Ние бевме сведоци на една случка која ни укажа дека секој од нас треба да може да ,,рестартира срце ,,
Сигурно се прашувате како ?
Кога станува збор да станете сведок на таков немил настан во кој пред вас лежи човек во безсознание без пулс и без дишење сигурно нема да е лесно да останете присебни !
Она што е очигледно во овие ситуации е дека некои луѓе ги седнуваат своите блиски , некои им тураат течности , дел од нив особено блиските се во паника и кој за рака кој за нога го тегнат човекот кој е во безсознание...
Глетката е потресна а времето и присебноста се пресудни !
Во светски рамки од кардиоваскуларни заболувања умираат вкупно 17,9 милиони луѓе, а кај 85% од нив причината за смрт е срцев или мозочен удар.
Секоја минута без КПР и дефибрилација, ја намалува можноста за преживување до 10%. Секој може да игра улога во синџирот на преживување, без разлика дали тоа е со јавување на 194, правење компресија на градите, наоѓање дефибрилатор или кажување на другите што да прават.
Најбитно од се :
Останете Присебни
Протресете го внимателно човекот кој се онесвестил и прашајте дали ве слуша. Доколку не одговара
Видете дали дише :
*Доколку дише само свртете го во странична положба
* зафрлете ја главата кон назад за да се проодни дишни патишта
* никако не ,,турајте,, течности во уста
И не се обидувајте да му го ,,вадите,,јазикот од уста.
Повикајте 194
Доколку дишењето сопре веднаш започнете со КПР.
Секој возач поминува ваков курс доколку имате дилема околу ова и доколку сте заинтересирани за тоа како се прави слободно најавете се и посетете не и во отворените Халкмед денови секоја среда во текот на месец ноември и декември ве покануваме и предизвикуваме заедно да ги повториме постапките за ,,рестартирање на срце,,.
Запомнете го синџирот на преживување и BLS 🙌
Ритамот за КПР одговара на следните песни :
Упатство на ERC 👉 cprguidelines.eu