05/03/2026
💥Минатата година Ability Awards ја доби наградата за најдобар настан во Македонија на BEAM Festival – Best Event Awards Macedonia.
🫶Во конкуренција од повеќе од 40 настани, меѓу кои и големи проекти како 100 години Скопско и Светското првенство во Hip Hop, Ability Awards ја понесе титулата Најдобар хуманитарен настан на годината.
👩🦰🧑🦰За наградите одлучуваше стручно жири составено од 22 врвни македонски професионалци од event индустријата, и затоа оваа награда и признание ни се особено драги и значајни.
📢Оваа година одлучивме да не се пријавиме на натпреварот, бидејќи сакаме да ги мотивираме и другите организации кои создаваат инклузивни настани да се охрабрат, да го подигнат нивото и да се пријават на овој престижен натпревар.
🧲Воедно, бевме номинирани во категоријата хуманитарен настан, укажавме на еден важен предизвик – дека кога станува збор за лица со попреченост, настаните често автоматски се сместуваат во хуманитарни и дадовме предлог за во иднина сите категории рамноправно да бидат отворени.
🔔Драго ни е што организаторите ја прифатија нашата сугестија, па оваа година инклузивните настани се номинирани и во други категории, каде што припаѓаат според својата креативност, продукција и влијание.
🙏BEAM Festival, ви благодариме што ја препознавте нашата уникатност, влијание и промените кои ги создаваме. Особено сме среќни затоа што и Публицис ни даде признание за нашата организација и креирање на уникатен настан. (која со целиот свој тим го организираа настанот 100 години Скопско)
❤️🧡Ability Awards продолжува да создава реални промени и да ја зголемува видливоста на заедницата со попреченост.
🥰Среќно на сите овогодишни номинирани! 👏✨
Elizabeta Jovanovska #инклузија #култура #Пристапност #безпредрасуди #еднакви #креирамепромени