15/03/2023
🟢 Недела 2-4 фертилизација и имплантација
Вашата јајце клетка и сперматозоидот од вашиот партнер се соединуваат во еден од двата јајцеводи на матката и формираат една клетка – почетна точка, од која следуваат голем број неверојатни настани. Овој процес е наречен фертилизација. Таа почетна клетка има 46 хромозоми, 23 од вас и 23 и од вашиот партнер. Таа единствена, микроскопски видлива клетка се дели повторно и повторно и во 40 недела од бременоста тоа е веќе нова личност створена од повеќе од 2 трилиони клетки – вашето убаво женско или машко бебе.
Во 5️⃣ тата недела, започнува периодот во кој мозокот, рбетниот столб, срцето и останатите органи на ембрионот започнуваат да се формираат.
♥️ Првите отчукувања на срцето на ембрионот се случуваат во оваа недела. Вашиот гинеколог ке ви ги покаже да ги видите пулсациите и чуете отчукувањата на срцето на вашиот ембрион.
✅ Во овој период ембрионот се храни од хорионот, додека плацентата не ја преземе својата функција. Виталните органи се развиваат.
⭕️ Ова е најчувствителната фаза од развојот на плодот. Тоа подразбира максимално избегнување на сите штетни фактори, почнувајќи од лекови, алкохол, цигари, хемикалии, вакцини, па се до инфекции со микроорганизми.
🚼 Од осмата недела рацете и нозете на вашиот ембрион веќе се издолжуваат и стануваат се повеќе дефинирани, прстите започнале да се формираат. Очите на ембрионот се веќе видливи. Срцето пумпа со 150 удари во минута, двојно побрзо одколку кај нормален возрасен човек. До крајот на оваа недела вашиот ембрион е долг 11 до 14 милиметри, а е тежок околу 1 грам.
🐥Недела 10 Ембрионот станува официјално фетус.
✅Завршува периодот кога плодот е најосетлив на надворешните влијанија од лекови и штетни материи, а во исто време постепено исчезнуваат и вашите тегоби како мачнините и гадењето. Опасноста од спонтан абортус е помала и со секој нареден ден е се помала.
Бебето голта течност и се движи. Виталните органи: бубрезите, цревата, мозокот и црниот дроб почнуваат да функционираат, иако својот развој ќе го продолжат со тек на бременоста. Очните капаци се формирани и очите изгледаат затворено, такви ке останат до 26 тата недела од бременоста. Во оваа недела фетусот има 3,5см и е тежок 4 грама.
🐤Недела 11 Брз раст на фетусот.
Од оваа недела до 20 тата недела (средината на бременоста), вашето бебе ќе ја зголеми тежината 30 пати, а должината 3 пати. Моментална должина околу 5см, тежина околу 8 грама.
👋Недела 12 Крај на првиот триместар.
Кај вашето бебе се развиваат нокти. Лицето на вашето бебе веќе добива човечки профил. Плацентата почнува да ја обавува својата функција и преку папчаникот носи до плодот хранливи материи потребни за раст и развој. Рефлексните движења се развиваат. Ако го притиснете вашиот стомак, вашето дете ке се раздвижи. Должина 6см, тежина 14 грама. Крајот на оваа недела го означува крајот на првиот триместар.
#ивф #бебе