09/10/2025
Претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова се обрати на 3-от Национален конгрес по патологија со меѓународно учество што во организација на Македонското здружение на патолози и Одделот на Северна Македонија при Меѓународната академија за патологија се одржа во Скопје.
„Овогодинешната тема, „Од слајд до секвенца: Современа патологија“ совршено ги доловува големите промени што се случуваат во медицината. Тоа е моќен потсетник дека патологијата е во срцето на дијагностичката медицина. Патот од традиционалниот микроскопски слајд до софистицирано молекуларно секвенционирање не е само технолошки напредок, туку фундаментална трансформација што го менува начинот на кој ги разбираме и се бориме против болестите. Патологијата е основа за клиничката дијагноза и третман низ сите медицински дисциплини. Вашата работа, како патолози обезбедува точност и безбедност, а вашиот континуиран професионален развој, како што е прикажан на овој Kонгрес, е потврда за вашата посветеност кон пружањето врвна здравствена услуга“, истакна проф. д-р Гривчева Старделова.
На Kонгресот учествуваа 130 учесници од земјава, регионот, како и од САД, Канада и Шпанија, а предавачи беа реномирани експерти од областа со меѓународно искуство.