Лекарска комора на Македонија / Oda e Mjekëve të Maqedonisë

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Лекарска комора на Македонија / Oda e Mjekëve të Maqedonisë

Лекарска комора на Македонија / Oda e Mjekëve të Maqedonisë Официјална Фејсбук страна на Лекарската комора на Република Северна Македонија

📢 ЛКРСМ ги потсетува сите доктори - членови на Комората за обврската за редовна проверка и ажурирање на своите лични под...
04/03/2026

📢 ЛКРСМ ги потсетува сите доктори - членови на Комората за обврската за редовна проверка и ажурирање на своите лични податоци!

❗️ Секоја промена на личните податоци, како што е промена на работно место, адреса на живеење, контакт телефон, е-маил адреса, презиме и сл. докторите треба да ја ажурираат во Регистарот на лекари со испраќање информација на е-маил: register@lkm.org.mk

📌 Ажурирањето на податоците на брз и едноставен начин може да се направи и преку „Порталот за лекари". Упатство за електронско ажурирање на податоците во Регистарот ќе најдете на следнот линк 👇
https://shorturl.at/5ZzU1

📧 Ажурирањето на активна е-маил адреса ќе Ви овозможи навремено добивање на известувања за фармаковигиланца, потсетување за обнова на лиценцата, електронското издание на Vox medici, новости и други важни соопштенија од Комората.

❗️Лекарската комора на РСМ согласно законската регулатива, податоците за докторите може и смее да ги прибира само лично од своите членови.

✔️ Редовното ажурирање на податоците обезбедува континуирана комуникација меѓу Комората и членовите, што е особено важно за навремено остварување на Вашите права.

------------------------------

📢OMRMV përkujton të gjithë mjekët – anëtarë të Odës, për obligimin për kontroll të rregullt dhe përditësim e të dhënave të tyre personale!

❗️Çdo ndryshim i të dhënave personale, siç është ndryshimi i vendit të punës, adresa e vendbanimit, telefoni i kontaktit, e-mail adresa, mbiemri etj., doktorët duhet ta përditësojnë në Regjistrin e Mjekëve duke dërguar informacion në e-mail adresën: register@lkm.org.mk

📌Përditësimi i të dhënave në mënyrë të shpejtë dhe të thjeshtë mund të bëhet edhe përmes "Portalit për mjekë". Udhëzimin për përditësimin elektronik i të dhënave në Regjistër mund ta gjeni në linkun e mëposhtëm: https://shorturl.at/FVXeR

📧Përditësimi i një e-mail adrese aktive do t’ju mundësojë marrjen në kohë të:njoftimeve për farmakovigjilencë, përkujtim për ripërtërimin e licencës, botimit elektronik të Vox Medici; lajmeve dhe njoftimeve të tjera të rëndësishme nga Oda.

❗️Oda e Mjekëve e RMV, në përputhje me rregullat ligjore, të dhënat për mjekët mund dhe guxon t'i mbledhë vetëm personalisht nga anëtarët e saj.

✔️Përditësimi i rregullt i të dhënave siguron komunikim të vazhdueshëm mes Odës dhe anëtarëve, gjë që është veçanërisht e rëndësishme për realizimin në kohë e të drejtave tuaja.

✔️Пријавувањето за полагање на стручен испит во февруарската испитна сесија ќе трае до 06.02.2026 година, додека полагањ...
02/02/2026

✔️Пријавувањето за полагање на стручен испит во февруарската испитна сесија ќе трае до 06.02.2026 година, додека полагањето на испитот ќе биде во периодот од 23.02.2026 година.

🔹️Календарот за полагање на стручен испит за 2026 година и повеќе информации за полагањето на стручниот испит може да најдете на следниот линк👇 https://lkm.org.mk/mk/record/21/21/struchen-ispit.

Последното издание на Vox Medici нoси информации за новите можности што ги отвора науката и технологијата во служба на з...
26/01/2026

Последното издание на Vox Medici нoси информации за новите можности што ги отвора науката и технологијата во служба на здравјето, преку примената и развојот на интервентната радиологија (ИР).

Оваа медицинска специјалност овозможува со помош на компјутерска томографија, магнетна резонанца или ангиографија, лекарите да изведуваат дијагностички и терапевтски процедури преку едноставна пункција, без класични хируршки резови. Најголемите предности на ИР во однос на традиционалната хирургија се минималната траума за пациентот, помалата потреба од анестезија, намалената загуба на крв и значително побрзото заздравување. Пациентите најчесто се отпуштаат од болница уште истиот ден и за кратко време се враќаат на вообичаените секојдневни активности.

Овие современи и животноспасувачки радиолошки процедури се достапни во земјава и во јавното здравство. За патот кон успехот, развојот и иднината на оваа специјалност, во новиот број разговараме со врвните стручњаци: доц. д-р Александар Ѓорески, спец. д-р Андреа Нанчева Богоевска и ас. д-р Дејан Даскалов.

Прочитајте повеќе за тоа како технологијата ја трансформира грижата за пациентите во нашите болници. 👇
https://www.lkm.org.mk/upload/records/1052/20251219_182948_VOX%20129_web_OVA.pdf

Лекарска комора на Република Северна Македонија, како професионална организација која ги обединува лекарите од сите ниво...
16/01/2026

Лекарска комора на Република Северна Македонија, како професионална организација која ги обединува лекарите од сите нивоа на здравствената заштита, дава поддршка за новиот Предлог-закон за заштита од пушење и за мерките што со него се воведуваат, а се со цел унапредување на јавното здравје и заштита на населението, особено на децата, младите и ранливите групи.

Докторите секојдневно се соочува со последиците по здравјето од употребата на тутунски и никотински производи и изложеноста на чад. Кардиоваскуларните заболувања, малигните болести, хроничните белодробни состојби и бројни други здравствени проблеми директно или индиректно се поврзани со пушењето и претставуваат сериозен товар и за поединецот и за здравствениот систем.

Повеќе на https://shorturl.at/ePQaf

---------------------------------------------------------------

Oda e Mjekëve e Republikës së Maqedonisë së Veriut, si organizatë profesionale që bashkon mjekët nga të gjitha nivelet e mbrojtjes shëndetësore, jep mbështetje për Propozim-ligjin e ri për mbrojtjen nga pirja e duhanit dhe për masat që vendosen me të, me qëllim avancimin e shëndetit publik dhe mbrojtjen e popullatës, veçanërisht të fëmijëve, të rinjve dhe grupeve të ndjeshme.

Mjekët çdo ditë ballafaqohen me pasojat shëndetësore nga përdorimi i produkteve të duhanit dhe nikotinës si dhe nga ekspozimi ndaj tymit. Sëmundjet kardiovaskulare, sëmundjet malinje, gjendjet kronike të mushkërive dhe probleme të shumta të tjera shëndetësore janë drejtpërdrejt ose tërthorazi të lidhura me pirjen e duhanit dhe paraqesin një barrë serioze si për individin, ashtu edhe për sistemin shëndetësor.

Për më shumë në https://shorturl.at/VmHhu

Честит Божиќ на сите граѓани кои денес празнуваат. Лекарската комора ви посакува добро здравје, успех и благосостојба. Х...
07/01/2026

Честит Божиќ на сите граѓани кои денес празнуваат. Лекарската комора ви посакува добро здравје, успех и благосостојба.
Христос се роди!

🎉 Среќна и успешна 2026 година! ✨Лекарската комора ви посакува на сите здравје, среќа, успех и година исполнета со радос...
31/12/2025

🎉 Среќна и успешна 2026 година! ✨

Лекарската комора ви посакува на сите здравје, среќа, успех и година исполнета со радосни моменти и професионални достигнувања! 🎊

Лекарската комора пред неколку месеци иницираше измени на начинот на кој се организирани специјализациите и супспецијали...
19/12/2025

Лекарската комора пред неколку месеци иницираше измени на начинот на кој се организирани специјализациите и супспецијализациите за што беше организирана меѓународна трибина со учество на лекарските комори од Германија, Словенија, Хрватска и Србија, по што до Министерството за здравство беше поднесена и официјална иницијатива.

Радува фактот што наидовме на поддршка од министерот за здравство Азир Алиу кој формираше координативно тело и заедно со медицинските факултети од Скопје, Штип и Тетово утврдивме две нови програми за општа хирургија и по интерна медицина. Новите програми ќе стимулираат создавање на повеќе лекари по општа хирургија и интерна медицина, за пократко време, што е особено потребно во секундарното ниво на здравствениот систем.

Остануваме посветени на можностите и за понатамошни промени, согласно тоа што ќе биде утврдено како потреба од праксата. Здравствените потреби и услуги се менуваат забрзано, поради што е потребно здравствениот систем и образованието на докторите како негов најважен сегмент да можат да ја следат оваа динамика.

Претставници на Лекарската комора денеска учествуваа на јавната расправа на тема „Заштита на децата и младите од штетнит...
18/12/2025

Претставници на Лекарската комора денеска учествуваа на јавната расправа на тема „Заштита на децата и младите од штетните влијанија и последиците од пушењето“, организирана од парламентарната Комисија за здравство.

Во име на Комората се обрати претседателката проф. д-р Калина Гривчева Старделова.
„Нашата должност како лекари е да алармираме дека тутунот не е само избор на возрасните, туку и сериозна закана за правилниот развој на новите генерации. Науката е недвосмислена кога станува збор за влијанието на никотинот и чадот од цигарите врз организмот во развој: го нарушува невролошкиот развој, предизвикува страдање на респираторниот систем, носи многу висок ризик за кардиоваскуларните заболувања. Новите производи, како електронските цигари и уредите за загревање, содржат високи концентрации на никотин и токсични аеросоли што предизвикуваат акутни воспаленија на белите дробови. Навистина загрижува трендот којшто сѐ почесто го гледаме, кога деца уште во основно училиште на 12-13 години користат електронски цигари“, истакна проф. д-р Гривчева Старделова.

Таа потсети и на глобалните препораки коишто ги даваат водечките светски здравствени организации, како што се целосна забрана за рекламирање на овие производи, воведување на високи акцизи, како и потребата новите тутунски алтернативи да се третираат со истата строгост како и традиционалните цигари.

„Лекарската комора апелира домашната регулатива да биде усогласена со меѓународните препораки и доследно да се спроведуваат и почитуваат донесените законски решенија. Секој граѓанин има уставно загарантирано право на живот во здрава животна средина, а тоа подразбира и заштита од токсичниот чад од тутун. Ова не е само прашање на избор, туку е прашање и заштита и унапредување на јавното здравство. Нашата борба за здрава младина мора да биде сеопфатна, системска и континуирана“, порача проф. д-р Гривчева Старделова.

На јавната расправа се обрати и министерот за здравство Азир Алиу, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, како и голем број истакнати доктори кои во рамките на својата професионална активност работат на заштита од штетните ефекти од активно и пасивно пушење, меѓу кои проф. д-р Елизабета Зисовска, проф. д-р Тања Јаќоска, проф. д-р Сашко Кедев, проф. д-р Катерина Ставриќ, проф. д-р Глигор Тофовски, проф. д-р Деска Димитровска. Тие дадоа стручен осврт на ризиците што ги носи по здравјето на децата и младите пасивното и активното пушење, како и алтернативите на никотинот кои се користат меѓу младата популација. Се упатија и пораки за: целосно да се забрани користење на никотин и алтернативни производи во затворени простории со што ќе се создаваат здрави средини без чад, за отворање центри за одвикнување од никотинска зависност, како и за поактивно да се работи на промоцијата на здрав начин на живот и сл.

На покана на Лекарската комора, министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Комората, со цел поблиско запознавањ...
15/12/2025

На покана на Лекарската комора, министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Комората, со цел поблиско запознавање со начинот на кој се спроведуваат надлежностите што се делегирани со Законот за здравствена заштита.
На состанокот присуствуваа претседателката на Комората проф. д-р Калина Гривчева Старделова, заменик-претседателот доц. д-р Беким Исмаили, потпретседателката за секундарно здравство доц. д-р Маја Манолева, потпретседателот за примарно здравство д-р Љубомир Стефановски, како и членови на Извршниот одбор и на телата на Комората, д-р Илбер Бесими, д-р Лилија Чолакова Дервишова, д-р Мевлудин Куч, д-р Кадри Хаџихамза, д-р Илир Шурлани и д-р Никола Граматниковски.

Претставниците на Комората го запознаа министерот со начинот на функционирање на електронскиот систем за евиденција на издадените лиценци и можностите за он-лајн едукација на докторите. Во рамките на лиценцирањето се разгледуваше и можноста за влез во системот на наши доктори кои работат во странство. Стана збор и за континуираната едукација на доктори и потребата од усвојување на дополнителни вештини покрај стручните.

Претставниците на Комората и министерот за здравство разговараа и за начините за подобрување на комуникацијата меѓу двете институции и унапредување на соработката.

Лекарската комора ги известува сите кандидати кои се пријавени за полагање стручен испит во декемвриска испитна сесија д...
09/12/2025

Лекарската комора ги известува сите кандидати кои се пријавени за полагање стручен испит во декемвриска испитна сесија дека по електронска пошта и смс - пораки е испратено известување за денот и часот кога ќе се одржи испитот.

Кандидатите на денот на испитот е потребно со себе да носат документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа). Трите дела на испитот ќе се полагаат во ист ден.

Доколку некој од кандидатите нема добиено известување за точниот термин на полагање, потребно е да се јави во Стручната служба на Комората на 02/3225-592 или 02/3225-590, локал 110.

По повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со попреченост, претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калин...
05/12/2025

По повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со попреченост, претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, потпретседателката доц. д-р Маја Манолева и проф. д-р Кадри Хаџихамза, член на Извршниот одбор, присуствуваа на хуманитарниот концерт кој се одржа во ДХО „Даре Џамбаз“, во организација на Здружението за телесни инвалиди „Мобилност Скопје".

Комората ја истакнува важноста за активно учество на сите фактори во општеството за обезбедување поддршка на лицата со попреченост и отстранување на бариерите во општеството. На концертот членовите на здружението преку своите настапи покажаа и докажаа дека попреченоста не е пречка за постигнување на личниот максимум и остварување на големи соништа, доколку се добие вистинска поддршка.

Проф. д-р Марија Јовановски Срцева е добитник на наградата „13 Ноември“ за 2025 година заради долгогодишниот придонес во...
18/11/2025

Проф. д-р Марија Јовановски Срцева е добитник на наградата „13 Ноември“ за 2025 година заради долгогодишниот придонес во унапредувањето на здравствената заштита, особено во полето на анестезија и интензивна медицина каде со својот професионален ангажман придонесе да се постават високи стандарди во клиничката практика и медицинската академска настава.

Наградата "13 Ноември" секоја година ја доделува Град Скопје, по повод одбележување на денот на неговото ослободување во Втората светска војна, во знак на благодарност за луѓето кои со својата работа, знаење и човечност придонесуваат за континуиран раст и развој на градот.

Лекарската комора упатува честитки за наградата и на проф. Јовановски Срцева ѝ посакува многу понатамошни професионални успеси и награди.

Address

"Партизански одреди" бр. 3
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Лекарска комора на Македонија / Oda e Mjekëve të Maqedonisë posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Лекарска комора на Македонија / Oda e Mjekëve të Maqedonisë:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram