20/07/2023
Општи совети кои треба да се применуваат за време на топлотен бран
Според Светската здравствена организација пожелно е следното:
Одржувајте го вашиот дом разладен со редовно проверување на температурата. Идеална температура, треба да се биде под 32°C во текот на денот и 24°C навечер.Не оставајте деца или животни во паркирани возила.
Одржувајте го вашето тело ладно и хидрирано. Правете ладни тушеви или бањи. Носете лесна, широка облека изработена од природни памучни материјали. Носете капа или шешир со широк обод и очила за сонце.
Пијте течности редовно, но избегнувајте алкохол и премногу кофеин и шеќер.
Не се прејадувајте, јадете помали оброци и почесто. Избегнувајте храна која е богата со протеини.
Доколку примате лекови, консултирајте се со вашиот лекар како тие лекови можат да влијаат на терморегулацијата и балансот на течности.
Чувајте ги лековите на температура под 25°C или во фрижидер (прочитајте ги упатствата за чување на пакувањето).
Секогаш бидете во контакт со вашиот лекар доколку имате хронична здравствена состојба или земате комбнирана терапија од повеќе лекови.
Доколку вие (или другите лица околу вас) се чувствувате лошо, имате вртоглавица, слабост, вознемиреност, интензивна жед или главоболка, побарајте помош. Одберете поладни места што е можно поскоро и измерете ја температурата на вашето тело. Пијте вода или овошен сок за да се хидрирате.
Веднаш одморете се на ладно место ако имате болни мускулни грчеви; пијте орални раствори за хидратација кои содржат електролити; и побарајте помош ако топлотните грчеви траат повеќе од еден час.
Посетете го вашиот лекар ако почувствувате невообичаени симптоми или ако симптомите продолжат.
Ако некој има топла сува кожа, делириум/блада, има напади и/или е во несвест, веднаш контактирајте лекар или викнете брза помош.
PZU Matriks Medikal 🩺💊💉🩸