Ветеринарна комора на Република Македонија / Dhoma Veterinare e Maqedonisë

  • Home
  • Macedonia
  • Скопје
  • Ветеринарна комора на Република Македонија / Dhoma Veterinare e Maqedonisë

Ветеринарна комора на Република Македонија / Dhoma Veterinare e Maqedonisë Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Ветеринарна комора на Република Македонија / Dhoma Veterinare e Maqedonisë, Улица 16 –та Македонска бригада бр. 2-3, Скопје.

Комората е организирана како професионална организација на докторите по ветеринарна медицина во државата, вработени во сите сегменти на ветеринарната служба. Како таква, Македонската Ветеринарна Комора успешно дејствува во унапредувањето на ветеринарната професија и улогата на ветеринарните професионалци во ветеринарниот сервис на државата.
Со измените на Законот за ветеринарно здравство од 20

07 и Статутот на Комората донесен на Собрание на ден 13.09.2008 година името на Македонската Ветеринарна Комора се менува во Ветеринарна Комора на Република Македонија и темелно се зајакнува нејзината позиција и улогата како институција со Јавни овластувања добиени од страна на државата, кои за цел имаат заштита и унапредување на стручните, научните и економските интереси на докторите по ветеринарна медицина преку регистрација, лиценцирање, контрола на работата на ветеринарните стручњаци и нивна континуирана едукација. На овој начин се надеваме дека ќе се создадат услови ветеринарите во нашата држава да го добијат заслуженото место и позиција, како и нашите колеги во Европа кон која искрено тежнееме.

Почитувани колешки и колеги,Ве потсетуваме дека Четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно уч...
05/05/2026

Почитувани колешки и колеги,

Ве потсетуваме дека Четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество, во заедничка организација на Ветеринарниот факултет при Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола и Ветеринарната комора на Р. Македонија, ќе се одржи на 09.05.2026 година (сабота) во Офицерски дом во Битола.
Уште еднаш нагласуваме дека присуството на семинарот е задолжително. Регистрацијата на учесниците ќе биде контролирана од страна на Комисија на Стручниот одбор, при што за идентификација е потребно сите учесници задолжително да ги носат со себе легитимациите издадени од Ветеринарната комора.
Сертификат за учество ќе добијат исклучиво оние учесници кои ќе присуствуваат на семинарот.
Настанот е акредитиран од ВКМ со 9 (девет) бодови.
Котизацијата за учество на семинарот изнесува:
– 3.000 денари за уплати до 07.05.2026 година,
– 3.500 денари за уплати после 07.05.2026 година.
Уплатата се врши на сметка на Ветеринарната комора на РСМ:
– Сметка: 200000003533314
– Банка: Стопанска банка АД Скопје
– Цел на дознака: уплата за котизација за (име и презиме)
За студенти, учеството е бесплатно.

ЧЕСТИТ 1-ВИ МАЈ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТРУДОТМеѓународниот ден на трудот – 1 Мај е ден посветен на борбата за зачувување и...
01/05/2026

ЧЕСТИТ 1-ВИ МАЈ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТРУДОТ

Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај е ден посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Тој претставува симбол на солидарноста, достоинството и заедничката заложба за подобри услови за работа.

🩺🐾 Бидете горди и посветени на она што го работите. Вашиот труд, знаење и одговорност се од исклучително значење за здравјето на животните, безбедноста на храната и јавното здравје.

Нека ни е честит Меѓународниот ден на трудот – здружени, единствени и сигурни сме посилни. 💪🏻

Честит Светски ден на ветеринарите!Денес оддаваме признание на сите ветеринари – клучни чувари на здравјето на животните...
25/04/2026

Честит Светски ден на ветеринарите!

Денес оддаваме признание на сите ветеринари – клучни чувари на здравјето на животните, безбедноста на храната и јавното здравје. Вашата посветеност, стручност и секојдневна работа се темел на здраво општество и сигурен агро-прехранбен систем.

Во услови на сериозни предизвици со кои се соочува ветеринарната професија, вашата улога станува уште поважна и поодговорна.

По повод овој значаен ден, вчера Ветеринарната комора на Република Македонија организираше координативен состанок на кој присуствуваа директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, д-р Оливер Миланов, како и Националната координаторка за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика д-р Верче Мицевска.

Преку отворена и конструктивна дискусија со членовите на Комората, беа разгледани сите актуелни прашања и сериозната состојба во која се наоѓа теренската ветеринарна служба.

Претставниците на државните институции изразија подготвеност за засилена соработка со Ветеринарната комора, со цел заедничко надминување на предизвиците и обезбедување стабилен и одржлив систем.

Ветеринарната комора останува посветена на заштита на професијата и подобрување на условите за работа, во интерес на сите граѓани.

Со почит и благодарност,
Честит празник на сите ветеринари!

📢 ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА ДЕНЕШНИОТ СОСТАНОКПочитувани,Ве потсетуваме дека денес ќе се одржи координативниот состанок по повод Св...
24/04/2026

📢 ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА ДЕНЕШНИОТ СОСТАНОК

Почитувани,

Ве потсетуваме дека денес ќе се одржи координативниот состанок по повод Светскиот ден на ветеринарната професија, под мотото: „Ветеринарите: чувари на храната и здравјето“.
📅 Датум: 24.04.2026 (петок)
🕛 Време: 12:00 часот
📍 Место: Хотел Континентал – Скопје

Ќе се дискутира за клучните предизвици во ветеринарниот сектор и потребата од итни решенија.

📢 Пријавете се за наградата Great Veterinary Workplace Award 2026!➡️ Дали вашата ветеринарна организација вложува дополн...
18/04/2026

📢 Пријавете се за наградата Great Veterinary Workplace Award 2026!

➡️ Дали вашата ветеринарна организација вложува дополнителен напор и средства за поддршка на својот тим?
➡️ Дали поттикнувате култура на стручност, колегијалност, ангажман, позитивност и добро управување?

➡️ Наградата Great Veterinary Workplace Award се доделува на клинички и неклинички ветеринарни организации во Европа кои даваат приоритет на менталното здравје, професионалниот развој и позитивната работна средина.

➡️ Зошто да се пријавите?

🎯 Да го препознаете придонесот на вашето работно место кон менталното здравје на колегите
🎯 Да го промовирате вашиот тим и да стекнете признание на европско ниво
🎯 Да бидете еден од четирите победници и да освоите 500 € за вашиот тим

➡️ Заедничка иницијатива на FVE, FECAVA и IVSA, со поддршка од Zoetis Inc.

🎉 Пријавете се тука: https://buff.ly/2wHhhX4

📢 Најава за состанок по повод Светскиот ден на ветеринаритеСостанокот ќе се одржи на 24.04.2026 година со почеток од 12:...
17/04/2026

📢 Најава за состанок по повод Светскиот ден на ветеринарите

Состанокот ќе се одржи на 24.04.2026 година со почеток од 12:00 часот, во Хотел Континентал – Скопје.

Дополнителни информации ќе бидат објавени во текот на следната недела.

Почитувани колешки и колеги,        Ве известуваме дека Четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓуна...
17/04/2026

Почитувани колешки и колеги,

Ве известуваме дека Четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество, во заедничка организација на Ветеринарниот факултет при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола и Ветеринарната комора на Р. Македонија, ќе се одржи на:
📅 09.05.2026 година (сабота)
📍 Офицерски дом – Битола

Настанот е акредитиран од ВКМ со 9 (девет) бодови.

🩺🐾 Семинарот, кој се организира четврта година по ред, претставува значаен стручен настан на кој учество ќе земат реномирани предавачи – универзитетски професори и ветеринарни практичари од земјата и регионот (Р. Словенија, Р. Хрватска, Р. Србија и Р. Бугарија).

Преку презентација на современи достигнувања и клинички искуства од различни области на ветеринарната медицина, учесниците ќе имаат можност да ги надградат своите професионални знаења и вештини.

Котизација за учество:
- 3.000 (три илјади) денари за уплати до 07.05.2026 година
- 3.500 (три илјади и петстотини) денари за уплати после 07.05.2026 година

🎓 За студенти, учеството е бесплатно

Ветеринарната комора на Република Македонија на сите православни христијани им го честита празникот ВЕЛИГДЕН.Нека празни...
12/04/2026

Ветеринарната комора на Република Македонија на сите православни христијани им го честита празникот ВЕЛИГДЕН.

Нека празникот на Христовото Воскресение донесе мир, здравје, надеж и благосостојба во секој дом.

Да се радуваме, да простуваме, да сакаме и меѓусебно да се почитуваме, водејќи се од вредностите на хуманоста и заедништвото.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

Ветеринарната комора на Република Македонија упатува искрени честитки до сите верници кои го празнуваат католичкиот Вели...
05/04/2026

Ветеринарната комора на Република Македонија упатува искрени честитки до сите верници кои го празнуваат католичкиот Велигден.
Нека празникот на Христовото Воскресение донесе мир, здравје, надеж и благосостојба во Вашите домови, како и успех и напредок на професионален план.

ВТОРО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СЕМИНАР ОД ОБЛАСТА НА ВЕТЕРИНАРНАТА МЕДИЦИНА Почитувани колешки и колеги,       Ве пот...
02/04/2026

ВТОРО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СЕМИНАР ОД ОБЛАСТА НА ВЕТЕРИНАРНАТА МЕДИЦИНА

Почитувани колешки и колеги,
Ве потсетуваме дека Четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество, во заедничка организација на Ветеринарниот факултет при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола и Ветеринарната комора на Р. Македонија, ќе се одржи на 09.05.2026 година (сабота) во Офицерски дом во Битола.
На семинарот, кој се одржува четврта година по ред, ќе бидат опфатени повеќе актуелни теми од областа на ветеринарната медицина, вклучувајќи хируршки интервенции во акушерството кај говедата, професионалната одговорност на докторите по ветеринарна медицина, ортопедски заболувања кај кучиња, клинички аспекти на репродуктивната патологија кај машки кучиња, современи пристапи во третманот на дијабет кај мачки, како и дијагностика и хируршки третман на дијафрагматска хернија.

Предавањата ќе ги одржат реномирани универзитетски професори и ветеринарни практичари од државата и од регионот (Р.Словенија, Р. Хрватска, Р. Србија и Р. Бугарија).

За акредитацијата и котизацијата на семинарот ќе следува дополнително известување.

Честит Рамазан Бајрам!Ветеринарната комора на Република Македонија им го честита празникот на сите колеги од муслиманска...
20/03/2026

Честит Рамазан Бајрам!

Ветеринарната комора на Република Македонија им го честита празникот на сите колеги од муслиманска вероисповед. Ви посакуваме денови исполнети со мир, здравје и радост во вашите домови.

IN MEMORIAM      Со голема тага ја примивме веста дека почина нашиот колега д-р Зија Весели. Д-р Зија Весели е роден на ...
16/03/2026

IN MEMORIAM

Со голема тага ја примивме веста дека почина нашиот колега д-р Зија Весели.

Д-р Зија Весели е роден на 14.04.1959 година во Боговиње, Тетово. Дипломирал на Ветеринарниот факултет во Сараево, по што целиот свој професионален живот го посвети на ветеринарната медицина.

Работеше како доктор по ветеринарна медицина во приватна пракса и беше сопственик на Ветеринарната станица Боговиње, каде со години им помагаше на сточарите и сопствениците на животни, оставајќи значаен белег во својата професија и заедница.

Ќе го паметиме како посветен ветеринар, добар колега и човек кој секогаш беше подготвен да помогне.

Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините, пријателите и сите што го познаваа.

Нека почива во мир.
---------------------------------------------
IN MEMORIAM

Me pikëllim të madh morëm lajmin se ndërroi jetë kolegu ynë dr. Zija Veseli.

Dr. Zija Veseli ka lindur më 14.04.1959 në Bogovinë, Tetovë. Ka diplomuar në Fakultetin e Mjekësisë Veterinare në Sarajevë, pas së cilës tërë jetën e tij profesionale ia kushtoi mjekësisë veterinare.

Ai punoi si doktor i mjekësisë veterinare në praktikë private dhe ishte pronar i Stacionit Veterinar Bogovinë, ku për vite me radhë u ndihmoi blegtorëve dhe pronarëve të kafshëve, duke lënë gjurmë të rëndësishme në profesionin dhe në komunitetin e tij.

Do ta kujtojmë si një veteriner të përkushtuar, koleg të mirë dhe njeri që gjithmonë ishte i gatshëm të ndihmojë.

Shprehim ngushëllimet tona të sinqerta për familjen e tij, të afërmit, miqtë dhe të gjithë ata që e njohën.

U prehtë në paqe.

Address

Улица 16 –та Македонска бригада бр. 2-3
Скопје
1000

Telephone

02 6 092592

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ветеринарна комора на Република Македонија / Dhoma Veterinare e Maqedonisë posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Ветеринарна комора на Република Македонија / Dhoma Veterinare e Maqedonisë:

Share