22/09/2025
🎉 Дом за стари „Светла Надеж“ – 16 години хуманост, посветеност и љубов 🎉
Денес со гордост и радост го славиме 16-годишниот јубилеј од основањето на Домот за стари „Светла Надеж“ – 16 години исполнети со несебична грижа, топлина и постојана посветеност кон оние на кои најмногу им е потребна поддршка.
Во текот на сите овие години, ние не сме само институција – ние сме дом, семејство и прибежиште за старите, болните и изнемоштени лица. Нашата мисија отсекогаш била и останува – да обезбедиме достоинствен и исполнет живот, секој ден, за секој наш корисник.
Овој значаен јубилеј не би бил можен без визијата и водството на управителот Д-р Марта Тунџева, како и без нашиот тим – луѓе со огромни срца, чие секојдневие е исполнето со грижа, разбирање и несебична љубов.
Благодарност до сите што се дел од нашето патување – на корисниците за довербата, на нивните семејства за поддршката и соработката, и на сите вработени за нивната хуманост и неуморна посветеност.
Нека ни се множат годините, радоста и успехот – со уште повеќе љубов, почит и светлина за оние кои најмногу ја заслужуваат. 💙
Со љубов,
Дом за стари „Светла Надеж“