23/06/2014
ПОТРЕБНИ ХОМЕОПАТСКИ ЛЕКОВИ ЗА ПАТ И ЛЕТЕН ОДМОР
ACONITE 30c
- Почеток на сите воспалителни промени, настинка настапена во првите 24h.
ARNICA 30c
- Сите видови на трауматски повреди (паѓања), контузии, хематоми, шинувања, скршеници, исчашувања.
APIS 30c
- Убоди од инсекти (пчели, комарци, пајаци и др.), пропратени со мек, топол, црвен оток и прободни болки.
- Кожни осипи (уртикарии) и алергии, пропратени со отоци како горе опишаното. Кожата е затегната со чувство како да ќе пукне.
ARSENICUM 30c
- Стомачен вирус, пропратен со повраќање и дијареја. Tруење со храна (особено со месо и риба или консумација на храна која не е свежа), со профузна дијареја, исцрпеност и жед.
BELLADONNA 30c
- Температура и треска, која се појавува одеднаш и брзо се покачува. Постои чувство како кожата да гори, чувство на зрачење на топлина и тоа најмногу од главата, а рацете и нозете се ладни.
CANTHARIS 30c
- Цистит со постојана желба и поттик за мокрење. Болките се јавуваат пред, за време и особено после мокрење. Болките се чувствуваат како да сечат и печат.
COCCULUS 30c
- За кинетози, болести при патување со чувство на гадење и повраќање.