14/02/2023
МАСЛО ПЕЛИН
(artemisia absinthum oleum)
Пелинот е познат како најсилен отров против паразити. Содржи "thujoni" и "isothujoni", кои ги убиваат паразитите. Пелинот исто така содржи santonin, кој е лек за болеста предизвикана од паразити и sesquiterpene lactone, со што ги ослабнува мембраните на паразитите, и на таков начин ги убива. Пелинот е моќен лек и против маларија.
Својства на пелинот:
- Уништува паразитите;
- Го сопира размножувањето на микроорганизмите;
- Го спречува и олеснува спазамот и грчевите;
- Ги отстранува гасовитево дигестивниот тракт;
- Подобрува работа на жолчниот меур;
- Го стилмулира менструалниот циклус;
- Спречува висока температура;
- Јавува поспаност кај консументот (помага при несоница);
- Ја зголемува или ја забрзува работата на организмот;
- Го подобрува варењето;
- Го закрепнува, обновува и го заздравува организмот.
Луѓето со векови го користеле пелинот за подобро варење, чистење од паразити, стимулација на менструалниот цилкус, болести на црниот дроб и жолчниот меур. Го применувале и кај породување за олеснување на болките на родилките.
Маслениот екстракт од ПЕЛИН (Аrtemisia absinthum) се користи како компонента (заедно со масло од црн орев и масло од каранфилче) во познатата Антипаразитска програма која ја развила Dr.Hulda Clark, и која претставува природна комбинација за прочистување на сите познати видови бактерии и паразити ...