06/11/2024
ЦВЕТ ОД БОЗЕЛ
~ Sambucus nigra flores ~
Бозел е билка која расте на планинските места како грмушка, а на ниските места како дрво, кое достигнува височина до 5 метри. Лековитите својства на бозелот се содржани во сите делови на билката: цветот, плодот, листот, кората и коренот. Тие содржат витамини А, Б1, Б2, Ц, етерични масла, горки сустанции, јаболкова киселина, сахароза и друго.
Често цветовите и плодовите од бозел се користат за припремање на чаеви, сокови, џемови, вино и слично. Бозелот е познат народен лек од многу оддамна. До крајот на 19 век на лондонските улици се продавало вино од бозелови плодови, кое им служело на работниците и патниците за освежување во текот на зимските денови. Се верувало дека гранчињата од бозел во џебот штитат од реума.
Клиничките истражувања во Израел покажале дека бозелот не само што го намалува ризикот од настинка и грип, туку ја намалува тежината и го скратува времетраењето на настинката и грипот. Истражувачите од одделението за вирусологија на Хебрејскиот иниверзитет во Ерусалим откриле дека пациентите кои биле болни од грип и кои земале бозел, се опоравиле два пати побрзо, отколку оние болни кои земале таблета плацебо (лажен лек). Научниците заклучиле дека активната материја во бозелот може да го скрати грипот за 4 дена.
Помага и при:
~ Вирози и вируси
~ Висока температура
~ Потење
~ Проблеми со дишни патишта
Пакување: 30гр и 50гр