Api centar Kladenche - Апи центар Кладенче

Api centar Kladenche - Апи центар Кладенче Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Api centar Kladenche - Апи центар Кладенче, Medical and health, Berovo.

Медит од жалфија е потемен, со пријатен мирис и вкус, малку горчлив, баран за своите лековити својства, особено за респи...
12/06/2024

Медит од жалфија е потемен, со пријатен мирис и вкус, малку горчлив, баран за своите лековити својства, особено за респираторни болести.

10/10/2023
28/06/2023

Роењето на пчелите, овозможило ширење и опстанок на пчелите илјадници години.
Нагонот за рој обично се јавува кога има голема популација на пчели во кошницата, а тоа е пред или за време на главната "паша".
Ако навремено се обезбеди доволен простор за развој на пчелнито друштво, нагонот за роење нема да се појави, но не може со сигурност да се утврди бидејќи нагонот може да биде поттикнат од некои други причини, да речеме, генетски. Друштвата со постара матица се посклони кон роење. Ројот вообичаено излегува од кошницата помеѓу 10 и 14 часот и се состои од старата матица, неколку стотици трутови и околу половина од бројот на пчели работници од различна возраст. Со миризбата на билката маточина се привлекува ројот да влезе во трмка, а потоа се префрла во кошничка практична за денешното пчеларење 🙂

🐝20 Мај - Светски ден на пчелата🐝🍯Кога ќе ја спомнеме медоносната пчела, едноставно помислуваме на мед. Но, пчелите созд...
20/05/2023

🐝20 Мај - Светски ден на пчелата🐝
🍯Кога ќе ја спомнеме медоносната пчела, едноставно помислуваме на мед. Но, пчелите создаваат и други производи (матична млеч, полен, прополис...), кои претставуваат богат извор на лековити и хранливи состојки, а најважно од се е дека пчелите помагаат да се одржи биолошката разновидност и да се обезбеди произвотство на храна.
🍒Многу видови на овошки и зеленчуци имаат потреба од размножување со помош на пчелите.
🐝Со цел подигање на свеста за важноста и значењето на пчелите за заштитата и зачувувањето на биодиверзитетот, Генералното собрание на Обединетите нации во 2017 година го прогласува 20 Мај за Светски ден на пчелата.
👩‍🏫🚶‍♀️🚶Доколку сакате да научите нешто повеќе за значењето на пчелите за природата и да ги вкусите и почуствувате бенефитите на пчелните производи, оваа пролет посетете го нашиот Апи центар Кладенче, кој е лоциран во непосредна близина на село Владимирово.

🐝Во посета на Апи центар Кладенче беа членовите на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), предв...
07/04/2023

🐝Во посета на Апи центар Кладенче беа членовите на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), предводени од претседавачот Министерство за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.
Апи центар Кладенче е дел од интегрираната туристичка понуда во и околу заштитеното подрачје Малешево, креирана со поддршка од ПЗП.
📷Програма за зачувување на природата & Со грижа до бериќет

23/01/2023

A North Macedonian couple has revealed how they turned their modest bee farm into a prosperous apitherapy business. Ten years ago, Verica and

🐝На наше големо задоволство, во посета на Aпи центар Кладенче и село Владимирово, беа швајцарската амбасадорка Улман, пр...
07/12/2022

🐝На наше големо задоволство, во посета на Aпи центар Кладенче и село Владимирово, беа швајцарската амбасадорка Улман, претставници од амбасадата и претставници на Програмата за зачувување на природата (ПЗП).
Имавме можност да ги презентираме досегашните резултати овозможени со поддршката од Програмата за зачувување на природата и Владата на Швајцарија и да ги споделиме нашите идни активности, преку кои ќе се стремиме да придонесеме кон развој на апитуризмот, подигање на свеста за значењето на пчелите во природата и подобрување на социо-економските услови во регионот.
Embassy of Switzerland in North Macedonia
Со грижа до бериќет

30/11/2022

🏞️ 📈 Туризмот е најбрзо растечката индустрија во светот, но годините во пандемијата ги сменија приоритетите на туристите и се зголеми желбата за престој во природа на места со исклучителни природни вредности и места во еколошка здрава и чиста средина, далеку од урбаните туристички центри и преплавени плажи.

⛰️ 🏕️ 🧭 👉 Токму екотуризмот е гранка од туризмот во која нашата држава има најголем потенцијал. Недостатокот на скапи хотели и ресорти може да го замениме со подрачја под заштита, природни реткости и природна убавина. Со развој на екотуризмот ние го користиме потенцијалот на земјата, ги промовираме природните реткости и се грижиме за природата.
Брегалничкиот регион со својот питом пејсаж, вкусна храна и гостопримлива заедница ги има сите услови да стане регионален лидер во екотуризмот во годините што доаѓаат.

🇨🇭 🆕 За таа цел, во рамки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), со поддршка на владата на Швајцарија, беа развиени два интегрирани туристички пакети кои вклучуваат 8 локални чинители од Осоговскиот и Малешевскиот регион и имаат за цел да придонесат кон подобрување на економската положба на локалното население преку одржливо користење на природните ресурси.

🔗 Прочитајте повеќе за овие понуди на: https://bit.ly/3GSxtZo

Embassy of Switzerland in North Macedonia

18/11/2022
🍯Медот е храна произведена од медоносните пчели, од нектарот на цветовите или од секретот од живите делови на растенијат...
13/11/2022

🍯Медот е храна произведена од медоносните пчели, од нектарот на цветовите или од секретот од живите делови на растенијата (шумски мед). Има повеќе врсти на мед: цветен, ливадски, од овошни сокови, медлика (шумски мед) и др. Нектарот од цветовите или медликата кога се во природа содржи голем процент на вода. Пчелите работнички кога го собираат, почнуваат со негова преработка уште во медниот желудник. Кога ќе го складираат нектарот во восочните ќелии почнуваат со негова дехидрација. Тие неколку пати го преместуваат нектарот од ќелија во ќелија за да го забрзаат испарувањето на водата. Кога овој процес ќе заврши и кога медот е ,,зрел” пчелите го затвораат со восочни капачиња.
📸 Програма за зачувување на природата & Со грижа до бериќет

🗺 Преку фам тура наменета за тур оператори и новинари, официјално беше промовирана нова туристичка понуда во Брегалнички...
03/11/2022

🗺 Преку фам тура наменета за тур оператори и новинари, официјално беше промовирана нова туристичка понуда во Брегалничкиот регион.
🐝 Апи центар Кладенче е еден од чинителите кој е вклучен во интегрираната понуда на туристичката агенција Mountain Experiece - Guides.mk
Повеќе информации за настанот може да прочитате тука👇

❤
31/10/2022

Address

Berovo
2330

Telephone

+38975416950

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Api centar Kladenche - Апи центар Кладенче posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Api centar Kladenche - Апи центар Кладенче:

Share