Јаворка Постоловска е дипломиран психолог на Катедрата за психологија на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 1995 година работи како психолог и професор по психологија во ОСУ „Ацо Русковски“ во Берово. Од 2015 год. е сертифициран Гешталт-психотерапевт од Гешталт-центарот „Младен Костиќ“ - Аспекти во Скопје.
Гешталт терапијата е една од широко прифатените нови психотераписки правци. Ос
новната цел на гешталт терапијата е да и помогне на личноста да постигне интегрираност и целовитост.
Проблемите се составен дел на животот и како такви не можеме да ги избегнеме, но можеме да се соочиме со нив.
Дали некогаш сте се почувствувале беспомошни да се справите со своите проблеми?
Ако е така вие не сте единствени, но некогаш не сме свесни колку ние самите сме вистински проблем.
Кога имаме проблем, потребна ни е промена!
,,Промените се случуваат кога некој ќе стане свесен за тоа што е, а не кога се обидува да стане тоа што не е“.
Дали и вие сакате да се уверите во оваа парадоксална мудрост на животот?
Доколку сакате да се уверите, тоа можете да го постигнете со ПСИХОТЕРАПИЈА која ќе Ви овозможи полесно разрешување и надминување на одредени психолошки состојби:
Ако се доживувате СЕБЕ СИ како неуспешни, несигурни, неодлучни, неефикасни или со чувство на помала вредност
Нарушена комуникација со средината (семејството, родителите, на работното место, со пријателите)
Траума, стрес и стресни ситуации со кои тешко се справувате
Анксиозност и стравови
Депресивност и осаменост
Пореметување на спиењето, несоница, кошмарни сонови
Психосоматски пореметувања
Животни кризи
Гешталт психотерапијата ги третира проблемите на животот како составен дел на секојдневието.
Наменета е за здрави луѓе со потешкотии
(деца, млади, возрасни, стари, болни) и лица во рехабилитација за психичко зајакнување.
Минатото е минато преку кое сме стекнале искуство, иднината не сме ја спознале, а сегашноста е тука и да ја искористиме, зашто секој момент може да премине во минато.....Отварајќи го богатството на своето внатрешно битие, се менуваме, а нашиот живот станува поквалитетен, побогат, посмислен....
Направете го првиот чекор по патот кој води до личен раст и развој, со што добивате можност да научите како сами да се справувате со животните проблеми.