Стоматолошка ординација Мак Дентал Битола - Dental Office Mak Dental

  • Home
  • Macedonia
  • Bitol
  • Стоматолошка ординација Мак Дентал Битола - Dental Office Mak Dental

Стоматолошка ординација Мак Дентал Битола - Dental Office Mak Dental За сите наши пациенти кои сакаат на едноставен, сигуре?

15.07.2015-15.07.2020ЈУБИЛЕЈ 5 ГОДИНИ УСПЕШНА РАБОТАДраги пријателиДозволете од мое лично име и од име на стоматолошката...
16/07/2020

15.07.2015-15.07.2020
ЈУБИЛЕЈ 5 ГОДИНИ УСПЕШНА РАБОТА

Драги пријатели

Дозволете од мое лично име и од име на стоматолошката ординација Мак Дентал-Битола да ви се заблагодарам за искрените честитки.
Овај датум за мене лично е со посебно значење од причина што мојот сон да ја продолжам традицијата на заботехничари од моето семејство (почетоци од далечната 1978 година) и ја подигнам на едно повисоко ниво како доктор по стоматологија и да основам модерна и современа ординација на 15 Јули, пред 5 години се оствари.

Да не должам многу, Мак Дентал го создадовме сите заедно и сме сите ние: јас, вие како пациенти, пријатели и соработници,моите професори и колеги доктори и забни техничари-ментори од кои што имав што да научам и имплементирам во мојата идеја.

Најмногу благодарам на моето семејство, на сопругата Елена и синчето Константин кои ми се секојдневен генератор на љубов, среќа и енергија да се борам и напредувам во животот.
Нека овај јубилеј биде едно мало потсетување, но и отскочна даска за уште поголеми успеси за иднина.

Искрено
Др. Јосиф Ристевски

Тотални протези..Пред и потоа
09/07/2020

Тотални протези..Пред и потоа

Прекрасни поклони и внимание од наша пациентка,сосетка и пријателка. Тања,ти благодариме искрено,вчерашниот ден ни го на...
18/06/2020

Прекрасни поклони и внимание од наша пациентка,сосетка и пријателка. Тања,ти благодариме искрено,вчерашниот ден ни го направи прекрасен.
Голем поздрав до тебе и твоите најмили

Почитувани пациентиВе информираме дека од утре 13.05.2020 започнуваме со работа во редовно работно време.Со цел превенци...
12/05/2020

Почитувани пациенти

Ве информираме дека од утре 13.05.2020 започнуваме со работа во редовно работно време.Со цел превенција и заштита на вашето здравје,ве молиме да се придржувате на протоколите кои на секој пациент ќе му бидат објаснети пред секоја закажана интервенција.
Најважно вашиот термин закажете го телефонски на нашиот контакт телефон, после дадениот термин за стоматолошка интервенција од наша страна,ве молиме да го почитувате истиот со цел да не се создава гужва како и нашиот персонал да има доволно време да се подготви за наредната стоматолошка интервенција и да ве заштитиме вас, ние како стоматолошки персонал и останатите пациенти.
Ви благодарам за разбирањето
Др Јосиф Ристевски

Почитувани пациенти, наши соработници,драги пријатели од Православна вероисповед.Во предвечерието на нашиот најголем пра...
18/04/2020

Почитувани пациенти, наши соработници,драги пријатели од Православна вероисповед.
Во предвечерието на нашиот најголем празник и исчекување на најрадосната вест, дозволете ми од мое лично име и од име на мојот тим во стоматолошката ординација Мак Дентал-Битола, ви го честитам Воскресението Христово,Велигден. Со желба за добро здравје, мир, слога и многу среќа на вас и на вашите најблиски,да се помолиме на Бога и повторно да му се заблагодариме и ја потврдиме нашата верба во Него.
Напомош и за многу години!
Христос Воскресе!

Искрено
Др.Јосиф Ристевски

ИНФОРМАЦИЈАПочитувани пациентиСогласно насоките дадени од здравствените власти,кои се поврзани со превземање на мерки за...
30/03/2020

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани пациенти

Согласно насоките дадени од здравствените власти,кои се поврзани со превземање на мерки за заштита на населението и спречување на ширење на вирусот COVID -19, ве информираме дека нашата Приватна Здравствена Установа од денес 30.03.2020 год. се става во РЕЖИМ НА МИРУВАЊЕ (привремено нема да работи) во наредниот период.

Од денес согласно препораките на Министерството за Здравство и Стоматолошката комора,на сите пациенти кои имаат потреба од ИТНА стоматолошка интервенција ќе им биде на располагање ИТНАТА СТОМАТОЛОШКА СЛУЖБА (во Уредот) во град Битола.

Листа на итни стоматолошки услуги
1.Силна постојана забоболка која сама по себе или со помош на лекови против болка не поминува.
2. Акутна инфекција(оток,тешко отворање на уста или зголемена телесна температура)
3.Поголеми крварења (кои не сопираат подолг временски период)
4.Повреди во подрачје на забите како и други повреди на горна или долна вилица и повреди во оралната празнина.

Исто така ве информираме доколку имате потреба од некоја ИТНА стоматолошка услуга, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јавите на мојот мобилем телефон 078 936 122, за подетална консултација и совет од наша страна кон вас, како и за да им излеземе во пресрет на нашите колеги од Итната Стоматолошка Служба онолку колку што налага целокупната ситуација.

Ви благодарам за разбирањето
Др.Јосиф Ристевски

ИнформацијаСогласно препораките на Стоматолошка комора на Р.Македонија,Министерство за Здравство и Фонд за Здравство на ...
15/03/2020

Информација

Согласно препораките на Стоматолошка комора на Р.Македонија,Министерство за Здравство и Фонд за Здравство на Р.Македонија, ве информираме дека од

Утре,16.03.2020,поради превземање на превентивни мерки против ширењето на Корона вирусот ќе пружаме здравствени услуги само на ИТНИ случаи (АКУТНА ЗАБОБОЛКА и други ургентни состојби од нашата област),кај пациенти со претходно телефонски договорен термин и дадени информации од страна на пациентот за својата општа здравствена состојба.
Ви благодариме на разбирањето и да бидеме одговорни за да го зачуваме нашето и здравјето на нашите најблиски

ИЗВЕСТУВАЊЕСогласно најновите препораки на Светска Здравствена Организација,Министерство за Здравство,Стоматолошка Комор...
13/03/2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Согласно најновите препораки на Светска Здравствена Организација,Министерство за Здравство,Стоматолошка Комора на Р.Македонија, ве информираме дека наредниот период ќе работиме согласно нивните препораки дадени за заштита од актуелниот Корона вирус.
Притоа ќе закажуваме и примаме пациенти исклучиво кои се БЕЗ следните симптоми:
- Пациенти со настинки,зголемена телесна температура,забрзано скратено дишење
-пациенти кои биле во ризични подрачја каде има присуство на COVID-19,или имале контакт со луѓе кои патувале и доаѓаат од тие подрачја.

За останатите пациенти:
При влез во ординација ЗАДОЛЖИТЕЛНО измијте ги вашите раце темелно со вода и сапун околу 20 секунди и користете ги дезинфициенсите кои ви се на располагање во ординација.
Непотребно не допирајте површини низ ординација.

Доколку некој има симптоми на инфективно заболување вклучитено и на COVID-19, ние како здравствена установа ви стоиме на располагање телефонски да не контактирате за препораки и совет за ваша лична и заштита на вашите најблиски.
Исто така во таква ситуација ЗАДОЛЖИТЕЛНО да контактирате некој од центрите за јавно здравје на Р.Македонија. (Контакт телефон на ЦЈЗ Битола 071 261 330)

Стоматолошка ординација Мак Дентал Битола ги сроведува сите мерки за спречување на ширење на инфективни заболувања вклучително и актуелниот COVID-19.

08/03/2020
Втора година по ред..Честа и задоволството се наши..Искрено благодариме на сите наши  пациенти и соработници за укажанат...
06/03/2020

Втора година по ред..Честа и задоволството се наши..
Искрено благодариме на сите наши пациенти и соработници за укажаната доверба
Стоматолошка ординација Мак Дентал-Битола

Порцелански дентален мост (металкерамика)..Пред и потоаMetal-ceramic dental bridge..Before and after
04/03/2020

Порцелански дентален мост (металкерамика)..Пред и потоа
Metal-ceramic dental bridge..Before and after

Оваа година,парето од вртењето на мазникот се падна кај Др Јосиф Ристевски.Тимот на стоматолошка ординација Мак Дентал-Б...
14/01/2020

Оваа година,парето од вртењето на мазникот се падна кај Др Јосиф Ристевски.
Тимот на стоматолошка ординација Мак Дентал-Битола ви посакува среќна и бериќетна Православна Нова година:)

Address

Ulica Skoevska 18
Bitol
7000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00
Saturday 09:00 - 14:00

Telephone

00 389 78 936 122

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Стоматолошка ординација Мак Дентал Битола - Dental Office Mak Dental posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Стоматолошка ординација Мак Дентал Битола - Dental Office Mak Dental:

Share

Category