27/10/2025
На 15 октомври 2025 година, во Основното училиште „Стив Наумов“ – Битола, се реализираа две тематски работилници под наслов „Мрежа на силата“ и „Скршено срце“, посветени на темата булинг и меѓучовечки односи. Работилниците беа организирани од Здружението на граѓани „Сега и овде“ и беа наменети за учениците од шесто одделение.
Главната цел беше да се поттикне емпатијата, да се отвори разговор за булингот во училишната средина и да се создаде чувство на одговорност и заедништво меѓу учениците.
Работилниците имаа за цел:
Да ја зголемат свесноста за појавата на булинг и неговите последици.
Да ги охрабрат учениците да зборуваат отворено за своите искуства и ставови.
Да поттикнат развој на емпатија и соработка меѓу соучениците.
Да помогнат во препознавање на улогите во ситуациите со булинг (жртва, насилник, набљудувач).
Да водат кон создавање акционен план за спречување на булинг во училиштето.