18/02/2026
Преку секојдневни, едноставни игри можеме значително да влијаеме на вниманието, меморијата и говорниот развој кај детето 👇
🔸 Сортирање играчки по големина
Дајте му на детето неколку предмети (коцки, чаши, топчиња) со различна големина.
Нека ги подреди од најмало до најголемо.
Поставувајте прашања:
🤔 „Кое е најголемо?“, „Кое е помало?“
✔️ Се развива: концентрација, споредување, разбирање на поими (големо/мало), логичко размислување.
🔸 Едноставни сложувалки
Изберете сложувалки со 2–6 делови
Охрабрувајте го детето да опише што гледа на сликата.
🩷Помагајте со насочувачки прашања наместо веднаш да го кажувате одговорот.
🧠 Се развива визуелната перцепција, фината моторика и говорот.
🔸 Гледање слика 5 секунди – потоа опишување
Покажете слика 5 секунди, па тргнете ја.
❓️Прашајте: „Што виде?“, „Која боја беше топката?“
Додавајте постепено повеќе детали.
✔️ Се развива: краткорочна меморија, внимание и описен говор.
🔸 Разделување предмети по боја/форма
Користете коцки, капачиња или овошје.
🟦🟥 Нека ги одвои црвените од сините, круговите од квадратите.
Именувајте ги гласно боите и формите.
✔️ Се развива: речник, категоризација и разбирање инструкции.
🔸 Игра „Што недостасува?“
Ставете 3 предмети (пример: топка, чаша, банана).
⚽️🥤Детето нека ги погледне.
⚽️Тргнете еден предмет и прашајте: „Што недостасува?“
✔️ Се развива: меморија, внимание и говорно изразување.
✨ Најважно: играта да биде забавна и без притисок. Повторувањето и разговорот се клучни за напредок кај децата ❤️