28/05/2021
Хоспис Сју Рајдер-Битола е објект дел од ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје кој е со интердисциплинарна грижа, која обезбедува услуги на палијативна нега на пациенти од сите возрасти, најмногу на лица со терминален стадиум на онколошки болест.
По дефиниција, хоспис-негата подразбира целосен пристап до пациентот, со цел да се задоволат сите негови потреби, физички, социјални и духовни.
Услугите ги обезбедуваат мултипрофесионални тимови, кои грижата ја базираат на индивидуалните потреби и личниот избор на пациентот, со фокус на отсуство на болка, достоинство, удобност и спокојно заминување од овој свет.
Во хосписите се обезбедува палијативна грижа за лица кои се соочуваат со крајот на животот, со цел нивниот крај да биде во достоинствени и удобни услови со здравствен, психолошки, социјален и духовен пристап.
Во овој Хоспис Сју Рајдер Битола се обезбедува палијативна нега на пациентите од градот Битола и околината.
Палијативната нега ја пружа тим од доктори, медицински сестри, негователки, физиотерапевти, психијатар, социјален работник, како и други специјалности кога е потребно за секој пациент.
Целта на палијативната нега е да се намали болката, за пациентот кој има хронична болест да може квалитетно да живее, без болка и стрес. Како и на неговото загрижено семејство.
Со палијативната медицина се помага на пациентот, здравствено и духовно😇🤗🙏
Во продолжение дел фото албум од Хосписот Сју Рајдер Битола.