27/04/2026
Пролетта носи убавина, но за многумина и непријатни алергиски симптоми – кивање, затнат нос, солзење на очи. Кога телото реагира, важно е да ја откриеме вистинската причина.
Во соработка со Авицена лабораторија, овозможуваме современа и прецизна дијагностика на алергии. Точната дијагноза е првиот чекор кон правилен третман и поквалитетен живот. Уживајте во сезоната – без алергии 🌼
Телото секогаш дава знаци - важно е правилно да ги прочитаме. ✨
Во нашите лаборатории се достапни повеќе видови алергиски панели:
🌿 Инхалаторен панел - полен, прашина, грини, влакна и други надворешни алергени
🥛 Нутритивен панел - намирници кои можат да предизвикаат алергиска реакција
🧩 Комбиниран панел - храна + инхалаторни алергени во едно
👶 Педијатриски панел - прилагоден за најмалите
✨ Комбиниран панел за нашето поднебје - специјално креиран според најчестите локални алергени
✨ Нутритивен панел за нашето поднебје - внимателно селектирани намирници карактеристични за нашата исхрана
Уживај во пролетната сезона, не во симптомите. 🌸