18/12/2025
https://www.facebook.com/share/17AJbuMZgG/
Психологијата и психијатријата по многу нешта ја поминуваат границата на она што се нарекува РАБОТА. Тие не се само професии, туку длабоко човечки повици во кои личноста на терапевтот неизбежно е вклучена. Разговорите со клиентот подразбираат емпатија, сочувство, внимателно слушање и тивко присуство, но и заедничко преживување на болката и страдањето на лицето кое стои пред нас.
Во тој процес, терапевтот не е само набљудувач, туку сведок на најранливите моменти од човечкиот живот: стравови, загуби, трауми, вина, срам, надеж... Секоја приказна допира, остава трага и бара внатрешна сила за да се одржи рамнотежата помеѓу професионалната дистанца и човечката блискост.
Токму тука се појавува и тивката тежина на оваа работа, способноста да се носи туѓата болка без да се преземе како сопствена, а сепак да не се изгуби чувствителноста. Да се биде присутен без да се изгориш, да се разбере без да се осуди, да се води без да се наметнува.
Психологијата и психијатријата бараат постојано самопреиспитување, грижа за сопственото ментално здравје и свесност за сопствените граници.
Затоа, тие не се само збир од техники и дијагнози, туку однос меѓу двајца луѓе, во кој довербата, автентичноста и човечноста се подеднакво важни како и знаењето.