17/03/2026
📌 17 МАРТ - ОСНОВАЊЕ НА ЦРВЕН КРСТ ВО МАКЕДОНИЈА
👉 По повод 17 Март, основање на Црвен крст во Македонија и светски ден на крводарителството, младите на Општинската Организација на Црвен крст Битола организираа изработка на сложувалка под тема “Нацртај го херојот”, а херојот сме сите ние, волонтерите.
👉 На платото на Офицерски дом Битола, во саботата, 14.3.2026, заедно со ученици од сите основни и средни училишта од нашата Општина, ја изработивме оваа сложувалка која преку една слика искажува илјада зборови.
👉 Црвениот крст е симбол на хуманост и неговата мисија треба да ја шириме меѓу сите!
👉 Исто така изразуваме голема благодарност до нашиот Александар Василевски за прекрасното видео!
❤️ Драги волонтери, честит 17 Март!
#црвенкрст #цкмлади #црвенкрстбитола